19 ден само 2 кг помалку кои ги намалив во првите 3 дена. Веќе се разочарувам. Се мислам да ја прекинам
Здраво!Нова сум на форумов и денес ми е трет ден од ун.Утре ми е овошен ден па ке видиме како ке поминам!
Вчера 1/90 Појадок: банана Ручек: стек, салата и мало парче леб Вечера: 1/3 од парчето стек што го оставив за вечера, воопшто не бев гладна Денес 2/90 Појадок: цреши Ручек: ќе правам грашок со доматен сос + салата Вечера:ќе биде половина од ручекот Е сега ме интересира за пиење кафе, бидејќи сум си кафеџика . Колку дневно пиете и кој период од денот?
Ајмо људи, го газам и 48 ден од диетата. 48/90 јаглехидратен : Доручек - цреши Ручек: 250 грама макарони со чили сос. Е сеа, прашање до искусните, пишува тестенини 200-250 грама по некои сајтови, ама не пишува дали зготвени или суви. Зашо суви 250 грама кога ќе ги зготвиш му доаѓа како 600 грама оброк да јадеш. Е сеа, кое е правилното ? Јас секогаш 250 грама суви готвам му доаѓа 600 грама јадам. Јебига
3/90 Појадок: банана + кафе Ручек: имам интегрален геврек Вечера:најверојатно неколку welness колачиња + 1 ред темно чоколадо @Butterfly..7 не ја прекинувај мила, пред неколку години истото ми се случи и мене, ама за десетина дена почнав пак да намалувам кг и тоа нагло...
49/90 Овошко ден. Денес ќе се предозирам со ананас, од јагоди и цреши некако ми е преку глава. И две банани ќе си лапнам, секако.
Фала ти драга, се надевам и кај мене ќе е така. Инаку денес овошен ден, 2 банани и малки семки се надевам доста ќе се
Другари капучино дали смеам да си направам сега после вечера? Инаку наместо велнес колачиња, изедов една кришка лепче со крем + ред темно чоколадо. Се надевам не сум згрешила
Јас го оплескав овошниот вчера. Нешо гости имавме цел ден бев гладна немав време да јадам од луѓе и реков ај помина денов некако и вечерта глад ме скина морав да јадам нешо стомак почна да ме боли. Јебига. Денес 12ти јадев месо со мешан зеленчук и салата. Па нешо пак луѓе надојдоа пиев едно нескафе со нив и од грижа на совест не вечерав ништо. Ама стомаков ми е некако надуен и тврд не знам од шо. Се осеќам ко да сум 2кг во плус. Ќе си пукнам за тој овошен вчера а реков ќе го издржам машки. Џабе. Вагата не мрда сеуште кај мене.
Јас пред 4 години кога ја држев, ако направев некој таков кикс, утредента си држев пак овошен и после продолжував кој ден следи нареден. Луѓе сме, не сме програмирани... нормални се такви грешки понекогаш, особено ако си мама со полно работно време . Јас имам синче 16,5 месеци и знам колку е тешко да готвиш за себе и да останеш доследен на правилата, покрај готвење и спремање за него.... особено ако станува збор за супер супер активно дете како моето . Ама затоа ја сакам оваа тема, тука сме да се поддржуваме и тешиме кога тоа е потребно, да си подадеме рака (виртуелно ) кога некој ќе потклекне за да можеме пак да продолжиме кон целта заедно... и послаби нормално Едит: денеска 4/90 - овошен Од сабајле 2 банани, шака непечени бадеми и кафе. До вечер ќе видиме како ќе биде
50/90 официјално навлегување во втората половина Доручек : Ананас Ручек : Кајгана со блитва, тонус, зелка салата и супа.
6/90 доручек портокали Ручек тавче гравче со зелка салата Вечера пола од ручекот Не ми се верува дали е можно вчера се мерев ми кажува -4 кг
Јас сум со две дома и практично готвам ручек во три тенџериња. Еве и денес не вечерам под казна сум. Ручав компир печен со зелка салата. Леб не јадев.
Од денеска и јас ви се придружувам во УН Доручек: Цреши Ручек: Сирење, салата и една чаша јогурт Вечера: Пола од ручкот без јогурт п.с за утре гравче планирам Инаку, почнувам со 60 кг, цел ми се 54кг... па се надевам дека ќе успеам