Диетава е супер, прва и единствена што сум ја пробала во животов Лани ја држев, за 3 месеци симнав некои 8-9kg, што е далеку од тоа што може да се постигне, ама јас немав толку вишок. Некако се навикнав на таков распоред и комбинации на храна, до ден денес за доручек јадам само овошје (многу ретко нешто друго). Кафе не можев да замислам без шеќер и млеко, сега па не ми е вкусно ако не е горко. Пицата капричоза веќе не ми е убава, сега секогаш нарачувам вегетаријана, 100 пати повкусна ми е. И ред други работи што сега не ми текнуваат. Дури и овошниот ден не ми е толку тежок како на почетокот, одвреме навреме си држам по еден таков ден, чисто за детоксикација. Распоредот на денови е одлично смислен, може тешко е на почеток додека се навикнеш, ама после лесно оди. Само што, дефинитивно диетава е добра ако сакаш повеќе да симнеш. Еве сега 2-3kg сакам да лизнам, ја почнав пак, повеќе од месец ја држев, ама тешко оди. Кило горе-кило доле сум цело време Па еве сега разгледувам некои други, малку построги диети. За тие што ја држат и пишуваат во темава - ве охрабрувам да ја продолжите, резултати мора да има, особено ако сакате повеќе килограми да симнете. Нека не ве обесхрабрува вагата ако не видите одма резултати, другарка ми после месец дена нагло симна многу, а до тогаш дали кило-две имаше симнато. Кој каков организам има. Плус, ако ја комбинирате диетава со вежбање, рачунајте дека сигурно ќе менувате или тесните гардероба за брзо време Лани сите пантолони што ги имав завршија на кројач You go girls!
охоо што убаво 9 кг накај 10 гарант во обем си стопена... Јас пред 3 години кога ја држев диетава ослабев 11 кг , али во обем се стопив. Многуууу намалив и мнг убаво изгледав..
Девојки, вреди ли да се држи диетава? Ја држев хроно 1 месец и ми се поремети организмот, не ми одговараше.
Ви благодарам девојки, ќе ја почнам. Од хроното сеуште имам нагони за повраќање, крвна група А сум, па најверојатно не ми одговараше толку месо. Секаков совет е добредојден за диетава, ми треба мотивација.
Женски, Денес на мени боранија со салата и едно парче тонус леб. Маџиве ги обожавам ама ич не ме заситуваат . После еден саат пак гладна НО доста беше со оризот и компирот @Pinkgirl.22 малку сме тука ама си се поддржуваме ,си муабетиме . Убаво друштво сме .
@VedaG10 Обична обланда а другото се урми свежи се вади семката и вматре се става оревче или бадем се топи чоколада за готвење и се пиштаат во неа се вадат и во чоколадни мрвици многу се убави ммм
Што убава идеја.имам и урми и ореви и чоколада.ќе си ги направам за утре. Јас какаото не можам да го пијам без шеќер многу ми горчи.
@gicka ке направам многу вкусно изгледа И јас какао не можам без секер. Кога пијам кафе или какао ставам стевиа. Некогаш ставам и шекер , кога ептен сакам да се напијам кафе . Кеиф ми е кога ке си напраам убаво кафе и си одмарам.Не смее, ама тоа е исклучок еднаш во недела..., Во колку саат ручате/вечерате?
@VedaG10 Јас сега во 3-4 ручам бидејќи сум на работа одсабајле а кога сум попладне во 1 ми е ручекот...ситуација хехе