И јас пијам доста чај на ден ама вода не можам едноставно не ми бара организмот, плус тоа што треба да одам во wc на секои 10 минути . Не можам мене тоа ме нервира. Ај кога ќе се стопли ќе пијам повеќе вода, ама сега за сега не. Инаку мене денес ми е шести ден - скробен. Јадев печен ориз со компири, едно парче црн леб и салата од морков и толку убаво си се најадов, мераци . Моите сега ќе прават некое благо и воопшто не ме фаќа криза, дури ми е чудно и си се гордеам со себеси ниеднаш не прекршив. Планирам да се мерам на 30 ден не сакам уште веднаш по вагите затоа што само ќе се разочарам. Позз диеталци
Па ако се пие вода повеќе,посебно и наутро на гладен стомак,секако дека допринесува за повеќе ефекти. Инаку на мене ми е 20 ден како шо спомнав,изедов 1 банана и лешници јадов така околу 100 грама знам дека не требаше но ме заситија многу сега до приквечер киви и портокали.Моите дома напраиле баница со сирење уууфф леле едвај издржувам да не пробам.позз
Денес ми е скробен ден и сакав да јадам ориз, ама мајка ми направила сарма Ке смета ли ако јадам сарма сеа за ручек, а за вечер си направам малку ориз за и вечер да не јадам пак сарма?
Е денес мене ми е скробен ама јас си го заменав.(иако знам дека не треба). Мајка ми праеше лиснато и неможев да издржам а да не каснам и го заменав со јагленохидратен .Па утре скробен ќе си го држам Иначе денес ми е 11 ден.И не губам волја со тоа што правам грешки.не ми треба мн.мн слабеење само малку . Ама ако од утре пак си почнувам скробен и после скробен овошен па натаму
ако си го утнала денот утре пак по правило треба да продолжиш со јаглехидратен уф кој е како тебе хахах... иначе денес ми беше скробен и си направив пире од компири и моркови и салата од марула и рукола . ај ќе пишам и рецепт, за да дадам идеја на оние што може и сакаат. компирите ги лупам и ги сецкам на ситни коцки, и заедно со ситно сецканиот морков ги додавам во вода и ги варам. откако ќе се сварат, ги цедам и оставам малку од водичката во која се вареле. им додавам сол, малку вегета, малку маслинов зејтин, сув лук, бибер и ги пасирам во тенџерето во кое се вареле. после пасирањето ги враќам на оган и го мешкам пирето додека не изврие скроз водата... пирето може да се јаде со маслинки, или кисели краставички и некоја убава зелена салата...
А да прашам, зш да не мојме да ги ротираме денојте??? на пример како амму, место скробен, јагленоидрантен???
Денес ми беше скробен ден - омилен , утре јаглехидратен исто така омилен. Ќе си печам леб од црниот секако со кечап и печурки и вечерта благо конечно
Јесте Абе неможев да издржам јас бидејќи мајка ми правеше лиснато за ручек и морав да каснам Иначе утре ќе си држам скробен и потоа овошен
Е еве,за беља ја се разболев...еден трк до продавница без палто по соја шницли и ме фати ветар... Морам сега апчиња да пијам,а и апетитот ми е голем а и пролив имам.Денес ќе се стаам на мирување со чаеви и такви работи...сепак ќе гледам нешто повеќе протеинско да јадам ама тие лимонади со шеќер и чајеви од прегорел шеќер и плус кафетин колд фервекс шо се ми ја нарушија диетата.Сепак здравјето ќе го гледам повеќе.Имам и температура 38 спрема 39.До утре се надевам дека ќе оздравам,подобро ми е од синоќа,па утре на ред ми е скробен ден...Строга диета од утре.Се надевам дека нема да наштети ова многу.Поздрав
Ти посакувам побрзо да оздравиш Иначе како што си кажав денес ќе го држам скробниот ден.Дај кажете некој рецепт бе?
Јас вчера јадев печен ориз со компирчиња и кечап. И баш ми беше вкусно Инаку мене денес ми е 7 ден јаглехидратен уште немам прекршено иако имав многу искушенија последните 2 дена. После сум на роденден и се радувам што ќе можам да си каснам торта ептен ми се погоди . Како ви оди на вас?
уффффф, лошооо. и јас бев со истиот проблем. ти посакувам побрзо да оздравеш. денес јаглехидратен ден...едвај чекам печената тиква вечер да ја јадам...а за ручек појма немам...пак макарони изгледа. ич немам инспирација за готвење овој ден.
Денес требаше да држам јагленохидратен ден, ама за ручек јадев печена кокошка и печени компири. Не доручкував бидејќи касно станав. За вечера што да јадам и утре каков ден да држам? И за ужина што смее да се јаде? Овошје?
Ауууууууу ептен си ја утанала.Али утре си продолжи овошен ден и се ќе биде во ред,наредниоте денови гледај по строго да држиш и готово. инаку фала ви за убавите желби веќе сум подобар,тоа кафетин колд навистина делува! позз а видов некој пишува што да јаде за скробен ден..па јас најчесто јадам ориз,варени компири со златна мешавина,ориз со печурки,џувеџ без месо,грав леќа манџи,грашок исто така.....сите видови на манџички без месо.Позз