Е сите прават така па кога ќе им коментираш дека не треба така ти се пуштат да можат очи ќе ви извадат
Е ајде де ништо страшно . Првите денови и онака е адаптација Јас не се притресувам толку многу , и мислам дека полесно ке ослабам така. Место да бидам цела стегната и да мислам на се . Мали грешки се праштаат Вчера овошен ден успешно завршен , салата јадев негде кај 4 часот . Денес гулаш за ручек со салата од краставици
вчера успешно издржан овошен ден,најлесен ми е и не правам грешки...е сеа денес јадев за ручек туна со кромид ама за вечера некако тешко ке ми дојде и се мислев за друга форма на риба или нешто морско да си направам или сигурно ке излезам па надвор нешто слично да јадам,во дилема сум
Геврек, пециво, перек...со додаток маслинки, ајвар, салата, пиперки..најубаво е или нешто месено ако имаш кеиф по месење хехехе инаку, дали во овошен ден смее печурки печени без масло и никакви додатоци?
Печурки во во било кој ден можеш малку да исконбинираш ама во овошниот незнам може некоја салата за ручек ако неможеш да се заситиш само од овошки
Денес скробен . Компир печен со црвена и зелена пиперка . Со салата од краставица и дајкон . @Margaritka0 во јх можеш и пица со маслинка,томатело и сусам . Омилено ми е. Гледам на Фб во тој ден јадат леб и ајвар . Можеш некое пециво ..
И јас со готово правам. Никогаш не сум месела за диетава .. По мое искуство суштината на диетава е еднолична исхрана . Се додека тоа се запази малите грешки не се толку битни .Може само да е побавно слабеењето .
Често читам за оваа диета дека имаш многу за јадење и не гладуваш и морав да прашам, зарем навистина ве заситуваат две овошки до ручек, една чинија шпагети за ручек и чоколадо за вечера??? Ручав во 1 часот, до 6 само кафе и во 6 колачиња и ред црно чоколадо. Не се осеќам сита ама ич. Да не може да се јаде нешто измеѓу, а јас да не знам? Сори, нервозна сум во хипогликемија
Штом си гладна оброците ти се мали. Јади колку можеш не се ограничувај . И прави големо салати . Јас доручкувам рано . Па во 12 ручек и во 16-16:30 вечера. И стално ми се пријадува околу 22 часот . Тој период највеке јадев благо и чипсови и самиот организам си бара . Ама нема !
Јас сум сита сите грешки ми се искрено од стрвост...доручек во 12,13ч (дотогаш само кафе) ручек во 16,17ч и вечера во 20,21ч...ама легнувам покасно
Се придржувам строго кон диетата, ме интересира кога од прилика може да се добијат резултати, ако ништо друго барем да ме мотивира да продолжам?
И јас толку за 10 дена...малку во кг ама во обем секогаш се слабее повеќе..не се мерете постојано бидејќи кг варираат тоа не е никаков знак...цм се побитни
Јас не се мерам често . Ама од време на време сакам да видам до каде е работава Врти сучи пак стигнав до овошен ден Од сабајле само бадеми имам каснато , некако не сум гладна денес што е за ЧУДО ! да не испадне работава вечер да го голтнам цел фризидер
Денес ми е 15 ти ден од диетава. Првата недела бев минус 2 кг,а сега вторава ни грам не мрднав... Знам дека секој организам е различен,но бес ме фаќа кога ги читам сите по групите дека за две недели слабееле од 5 до 7 кг Се си мислам нема да ослабам,а ептен се придржувам до диетата,ама метаболизмот си го прави своето,мене ми е бавен ко желка