11 ден- ЈХ Д- 2-3 парченца диња Р- интегрален леб, 1 домат и 6-7 маслинки В- Нутри житна плочка со чоколадо, wellness cookie(s) од слива
Е браво луѓе секоја чест за вас, вака да си продолжите и успехот е гарантиран. Јас ја утнав работата скроз пошто почнав од деветнаести јуни да ја држам диетава и едвај издржав до 30-ти . Не е дека мн. е тешка диетава,всушност мн. е добра и не се гладува. Ама нз шо ми стана мн. ми се јадеше благо и сл. ствари. Сега од понеделникот почнав да ја држам пак и планирам да ја држам до септември ама бидејќи на од 14-ти почнуваат богородичните пости дали некој може да ми каже со кои намирници можам да ги заменам мрсните намитници.
Ден 10 Скробен Покадок кајсии со цимет и едно еспресо. Ручек спанаќ со многу ориз без јајце. Напраив грешка, кснав 7 лажици кисело млеко (ги броев да) безвкусно ми беше, не можев да јадам така. Вечера-пуканки. Гладна сум деновиве, дали дека треба да добијам ама можам слон да изедам. А топло е, нели ама џабе сабајле ептен ми се јаде. Едини навечер не сум гладна, ама затоа до 7 и вечера иам изедено
Здраво.. денес ми е воден ден.. ќе може да ми кажете дозволено ли е какао да се пие? Фала однапред поздрав
Со тоа што какаото е најголем дел јагехидрати не би рекла дека е дозволено. Ама ако не можеш да издржиш, пиј, не мислам дека е толку страшно. Ден 11 ЈХ Појадок-диња Ручек едно мало геврече со маслинки, ептен не ми се јадеше ама морав, зашто станав у 6 и појадував во 7, во 1 саат ми беше тамн време ручек. Ако до после ми се пријаде ќе јадам уште едно мало геврече во 4 саат. Вечера планирам пак сладолед. Овие три дена некако се осеќам дека по малце забушавам, вечера малце трчав, денес исто не верувам дека ќе трчам многу. Сепак според мене најбитно е колку ќе согориш, и да изедеш поише количински, истрчај се или извешбај се, поздраво е него да не јадеш ништо. Горе доле се пазам што јадам во кој ден, ни една отстапка не сум напраила до сеа во однос јадење протеини во јх ден или обратно, дури овошен дена го поминав два пати само со овошје и без салати. Само се нервирам зашто слабо физчка активност, морам да одам во теретана да трчам на трака, вака веќе не иде ова само гладување, не мислам дека ќе има ефект, барем не долготрајно.
Никаде не вика колку точно ама не претерувај, 5-6 максимум. Ден 12 Овошен Појадок - две праски Ручек - салата од рукола, зелка и морков Вечера - банана Вчера се укочув во грбот, нема трчање, 2-3 дена, морам да минимализирам храна најмалку што можам. Ќе хибернирам секако денес цел ден ќе пијам вода и ќе спијам
Ден 13 Протеински Појадок диња За ручек ќе имам динстано свинско со печурки со салатата што ми остана вчера од ручек. Вечера не знам дали ќе јадам месо, многу е топло, плус ич не сум гладна, ќе јадам едно парче сирење со салата веројано, некако немам апетит денес ич. Точката што ме боли не плешката не ми поминува, преокупирана сум со тоа.
Јас го оплескав скрос викендов, не бев дома, оди во Грција и јади по УН, немиТ шанси, барем за мене ... Од утре продолжувам, бев до ЈХ ден, ама ќе продолжам со овошен за да се исчистам малку, па ќе го продолжам цикслусот.
Здраво!Јас неколку дена се измешав,незнам што ми стана !Апетит ненормален ,па си почнав од почеток .Два дена веќе сум стабилизирана и се надевам дека ќе се вратам во колосек!Инаку утре ми е 61 !
Вчера ми беше 13ти ден скробен ама немав како да пишам немав нет. Појадував праски ни две не изедов у 6 саат (на кој му се јаде во 6 саат) По пат јадев малце пуканки, домашни, ми ги праеше мајка ми во тенџере и ги носев у кеса вакумирани. За ручек јадев пржени(btw препрекрасни) компири накај 2 саат и вечерта у 10 јадев еден варен компир коа се вратив од пат. Се мерев у неделата сабајлето имав минус -1.5 кила од неделава или вкупно -3 откако ја почнав диетава. Радости. Денес ми е 14 ден - ЈХ За појадок диња, за ручек јуфки со домашен сос од домати и за вечера M&M`s си купув вчера од freeshop има да јадам барем 50 грама (ладно е за сладолед, не сум по торти ич)
Денес скобен , 2 праски ама некако почнав мн рано да огладнувам , за ручек иам гравче и салата ,14 ти ден и само 1 кг минус ... лошооо лошоооо
Јас денес сум на овошен ден, иако повеќе како воден го терам, зошто сакам да се исчистам за викендов. Д-2-3 парченца диња Р- шејк од сливи, аронија, праска, цимет, ѓумбир В- кикирики несолени, сникерс домашно испечени Вообичаено вода, чаеви, вода со лимон..
Да. Еве ти нутритивна табела Ја сум ги помешала деновиве, во броењето, два пати сум пишала 13 горе ама среќа распоредот не ми е утнат. Денес ми е 16ти ден овошен. Појадок- капини домашни Ужина- една до две раце јаткасти плодови Ручек-Овошна салата Вечера-100 грама сушено овошје.
Го почнав и третиот месец до сега сум -10 кг ,вториот месец целосна стагнација.Се надевам дека овој месец ќе има намалување.
Ден 17 Протеински Појадок-диња. Најубаво се осеќам коа јадам диња, ем не сум претерано гладна ем многу ме освежува.Омилена ми стана. Ручек-домашни ќофтиња(пола свинско-пола телешко месо) со салата марула и многу кромид и краставица, едно парче црн ржан леб. Вечера-100грама удра, една шака ореви и краставица и бибер. Коа се изблендира доаѓа ко салата. Ептен сум среќна што не сум мртва гладна, уморна и без енергија. Одам у веце секој ден, дури и се фалам со тоа, ненормална Овошниов ден вчера како го поминав како песна, а само што добив. Дефинитивно шака до две јаткасти плодови и 100 грама сушено овошје си го праат своето.
Ден 18 Скробен Појадок диња Ручек грав со салата и две паричиња леб. Вечера пуканки. Веќе е 7 саат а ја сите оброци ги поминав Тешко мене до вечер.
zenski zdravo od neodmana pocnav so ovoj nacin na ishrana ,pa denes mi se paga jh den i da ve prasam vas poiskusnite dali moze pecurki da se konzumiraat ovoj den?
печурките се неутрална намирница ( како и тиквица,модар патлиџан, брокула, спанаќ), значи можеш да ги јадеш во сите 4 денови..