Има некој идеа што да се јаде на јаглехидратен ден за ручек? Ми здосади од макарони, пита, гевреци и переци.
Инаку да не те цитирам на сите постови, за доручек смееш банана, но само една, во овошен и до две. Кој сака нека каже различно, ја за 50тина дена симнав 8 кг, а банана скоро секој ден јадам за доручек. Всушност во една банана има максимум 120 калории и тоа во големите. Сепак, тоа не е ништо. Исто така, за доручек може и суво овошје но максимум 100 гр, и секако ќе јадеш или суво или свежо овошје, но не и двете. А зошто не си носиш на работа, ручек? Или пример нешто зеленчук колку да те засити до главното јадење. Јас пак, немам проблем со тоа, и онака касно доручкувам накај 2, а вечерата ми доаѓа негде 11, 12 навечер. Друг избор немаш, или си носиш или си трпиш...
И јас не знам како издржуваш толку време без храна. Среќа што работам од дома преку ден и навечер, па не станувам рано наутро, инаку да бев на твое место немаше да ја издржам диетава, јас јадам преку 3-4 часа. Те советувам, ако ти е ептен толку тешко, касни си измеѓу доручек и ручек суво овошје и јаткасти плодови, знам дека ужинки не се дозволени ама подобро така отколку да се онесвестуваш. И гледај многу вода да пиеш, мене тоа ептен ми помага, дури сама се чудам како поминуваат деновите се помалку чувствувам глад. Денес ми беше јх ден, оној кој ми е најтежок од сите, а јас за вечерата немав апетит и одвај парче торта изедов. Мислам дека тоа се должи што пијам многу вода или пак организмот се навикнува на диетата, не знам. Инаку уште сум по малку подуена и вагата не покажува некој резултат ама се тешам дека е брзо, само 7 дена се на се. Денот ми помина вака (јх): Д: 2 портокала Р: Пица со ќечап, печурки и оригано (си ја викам "Пи" оти ова е се само не пица ама па за чудо со сласт ја изедов. ) + со пицава и една зелка салата. Стомакот некој да ми го отвори деновиве, само зелка ќе најде внатре, секој ден ја јадам со се. В: парче торта и ред црно чоколадо Нес кафе и шолја зелен чај. Сега психички да се подготвам за утрешниот овошен ден и си легнувам. И кога веќе изгњавев со долг пост да кажам дека пишувањево со вас на форумот ми е од голема помош, чувствувам обврска да раскажам како ми поминал денот и дека ако напраам некоја грешка ќе добијам единица, така да пуст страв=одлична мотивација. 7 дена поминати речиси без грешки - Одличен 5. @makedonce20 Со среќа нека ти е. @GrimTheReaper Ко што пишав погоре најнеомилен ми е јх ден зошто не сум љубител на тестенини, па веќе два пати на тој ден ручам пица само со ќечап, печурки и оригано, така да други идеи немам да ти предложам.
Кришки тонус леб со зеленчук потпечени . геврече со лутеница проја со маслинки банички кифли јуфки тарана пица со маслинки,томатело,печурки и сусам .. Друго не ми текнува Денес овошен ден , но нема да можам да го издржам цел. Болна сум на антибиотици така да ке јадам салата и може покасно супа со зеленчук. Иначе ке се онесвестам .
13/90 Proteini denes Dorucek 2 portokali Rucek -supa,telesko meso,1 parce dvopek I salata so domat krastavica I kromid Denes se merev 69
Тоа е одлично според мене, јас еве 8 дена како ја држам, ама уште немам резултат. 8 Ден - Овошен Д: Смути од мешано овошје Р: Банана, портокал, јаболко В: Зелка, морков салата + домат + маслинки (Како што имам спомнато порано во темава, во овошен ден решив секогаш да вечерам салата зошто навистина не можам цел ден само на овошје, ми се гади.) И секако многу вода, шолја зелен чај и лажица ленено семе во остатокот од денот. Сакав да прашам дали конзумирате нешто измеѓу во текот на денот за забрзување на метаболизмот како на пример некои масла, пробиотици и слично?
Протеински ден . Ке јадам салата Шопска денес , ништо друго не ми се јаде. Апетитот ми е скроз намален ради воспалениево на уво . @TheGoldenPeach јас ништо не пиев до сега , но ради антибиотици земав пробиотик провен . Така да ке го пијам додека го имам . ЈАс ептен ама ептеннн слабо пијам вода и тоа ми е огромна грешка.
13 ти ден -3кг. Вагата ги покажува јас не чувствувам никаква разлика. Ајде рано е. Туку сакав да ве прашам дали пиете витамини како што се препорачува со диетава и дали некоја има проблем со лош здив? И на стоматолог отидов, се е здраво, мијам заби 10 пати на ден, нон стоп сум со мастика и пак имам лош вкус во уста. Ми рече дека може да е од исхраната. @gicka леле јас да ги видам на вага -12,5 по долен веш ќе се шетам по дома. Браво женска. Да ве насмеам малце. Држете се.
Немам пишано неколку дена. 9/90 Протеински Д: јаболко Р: сирење со салата, едно парче леб и јогурт В: салата со сирење 10/90 Скробен Д: портокал Р: печен компир, салата, едно парче леб и маслинки В: исто без лебот Денес 11/90 јх Д: јаболко Р: макарони со кечап и салата За вечера немам испланирано. Следната недела ќе се мерам и ќе ви пишам резултати. Ме фаќа страв за Велигден, ќе паднам во искушение да изедам нешто.
И јас бев така пред диетата, не ми текнуваше на вода по цел ден. Ама откако ја почнав си реков, чаша, шише по цел ден до мене и ете сега ми се собира најмалку по 2 литри на ден што за мене е огромен успех. Најлесно за пиење вода ми е од чаша со цевка, додека видеш си ја испил. @*Лорена* Па и твоите -3 се одлични за 13 дена, јас не знам како ги намалувате, кај мене не мрда вагата. Инаку не пијам никакви витамини, а проблем со лош здив засега немам.
Ден 9 - Протеински Д: 2 Портокала Р: Пилешки стек, печурки, парче двопек + салата В: Пилешки стек (на пола од ручек) + салата