Не е така сигурно, член сум на повеке групи за ун диета. Ако јадеш млечно пиеш јогурт, со месо, риба , јајца пиеш супа. Тоа е поентата да не се мешаат различни протеини и различни скробови. Ако не си член зачлени се во Ун диета мк , имаш и многу рецепти и објаснувања и се Во линкот што го постирав од српска книга за ун диета истото го пишува да не се комбинираат различни видови на протеини. Ручек месо, варено или печено (3 парчињаресторанска порција 250гр.) или 3 варени јајца, едно парче интегрален леб, салата во неограничени количини и неутрални намирници.. Супа но без резанци. Овој ден може да се јаде сирење, но наместо супа се пие чаша јогурт.Сирењето треба да е младо немасно, како на пример урда или моцарела.Вечераистото од ручекот, но без супата или јогуртот. Задолжително е доколку за ручек сте јаделе месо и вечерата да ви биде месо. file:///C:/Users/User/Downloads/un-dijeta-90-dana.pdf
Јас вака ја знам и така ја држев пред многу години. Во групите овошниот ден го држат со зеленчук што е погрешно. Ова прв пат го читам. Јас си продолжувам како што знам, како во првиот пост.
Почнав од вчера повторно, се надевам дека ќе ме држи ентузијазмот малку подолго Првиот пат пред помалку од 2 години за 75-6 дена изгубив 13 кг. Сега се надевам на -15, ама и со секој еден изгубен ќе бидам задоволна
Јх ден- Доручек- 3 малечки јаболка Ручек- Бисквити со мед Вечера- Или нешто благо, или две парчиња леб со ајвар и маслинки
Овај пат сум некако поспремна во себе дека морам да издржам - заради своето здравје. Имам многу многуууууууууу за симнување... но среќна сум што веќе осекам дека панталоните ми се широки, ми го нема стомакот подуен...и за 3 недели сум - 5 Напорно ќе ми е знам, но морам имам многу ........ Во недела сум поканета на вечера, а не сакам луѓето да знаат дека сум на диета. Ми се паѓа ЈХ ден....ајде дома ќе ручам тестенини...ама за вечера што да нарачам?? Дајте ми идеи
Здраво девојки. Јас денес ја почнувам диетава па планирам да ја држам до крај. Ќе ви додевам често оти не сакам да правам ни една грешка хаха за доручек денес имав 1 големо јаболко за ручек ќе јадам 3 варени јајца, парче леб и супа. За вечера исто само без супата и без леб. Држете ми среќа
Засега мене супер ми оди. Денес овошен ден, лесно ми помина. Сум малку гладна ама ќе си пијам сега едно капучино и нема гајле. Ќе се издржи. ☺️
Веќе 32 дена сум на УН, - 5 но имам проблем, пијам сигурно 2 литри вода по 2 чаја а одам многу малку во тоалет. Дали некоја има слично искуство?? Ми викаат да сум земела некои апчиња за задржување течносто во организмот. Но дали да земам??
Незнам види консултирај се со фармацевт дали има некаква врска со диетата или со матичниот лекар.. Незнам што да ти речам друго
Како што немам стабилен притисок.... некогаш ми е 140/90.....некогаш ми се врти од мал...уште тоа ми треба. фала
Дечки, еве искуство од мене, ја држев диетата околу месец и пол се по режим и стварно ослабев накај 7-8 кг, меѓутоа после тоа ми се јавија проблеми, почна да ми опаѓа косата. И докторката ми кажа дека поради шок на организмот може да доведе до тоа, така да размислете си пред да држите било каква диета.
Женски јас сум породена пред месец ипол.Сакам да прашам дали смеам да ја држам диетава а да нема последици врз лактацијата бидејќи дојам.
Еве и јас ја почнав од денеска. Не знам до кога ќе издржам, ама ајде да пробам. Имам 59,5 кг а сакам да имам 56/57 И претходно ја имам држано ама веројатно бидејќи малку имам за слабеење, едвај 2-3кг ослабнува. Ќе ја држам до НГ,се надевам дека ќе успеам да стигнам до посакуваната килажа. Освен огромен инает ништо друго не е потребно за диетава