не не три месеци треба да направиш пауза од првиот циклус,со тоа што го задржуваш појадокот од ун па ако сакаш да продолжиш ја почнуваш после 3 месеци пауза,а турбо ун е друго тоа можеш да го почнеш додека трае ун си пишува во која недела кој ден се почнува,но тоа е ако стоиш во место со кг.
Изгледа 2 литри треба. Мене ми е многу тешко со водата, воопшто не сум навикната да пијам, едвај една чаша сум пиела и сега наеднаш 8.
Па не е грешка,со оглед на тоа што баш во ЈХ ден имаш за вечера две парчиња торта,и еден ред црно чоколадо. Ти ете,место торта или колачиња си изела три реда чоколадо,ок е Те читав дека не можеш да пиеш вода,ако не можеш вода пиј чај,важно е барем 2 кг да внесуваш течност. Јас пијам и вода и чај.
Ама за вечера јадев и печурки -ајде помина тоа, сепак како грешка си го бројам..бтв пијам чаеви и степчиња ако памтите како мали што ги пиевме на нив пишува дека се без шеќер
Да,да ги памтам степчињата,не сакам да ти се мешам,но иако на нив пиши дека се без шеќер,општо степчињата не се многу препорачливи,подобро ти е чај... Е добро де,не се разочарувај дека си јадела печурки,тие се неутрални намирници и се ниско калорични,тоа не е многу за вечера исто и трите реда црно чоколадо,мислам со оглед на тоа што ти напишав погоре.
Аха не сум знаела дека е тоа така .Фала за инфо Иначе и јас тапа сум со пиење вода... вчера дали 2 часи само испив и тоа со сила .А по мене знам кога пијам повеке вода ,помалку ми се јаде .. Вчера добро истерав со јадењето .
Еве и јас ја започнав диетава веќе 12 ден ама ме мачит овошниот ден па дали е можно во овошниот ден да се јадит и овошје и зеленчук како морков,цвекло...
може ама гледај наутро овошје да е а за вечера можеш салата зелка,морков,цвекло јас и варени печурки знаев со марула да комбинирам,смееш ама со тоа да го завршиш денот после зеленчукот овошје не смее
Јас во принцин во овошен ден јадам овошје додека можам , и ептен ако неможам да издржам јадам некоја салата . Тој ден јадам почесто, не оставам да огладнам ,бидејки ако огладнам ке јадам нешто што не треба. Ако осетам малку дека сум гладна каснувам по некоја овошка . Суво овошје смееше да се јаде така ? и јаткасти плодови ? Утре ми е мене овошен ден па да се спремам Денес на мени Пица со маслинки ,томатело и сусам . а за вечера треба да изберам некоја "здрава " варијанта на благо ради полицистични јајници и незнам што . Ако не ме мрзи ке си напраам палачинки
Поздрав диеталки Веќе подолго време се токмам да почнам со диетата и мислам дека дојде денот, па имам неколку прашања? 1. За протеински ден може ли да се конзумира мелено месо? 2. Во скробен ден дали може оризот и гравот да се прават потпечени во релна? Со лесно на сите
Mesoto gravot kompurot orizot ovezot ne nedebeleat. Lebot blagite slatkite torti kolaci bomboni tie debelat. Meso obavezno vo sekoja dieta bez razlika kakva i da e. Proteinite pridonesuvaat za topenje na salo.
ајде значи во ист ден сме супер,и мене утре овошен ми е,смееш и суво овошје и 2-3 бадемчиња не е страшно ја некогаш кога неможев да издржам си правев и какао без шекер заситува,знам дека не е дозволено но подобро така него голема криза да ме фати и да каснам нешто друго.тоа ми се случуваше 3-4 пати во целата диета,и не беше ништо страшно
можеш мелено,јас често си правев мусака со модар патлиџан и мелено месо потпечено мн е вкусно пробај.Печено ти е све дозволено само гледај минамално количество на масло да користиш,пробај со маслиново.Со среќа
Да,смееш суво овошје,се јаде една рака суво овошје,ама тоа за појадок само ако не си каснала две исти овошки. И јаткасти плодови смееш,докај 100 грама е дозволено.
Дали е дозволено да се пијат чаеви од ќесичка со вкус на јагода, ванила, шумско овошје? Јас само зелен и планински пијам додека ја држам диетата, па ме интересира.