Иам јадено јас и неинтегрални, обични само без млеко оние што се. Сега имам дома такви, па да ги дојадам.
9/90. Полека ама сигурно Денеска за доручек само едно кафе испив, не можам овошје преку глава ми е више Порано ќе ми биде ручекот, планирам марула со варени јајца да си направам, а за вечера одиме да прославиме најверојатно со цезар салата.
Ден 4 Овошен Појадок- два портокали Ужина-егзотик микс(сушено овошје и нешто од јаткасти плодови) не поише од 100 грама Ручек-пола авокадо Вечера- лубеница или кајсии Две кафиња пиев до сега и планирам денес до крај на чиста вода со лимон и краставица за бидам. Ќе биде тешко денес ама ќе издржам.
Jaс сум денес 6ти-скробен Доручек - шејк од пола банана, вода и аронија. Знам дека не се мешаат, ама аронија сакам да внесувам секојдневно, и затоа вака правам, иако има денови кога доручкувам само кајсии, само диња, но претежно е оваа комбинација. Ручек- 2 варени компири, стомаков ми е крш, а иначе ќе јадев леќа, компириве денес со сол, без салата, ради стомакот... Вечера- или 200 гр варена пченка, или малку од компирот ако остане. Немам апетит денес.
3 Ден - Јх ..... Доручек : 2 кајсии , Ручек : палента и салата и сега ке јадам едно парче чоколадна торта мх мх
Ден 5 протеински Појадок-лубеница (две парчиња) Ручек-тиквици со големо парче сирење и домат и едно парче леб Вечера-пола од ручекот без леб само, наместо домат ќе јадам краставица. Знам дека ми е протеински ама не можам денес месо. Прежешко ми е плус ми се јадат тиквици ќе побудалам. Добро поминав вчера, издржав машки, денес сум у кафана после работа, ама реков ќе пијам само една чаша црвено вино. Толку. Не сакам ама ни смеам поише. Утре ќе јадам компири, не знаете колку се радувам
Аааа грешка! Си требала две лубеници Јас 11/90. Денеска ЈХ. За доручек две праски, ручек шпагети со сос од тартуфи, вечера долгоочекуваната торта
Какви тиквици јадеш @Hipster , сподели рецептче 7 ден јх д- шејк од кајсии, вода и неколку зрна аронија р- обичен ѓеврек (може и 2,мали се, а и вчера 1 компир едвај изедов, денес ќе се частам), пола домат и 7-8 маслинки в- 1-2 евита интегрални бисквити
Луѓе, дајте совет!!! Се ми оди супер, ама кога ќе дојдам на ЈХ ден апетитот ми оди усвет... А се трудам да јадам нешто не толку вкусно од оваа причина.
Поховани тиквици со јајце и пченкарно брашно најчесто јадам. Втор рецепт мусака од тиквици, магдонос, лук и домати. Одозгора ја преливаш со павлака. Некад и ставам и сирење внатре. Превкусно и лесно. За Јх ден јади гевречиња. Мене ми се онака безвкусни. Ден 6 Скробен Конечно ќе јадам компири ))) За појадок јадев две праски, ручек и вечера компир. Печен со зачини и салата. Абе пресреќна сум. Гладна сум прилично јас цело време, у било кој ден, така да полека почнувам да се навикнувам Греотичка. За вчера еден конфешн, испиев еден милкшејк у 9саат и ептен се јадам сеа не требаше знам ама отиде. Тешко е да си на диета и да искачаш навечер :/
Ден 7 Јх Појадок три-четри кајсии и нес Ужина една банана и сок од портокал цеден Ручек веге лазања без млеко, јајца и кашкавал Вечера една топка сладолед. Станав многу рано во 7, бев до водно до крст и назад, морав да пијам цеден портокал и една банана да се рехабилитирам. Лазањата беше одвратна, не е живот ова дечки
9ти ден-протеински д- вода, неможев ништо друго р- бело месо од печено пиле, салата, парченце мало домашен интегрален леб в-може малку месо или само салата, денес апетит слабо.
Треба да ми е 13 ден, протеински, ама ме фати некој лош вирус и од се ми се гади. Нека помине па ќе продолжам со овошен.
Не е за ми се допаѓа ама морам да те охрабрам некако да не се разочаруваш и прекинуваш. Доека си на вирусно стање јади варени компири, ориз и двопек а после да најпеметно ти е прво на овошен а после одма терај си по ред-протеински, скробен....И од вирисот ќе изгубиш нешто кила сигурно. Ја да ви се пофалам сабајле на вага -1.5 (може дури и две да се рачуна) Абе пресреќна сум, не дека не пазев, ни еднаш не прекршив до сеа у ниеден ден, ама јадев доста. Вчера коа му се сипав на сладоледот парче го направи. Мајка ми имала гости да ги части за гарнитурата и купила торта сладолед, ама не да ја погодила, чиста 10ка. Срам ми е да кажам дека 3 парчиња изедов. Среќа беше само со црно чоколадо и портокал, се тешам дека немаше карамели и сирупи вештачки одозгора. Среќно си почнувам ден 8 - овошен, со диња за појадок, бадеми за ужина, за ручек планирам сушено овошје микс и за вечера банана. Убаво се чувствувам, нит ми се гади, нит врти, ниту сум преморена, баш напротив, фул енергија сум. Си напраив детален план за цела недела, среќа двајца без тројца сме на работа па принтерот ми е слободен си принатам распореди за готвење Искрено ако продолжам вака со по -1 кило/неделно ќе ја држам се до одмор додека да отидам, тоа би биле некои 70 дена, отприлика. Али отом потом, да не биде нереоден петко капа му кројат.
10ти ден-скробен Д- шејк од кајсии и сливи (сум кажала дека ги мешам во доручекот) Р- чинија гравче, парченце домашен интегрален леб и зелка салата В-малку пуканки И да се пофалам, денес пробав мало залче овчо сирење, и изедов 1 житарка со чоколадо Не е дека не сум дисциплинирана, ама периодов ми е таков, продолжен ПМС и тоа е...
1-ДЕН/протеински малку ананас, д-го утнав, кајгана со домат и двопек, р-телешко и марула, в-пола од ова,2варени моркови и зелен зеленчук варен.
Ден 9 протеински Појадок - праски Ручек- печено пилешко со сенф и печурки полнети со зачини и малце пармезан и марула Вечера пола од вечерата, ако не ми се јаде месо ќе јадам печурки само и една чаша млеко. Вчера ќе побудалев колку ми се јадеше, згрешив што преку ден не јадев сушено овошје и јаткасти плодови, синоќа господ не можеше да ме сопере колку ми се јадеше. Ем јадев боровински 250 грама, ем индиски ореви. Среќа денес иам убав оброк, па се тешев до тоа, ќе јадеш месо За следен овошен ден не се измачувам толку, не можев нит на точак да вртам у теретана што бев гладна.