Од денес и јас и @Sara mila на диетава, да се пофалиме. Доручекот добро мина, сега за ручек вариме стек. Ајде со среќа на сите што почнуваат денес, и браво на сите што веќе издржале подолго.
Дај не грешиш нешто со броење? 1п,2с,3јх,4о,5п,6с,7јх,8о...... Мене денес ми е 11/90 Јх ден Некако почнав малку да грешам ама не се откажувам имам за симнување 15кг....
Не, не грешам. Првиот ден го направив овошен, па затоа малку ми се измести се. Инаку точно бројам. Ја држев 13 дена, па ја допрев имав некој вирус, па по една недела почнав со овошен и продолжив со протеински. Мора малку покомплицирано кај мене да е
Па со кила (изгубени) ме стигна така да не се замарај ич Ден 29 протеински Појадок: две праски Ручек парче ипол свинско динстано со шопска со сиренце и супа без мрсно без фиде. Вечера едно парче месо со краставица и мало парче сирење. Денес добар ден, мушки издржав На вага -пола кило со вкупно -3.5 кила. Мноооогу слабо а како почнав
И јас сум разочарана на вага стојам на - 2,4 еднаш бев - 2,6 ама мистериозно ми се покачи и сеа не се симнува... Неколку дена по ред викам не се мерам веќе ќе чекам воден ден ама не издржува срце да не се качам на вага...
Авокадо мене ми е дупло од тебе денови така да ти си супер за неполни две недели. Не се откажувај само истрајно
Ја од утре ја почнувам диетава, еднаш ја издршав 56 дена ама не преригорозно и ослабев 6кг.. Сега сакам 10 да симнам за да бидам идеална.. Идеме јако, на долги стази
Џабе, јас првата недела можам 3 кила да симнам и после тоа стагнација до крај на месец. Ама и забушавам малце може затоа. Кога ќе ми дојде ЈХ, си имам план направено, ама тешко некогаш да го испочитувам. Обавезно со благо и тестенини прекорачувам.
Уште сабајлечќи да си се пожалам Вчера овошен сеа се мерам и само 100гр минус која проклета стагнација ауууу не ми се верува ,денес воден ке пијам вода колку можам ама и овошје ќе си јадам дека нема да можам да го издржам до крај , па ќе видиме утре дали ке се помести од 62.800
9 ден, витамински. Сабајле смуди од банана, праска, аронија, рибизла и чиа. Пред малку кафе и две урми. До вечер уште некоја праска, бадеми, сливи .. здравје Утре се надевам на резултат, голем мал не битно..да има нешто, за мотивација. Поздрав до утре со детали
1 ден, протеински Доручек: Едно јаболко Ручек: кајгана со три јајца/ еден домат/ скоро цела китка магданос и една чаша јогурт( 200мл) Вечера: едно јајце на око( на тефлонско со мн малку зејтин) , краставица и чај До сега имам испиено 1л вода.. Планирам минимум 2.5 дневно
Ден 30 скробен Појадок диња Ручек варен ориз па малце исушен во рерна и марула со малце леб Вечера остатокот од ручекот без леб. Ориззззз можам да јадам тон ама ете морам да пазам на количината. Мајка ми вика дека количински сум претерувала во овој ден и морам да намалам. Не дека сум нешто посебно гладна ама пак, сакам да јадам поише ориз
Цуцки, што правите со супата во протеински? Јас со сега стално заборавам да направам супа. Се мислам ако правам супа дали ќе намалувам повеќе?
Јас ретко кога јадам супа. А и кога ја јадам ми заменува оброк. Читав дека е задолжителна ама ете... Искрено не знам дали би намалила повеќе и зошто треба да се јаде.. Некој?
Девојки помагајте ... значи пред месец ипол ја почнав диетава и првиот месец [ после воден ден ] бев многу задоволна сум намалила 7 кила но еве го терам веке вториот месец и многу разочарана ... не сум намалила ни 1 кило а веке 14 дена сум во втори месец незнам што да праван дали да ја прекинам 14 дена веке нема никаков ефект се исто јадам како и првиот месец незнам што е проблемот има ли на некој му се десено ова работа јас стварно незнам што да правам разочарана многу ... моментално не сум на работа дома сум спортски активна не сум скоро ич али од време на време пешачам не прочитав никаде дека треба физичка активност за да работи диетава али незнам
6ти ден. Скробен. Појадок чаша соино млеко и една праска. Јадев рижото, поточно ориз со ситно морковче во него за ручек со 2 средни патлиџани. Вечерав исто така од оризот и уште еден патлиџан. Искрено, цел ден ми крчат цревава. За скробниот ден најтешко ми е да најдам нешто што „фаќа место„. Смее некоја скробна ужинка? Што се' спаѓа во скроб?
Можеби толку имаш вишок масти, немаш веќе што да слабееш. А и телото се менува кога се воведувсат промени, значи на таа "промена" т.е диетата телото реагирало така што си ги симнала тие седум кила, сега ако сметаш дека треба и сакаш да намалиш уште, треба да воведеш уште подрастична промена, пр да го исфрлиш јх ден, тој ден да јадеш пр салати од зеленчук само. Кога веќе бараш совет, оди си до крај со диетата до 90 ден се како што е кажано, не се откажувај. Откако ќе завршиш, продолжи со доручекот како што треба, овошје, и продолжи да го применуваш тоа како секојдневна исхрана да не мешаш протеини со јаглехидрати итн, и наместо тестенини благо и пржени работи, почни со здрава и свежа храна, што помалку обработена, повеќе вода, повеќе активност и нема шанси да остане било каков вишок, а и ќе си го затегнеш телото. Само трпение, не брзај никаде, јади си тоа што ти е наведено и не се замарај со килограмите, ако правиш се како што треба, порано или подоцна ќе има резултати сигурно.
Околу месец и неколку дена како ја држам УН. Не се приржувам строго до се и досега сум -5.5кг. Од вчера започнав и со физичка активност, почетна за загревање. Планирам 7-10кг овој месец ако ми успее со построго придржување до правилата на УН и секојдневен тренинг. Па ќе ја проверам вагата пак за 30дена.