Пченка во скробен ден смееш, а за печурките не знам. Луѓе, зошто не сум ослабната ниту еден грам? 10ти ден ми е, немам некои страшни грешки, плус и одам во теретана вежбам кардио. Денес прв пат се мерив, од сабајле како што треба и се шокирав.. Ќе плачам.
Здраво на сите и јас ја држам диетата денеска ми е 36 ден.Ја започнав со 104 кг сега сум 91 кг супер се осеќам и ептен во обем ослабев.Стомакот полека ми се губи и градите ми се намалија.Супер диета е ова е здрав режим на исхрана.Покрај мене почна и сопругот да ја држи почна со 132 кг сега е 118 кг.
Подобро е за вечера салата само да се јади или да каснам и пола од ручекот? Со салата се чуствувам најадено и гледам само салати за вечера да јадам, ама сепак диетава друго кажува. Мислење?
Детата ја почнав од 13 .09. Јас сум 63 кг сакам да сум 56 . Се надевам ке изгубам 7 кг за 2 месеци денес ми е овошен ден јадам јаболки а за ручек печени бадеми ..Вечер ке излевам и знам дека несмеам алхохол оваа ми е најтешќиот дел од диетата ќе морам да си пијам актив цела вечер како порано кога ја држав. Се мислев за варена пченка ама прочитав од коментарите дека не смеам оти е скоб . Смеам ли печена црвена пиперка зеленчук е 4 ден е овошје и зеленчук нели женски ? Супер е тоа што меѓусебно се подржуваме Не се откажувај мила не смееш резултатите се гледат после 2 недела нормално е сега да немаш разултати ти се навикнува организмот на тој начин на исхрана . Во наредните 2 недели сигурно ке си - 4 кг .
Не се откажувам, нема шанси овој пат. И во право си, денес застанав на вага и кога видов -4 кг СЕ ШОКИРАВ. Повеќе од 3 години не сум била под 70 кг. Денес сум 68 Пресреќна сум. Денес 17ти ден, протеински. Ќе видиме од утре како ќе ми оди бидејќи сум од сабајле на школо, дали ќе можам да издржам со една банана додека си дојдам дома.
Здраво девојки! И јас ја почнав диетата пред една недела, 63-64 кг. варирам и сакам да достигнам барем 60. Сакав да прашам дали е дозволено да се јаде зеленчук во овошен ден? Првиот овошен ден не отстапив и јадев само овошје, а гледам овде некои од вас наведуваат дека јадат и зеленчук тој ден. Со среќа на сите!
Може и зеленчук,може појадокот да ти биде овошје, после да продолжиш со зеленчук но пожелно е да бидат тоа свежи салати, а не пржен зеленчук. Во основа тој ден е витамиски ден, значи овошје или зеленчук или пола пола. Јас така знам и мислам дека не сум грешка.
Во овошниот ден не смее да се јаде зеленчук, се јаде само овошје (свежо или суво), јаткасти плодови и семки. Така е во оригиналната УН, додека има и некои други верзии на диетава каде овошниот ден се смета за витамински и е дозволено да се јаде зеленчук. Ако се водиме по оригиналната УН, зеленчук во овошен ден не смее.
2 јаболка, 200 гр моркови руч: печена тиква накај 200 гр, 4 суви смокви веч: 200 гр моркови, зелка се ова планирам свежо да го конзумирам без никакви зачини. како ви се чини? а и да нагласам дека пијам мнооогу чај
Фала И уште нешто да те прашам...дали смее да се јаде златна мешавина и во кој ден? И во овошен ден дали може да се јаде и сушено овошје пр. сливи?
Здраво девојки!Диетава ја држам веќе 5 недели,првиет 3 недели ослабев 4.5 килограми и сега веќе 2 недели стојам на иста килажа т.е 55.5 кг.Не знам што да правам ми треба да ослабам барем уште 2 кг.Дали вака сите стагнираат по извесен период?
Златна мешавина мислам дека не има 2скроба :грашок и пченка.Ако мешаш скроб можеш да си дозволиш но не редовно. Сушено овошје во овошен ден 100гр распоредено низ текот на цел ден,пр:суво грозје,суви сливи,суви кајсии,смокви исто во овошен ден можеш да јадеш и 100гр јаткасти плодови исто поделени на повеќе делови во текот на денот