Не си претерала, толку треба, таман, додека наместо парче торта, ја си лапнав 3 парчиња....од сите три врсти морав да пробам нцнцн и после ми беше нелагодно на желудник ....
Ама малку се 125гр, едвај 200гр ме заситуваат се осеќам гладна после тоа, уште оваа количина да ја скратам. Утре овошен ден после долгооооо време, на мени 2 банани, киви, и за вечера ќе биде шопска без сирење. Во кафана ќе бидиме, ќе се трудам да не ме победи стрвноста да си се почастам со нешто мрсничко. После 3 недели фаќам некаков ред и не сакам да го уништам утре.
Затоа ја интегрални си купив и си варам по пола пакетче, а цело пакетче има 450 грама. ХАха и со лут кечап, ле ле...
@Гејј, да, се исповедам тука два овошни досега ги ебав за вечера не издржав. Тоа е се. @Chanell*, не јадам многу количински и згора на се не вечерам. За доручек јадам по една банана и за ручек леб не јадам. Салата ми е најчесто зелка. Пијам за вечера и пред доручек чај од ѓумбир као демек слабеел. Јас не знам шо се дешава со мене, не ми е јасно. Се топат луѓево од диетава кај мене не делува. Веќе аман...
За овошен ден јади јаткасти плодови, многу заситуваат + суво овошје. Јас овошниот така го истерав, јадев 2 банани, бадеми, индиски ореви, суви сливи, јагоди и мноооогу вода и 2-3 турски кафиња. Не се откажувај, се привикнува организмот.... верувам дека ако продолжиш со режимов, ќе почеш нагло да слабееш. И вечерај обавезно !!! Не прескокнувај оброци за да не се чувствуваш гладна и да посегнуваш по тоа што не треба. Јас искрено јадам количински додека не се заситам, гладна не се оставам никогаш и не мерам грамажа на ништо. Ама затоа кога сум сита не посегнувам по "глупости", па сметам дека вака е подобро отколку да се замарам со количина во грамажа и пак да бидам гладна. Единствено практикувам вечерата да ми биде 1/3 до 1/2 од ручекот. П.С јас секое утро пијам половина цеден лимон со топла вода, веднаш откако ќе се разбудам. Го покренува метаболизмот и помага во слабеење + намалува апетит. Пробај, може ќе делува и кај тебе Јас денеска терам 7/90 - ЈХ (мој омилен ) Појадок: банана + кафе без шеќер Ручек: купив 2 интегрални гевречиња Вечера: може да бидат 2-3 палачинки или неколку колачиња... ќе видам како ќе имам време за спремање од синко
Види, диетава како и сите други диети е создадена за една личност. И онаа на Жан Митрев, и Аткинсова и Оваа Ун. Ама широко се распространети заради ефектот на над 90% популацијата грубо земено. Но, сепак, има исклучоци, вероватно заради поинакви хемиски процеси итн..
Од се е да ти кажам искрено. Од хормони, од стрес, замор, недоволно спиење.. јас спијам по 4-5 саати можно е од тоа да ми е. Да пробам една недела со оваа од Жан Митрев да му напрам еден шок на организмот па да продолжам со ун можда ми е најпаметно. А и се нервирам шо не слабеам... Да имам 5-6кг ајде де ама на 30-40 вишок јас не знам стварно.
Јас имам 60 кила вишок. До 15 ден имав изгубено само кило, до 30 от -17 кг. Сега ми е 53 ден, ќе се мерам на 60 ден, се надевам на -8 барем ако не и повеќе.
Исто е и кај мене. 25 дена а вагата покажува само 3кг помалку. Не вечерам бидејќи доцна ми е ручекот и не ми се јаде. Количински гледам да е малку и без леб. Но без резултати. Имам и јас доста за слабеење, околу 20 кг. Дали сум јас толкав малер па само кај мене не функционира оваа диета?
Мислам дека не треба да се прескокнуваат оброците бидејќи со тоа го забавуваш метаболизмот.Јас скоро никогаш за доручек не јадам банани и само една во овошен ден. И многу вода треба !
Направив грев, да се исповедам тука полесно ќе ми е. Овошниот ден супер го истерав, дури и шопска си порачав амаааа.. се изнапив вино + 1 пилешко прсте и компирче. Со нови сили протеински денес, ќе го бидее, мора.
Денес скробен ден за доручек смути со замрзнати јагоди и малку аронија Ручек ориз со печурки +салата Вечера ке размислам што ќе биде