Денес сум 10ти ден и -2. Грешки мислам многу. Ама вагата денес ми даде мотивација да затегнам уште повеќе. Диетава ја држев пред година и пол и ослабев скоро 15 кг за два и пол месеци, со многу грешки. Сега ја држам затоа што не мешам храна, со желудникот немам проблем а и метаболизмот ми е среден.
јас имам многу за слабеење...прв круг ослабев 13 кг. разочарана сум очекував повеќе од 15, нели колку повеќе кг толку повеќе слабеш...ама не сега сум на 2 круг и уф уффф не се давам...тешко ама морам
Денес ми беше прв ден. Почнав со скробен иако треба со протеински, али касно се вратив од училиште и јадев тоа што имаа спремено дома. Доручек- 1 големо јаболко Ручек и вечера порција ориз и пиперки салата. 2 литри вода и една шолја зелен чај- од течности. Утре продолжувам најнормално, со јх ден. Со лесно нека ни е на сите, нема откажување!
Да се пријавам и јас дека ја држам диетава,засега добро ми оди,се држам строго до правилата. Инаку четрвт ден заокружив(успешно)одиме само напред,нема откажување Мотивирајте се,лето иди
И јас да се придружам во темава. Ја почнав диетава на 15.01 и еве веќе трета недела терам, секако имав и некои грешки но се обидувам да бидат минималистички. На моменти ме фаќа криза, но си викам ајде чим досега си издржала можеш уште. И така ден за ден Почнав со 65 кг. се мерев вчера и на вагата ми покажа 62 кг. Се надевам е точна
Јас од утре почнувам, па сакам да прашам некои работи. - Дали смее да се пие газирана вода? - Дали смее да се пие Добра вода од тие актив/велнес? - Кафе само без млеко и без шеќер може така? - И дали маслинки може да се јадат секој ден?
1. Мислам дека може, но не претерувај само понекогаш. 2. Не. Вода без вкусови. 3. Млеко и шеќер не. 4. Мислам дека може (освен во овошен), но не претерувај дека се доста солени.
Смееш маслинки,тие спаѓаат во неутрални намирници,покрај нив можеш и кечап,цвекло,спанаќ,морков,лук,кромид,марула,тиквички,пиперки,домат,печурки. Мислам дека подобро е да си пиеш обична вода и чај,избегнувај газирана. И млеко во никој случај немој,за да ефектот биде поголем. И шеќер немој,ионака преку овошјето ќе внесуваш доволно шеќери.
Фала ти многу, ме интересира и дали може туршија да се јаде како салата? И дали печурки можеш секој ден?
Да,туршија можеш слободно да си јадиш... Печурките искрено иако се ептен ниско калорични,сепак не мора да ги јадеш секојдневно,на пример прави ги како додаток кога ти одговараат со некое јадење. Немој со секое,плус важно е и да не мешаш многу од јадењата.
Ја имам држано диетава и е една од најефективните за 2 месеци може да се ослаби и до 10 десет килограми,притоа и не се придржував строго до неа правев и некои исклучоци.Од утре повторно планирам повторно да почнам.Па ке видиме...
Јадев киви за доручек, за ручек веге пица а за вечера само печурки пржени без масло, и 3 реда чоколадо за готвење хаха дали е голема грешка? Јх ден иначе
Туршија не е дозволена само свежа салата има премногу сол,шеќер и киселина И ти како мене на секое ја почнувам и оп ќе излезе слава оп роденден па те напнуват земи касни им кажуваш на диета си и ти викат имаш време сега се породи ако 5 месеци има синко а за 2 месеци имам крштевка е тогаш ќе биде забавно ако не ослабам
Женски, конечно и јас ПАК на диетава Овој пат повеке ради здравје отколку ради лепота Се надевам дека ке бидам истрајна овој пат пошто ми се плаче 1 ден. Протеински доручек :Киви ручек:копанчиња печени во сок од лимон,кромидче, сол, бибер .. вечера :пола од ручекот а може и само салата со сирење бидејки не сум мнг по месото Ке пишам утре како ке го истерам денов ...
здраво девојки,ја држев диетава пред неколку месеци -17 кила.со вежбање и привремено пазење на исхрана си стојам на на иста килажа.сакав одма уште+ 90 дена да ја продолжам ама почнав да качувам и ја завршив само со 90 дена.помина пола година од тогаш и еве денес се решив пак да ја почнам сакам уште 10-12 кг да симнам.Прв пат вака да не вратам кг од некоја диета стварно ја препорачувам на сите Денес доручек портокал,за ручек риба со цвекло имам
Нели после првите 90 дена ако сакаш пак да продужиш се држи истата ама таа што е убрзана варијанта? или грешка сум
@Belabelinakinder Јас јадам туршија,денес ми е осми ден и сум минус 2 кг. Во многу групи сум од УН,и многу други јадат туршија и пак слабеат. Ако гледаме дотолку,ни шеќер,ни млеко не се дозволени па некои пак пијат млеко и шеќер ставаат во кафе. Некој и сончогледово масло користи,а и тоа не е дозволено,и ред други работи. Диетава всушност има многу варијации. Секој нека си тера како му одговара,поздрав