Тогаш во протеински ќе јадеш јајца, сирење, соја.. Не е задолжително месото. Печурките се неутрални, може да се јадат и во протеински и во скробен и во јх.
Женски денес ми е 15 ти ден, но вака во обем не гледам некоја разлика, немам вага за да се измерам. Не ми требаат многу, некои 4-5кг, со некои многу минимални грешки сум, пијам вода и почнувам да се нервирам веќе ... Што би можело да ми го стопира слабеењето?
Што помалку кг имаш за симнување, тоа побавно слабееш. А и за 15 дена нормално е да нема некоја разлика, биди упорна.
Мора ли појадокот да е овоштје? Јас морам добро да доручкувам :/ Или овопје што заситува. Имам 5кг. За симнување. Па морам вака.
Се враќам на диетава за која сум врзана емотивно. Од нејзе ми започна и активното дружење на форумот. Тогаш ја држев некои 66 дена без грешка, после имав обиди, ама брзо се откажував. Низ годините пробав многу диети, последно хроно и за мене е една од најуспешните. Но мојот организам не ја поднесува. Не знам зошто, ама завршувам со болки во желудник и стомак и пад на железото. Затоа си се враќм на УН диета, ем полесна ем поефтина. Некни имав пробен обид со некои грешки. Почнав нов циклус и денес ЈХ се држам одлично. Планирам по лабаво, така што јадам наутро банана и портокал, или мандарина. Не јадам многу салати. Јас ја држам со само овошен. Така е правилно. Моментот кога видов 73 кг, а цело време одржував 67-8, и место и тие да ги намалувам, јас ги накчив, ме стресе. Облеката пука на мене и не се чуствувам убаво. За почеток 5 кг би биле одличен резултат. Планирам до Нова Година да се придржувам колку можам. Ако го занемариме првиот циклус, полн со грешки, денес ми е трет ден. Некни во протеински јадев шарска, ајвер, сирење. Супа не пиев. Вчера за ручек грашок со црн леб, а за вечера ориз и краставица. За денес правев кифли, ќе ги јадам со ајвер. За вечера или исто со еден ред црно чоколадо или нешто благо. Инаку јас прв пат кога ја држев, ја имав на српски верзијата и разбрав дека треба едно цело црно чоколадо. Во протеински се прејадував. И пак ослабев многу. Па се читаме поредовно веќе.
Започнувам со ун официјално од денес. Радосна сум. Бидејки веќе почнав да пишувам тука, се надевам ќе ми бидете сите поттик да не се откажувам после неколку дена. заедно ќе се поддржуваме. Ќе започнам со скроб ден бидејки тоа се прави за ручек, а некако немам време посебно за мене да правам. Доручек- една мала банана и горко турско кафе Ручек- ориз со салата Вечера-исто како ручекот само во помала количина Предизвик- 3л вода и 2 шолји зелен чај.
Колку кила се симнува месечно со оваа диета, А позитив сум крвна група дали би ми одговарала,имам 20 кила за симнување?
Овошен ден денес. Банана, ореви и лешници до сега. Пијам какао и гладна сум. Планирам јаболка со цимет да потпечам. Ме мрзи да идам да си купам сушено овошје па ќе истерам така. Се чуствувам полесно. Нормално, кога со денови не сум пијала кока кола. Вчера од ЈХ имав главоболка. Често ми се случува од благо да ме боли главата. Шеќерот ми е ок. А ете некогаш чуствувам како да не го поднесувам.
Јх ден Појадок- банана и кафе Ручек- макарони со домашен кечап Вечера- ќе биде нешто благо најверојатно
Девојки и јас ве дружам од завчера Немам мн за симнување,5кг би било супер ама и 3кг доста ќе бидат Денес јх утре овошен,се наоружав со јаболки,банани,лимони, суво грозје и зеленчук за салата(ако ми се пријаде ептен) Истовремено и вежбам,трчам или вежбам некое видео од нет Ќе видиме кога најбрзо ќе имам резултати,иако не се брзам,битно е да знам што треба да јадам а не да бидам како правосмукалка Пред 4ипол години ја држев за матура ун и многу ослабев,само таа некако ми одгпвараше од сите диети што ги пробав,па сега ќе видиме Ајде девојки,можеме ние
Имаш доста грешки, не знам дали намерни или ненамерни за нив можеби мислиш кога велиш за грешките во првиот циклус.., сирење и месо не , или само млечно или само месо, во скробен тоа што јадеш за ручек тоа ке јадеш и за вечера.