и мене 11 ден само 2 кила сум...не се замарај ќе биде јас мислам малку вода кога пијам ми стагнира слабеењето
Јас па немам вага. Нема да знам колку ослабев Инаку еве ме, ја завршив вечерата во протеински ден, гладна како волк Душава благо ми сака денес. Ама не грешам, засега, тек 5 ти ден. Витаминскиот лесно помина вчера. Зш не сте активни во темата за дневно мени? Да видиме некоја идеја
Денес на мени, пилешко во томатело сос со малку печурки . Кога го напраив ми текна може не треба да се меша пилешко со печурки ама ај нема да ги јадам нив барем да има шмек зошто месо не обожам мнг. споделувајте рецепти ке ни се најдат
Јас денес скроб. Тава ориз со грашок и морков и салата пиперки со цвекло. Го сакам овој ден. @VedaG10 И печурки се протеин, оти да не мешаш? Со млечни не се меша само месото. И со јајце исто.
Да не се јаде само печурки . Не знам зошто така помислив а знам дека е протеин ... се збунив нешто Јас сум утре скробен и ке јадам нешто слично како тебе . И мене ми е омилен ден
Колку ѓевречиња? Да си знам за нареден пат... Помисли на мене кога ќе ги јадеш, оти мене ми е витамински, па ќе гладувам утре
Денеска скробен ден јадев компир салата и цвекло салата Утре за јаглехидратниот дали може да јадам ѓеврек со маслинка?
Купив 4 , а ке јадам само 2 . Око ненаситно плус ајвар си земав од дома. ААА ти витамини ке си јадеш дојде нема бегање од тој ден Можеш и урми и смокви да те заситат не дека е некое јадење . Јас вчера со оризот се зезнав цел ден бев ненајадена и дома каснав 2 кашкавалчиња од стрвост и ке пукнев од мака. Ама ајде сеа тоа е ... Денес нема грешка
Мене зависи кога како . Некогаш ми е лесен а некогаш мислам дека цел фризидер ке го лапнам ... а не смејам Да се сконцентрираме на утрешниот ден