Ова ме потсети на мајка ми, она ја држела истава диета пред 10 год и за 29 дена ослабела само 4-5 кг.. Ама после од 30 до 45 нагло симнала уште 8 кг и толку и требало па ја прекинала диетата.. Ама многу е задоволна
Диети од овој тип каде што се јаде и тоа убаво и здраво се комбинираат со спорт. Не мора којзнае што ама бар пола сат дневно спортувај 5-6 дена неделно. Јас диетава ја почнав пред 3 дена ама имам слушано дека успева ако ја додржиш до крај. Зависи и од телото. Може сега немаш голем вишок и ќе слабееш поспоро. Плус ако вежбаш ќе согоруваш повеќе. А искрено, со хранава овде може да се издржи добар тренинг
Ден 31 јх Денеска денов утка жива. Касно станав на брзање едно кафе немав време да јадам појадок имавме резервирано во ресторан надвор од Скопје со врски зашто неработен ден ако не резервираш нема место никаде. Имав ран ручек во 1и30 шпгети со бел сос и печурки, ама бајааги беше голема порцијата и чаша вино-црвено. За вечера планирам еден ред црно чоколадо. И мнооогу вода, жедна сум ептен За ќотек сум
Ваков ден никад вишее.. Ем знам дека не треба да се меша, ем пак измешав.. За доручек две праски.. Ручек две чинии ориз и салата од домати и кромид Вечера мал помфрит, салата со еден домат, пола краставица и два моркови
Па и немаш многу измешано немај гајле. Единствено белиот сос. А со оглед на тоа што само ред црно чоколадо за вечера си изела супер си
Ден 32 овошен Умирам за јадење Појадок праски Ручек лубеница Ужина 100 грама леблебии или нешто слично јаткасто Вечера банана Многу лошо денеска, ептен ептен сум гладна, не знам како ќе издржам и глава ме боли дури
Денеска скробен, 11ти. За појадок 2 сливи. Ручек варен ориз со печурки, ама преслатко ми дојде се утепав од јадење. Вечера истото од ручек. Инаку и вчера и денеска се мерев, вагава не се мрда. Две кила уште на почетокот изгубив и еве до сега не се помести. Се надевам после следниов овошен ќе има резултати.
Ден 3, јх За појадок две јаболки, за ручек јадев интегрални макарони со доматен сос и вечера еден ред чоколадо за готвење и три мали интегрални кексови од Виталиа. Утре прв овошен ден па се надевам ќе издржам и добро ќе помине
Dali strogo se pridrzuvate kon ovie pravila zenski Rastojanieto megu obroci , nekako ne mi e bas jasno.....
^За растојанието меѓу оброците, гледај никогаш да не ти биде под дозволеното, а можеш малку над. На пример во протеински ден ако јадеш у 10 појадок немој да ручаш пред 2. Али можеш слободно во 3 на пример. Мене ручекот што секогаш ми е во 4ри, а појадокот накај 10-11 најдоцна, да гледам да има размак меѓу оброци точно колку што пишува за вечера на пример- не јадам после 8, 8и30 најдоцна. Во овошен ден имам читано дека се јаде на секои 2-3 часа по малце, за да останеш сит. Ден 32 протеински Со душа го чекав Појадок диња Ручек две варени јајца едно парче сирење, домат и тиквичка пржена Вечера пола едно јајце, пола парче сирење, пола домат и многу малце тиквичка (колку остана) Конечно јадев ко човек
4 ден овошен Доручек: две круши Ужина: Уште две круши Ручек: лубеница и една слива Ужина: јаболко и една рака кикирики Вечера: спремам сега.. Салата со маслиново масло
Ден 4, овошен Прв овошен ден успешен Се мислев како ќе помине ама добро издржав . Доручек две праски,за ручек една банана и јаболко и вечера јадев малку лубеница.
Па немораш толку малку да јадеш, за доручек јади си пак две исти овошја, а натаму можеш колку сакаш овошје да јадеш, и можеш на 2 часа да јадеш немора само 3-4 оброка овој ден.
Девојки ај да си прашам. Ја држела ли некоја од вас диетава во бременост? Многу почнав да качувам на килажа а тек 4 месец сум а ова ми личи како најсоодветен режи. Реално се јаде се плус многу овошје и зеленчук.
Повторно ја почнав диетава и го поминав 2риот ден со мали грешки Сакав да прашам дали е одредено во кој ден може да се јаде пиперки или може секој ден