Овошниот ден го поминав одлично Вчера протеински Доручек две јаболка Ручек потпечена урда и две парчиња тонус Вечера потпечена урда и парче тонус Денес ден 6, скробен Доручек две јаболка Ручек грав со две парчиња тонус и цвекло Вечера грав и цвекло
Протеински ден: 4 варени јајца,50грама урда за доручек. 100грама пилешки стек,малку брокула и 2 дозерки веј протеини за ручек. Риба ослич за вечера и пред спиење дозерка протеин казеин со 300млл. Млеко без маслено. Леб нејадам воопшто али е малце мачно без хидрати. Засега -3кг.
Витаминскиот го поминав одлично со тоа што цел ден бев излезена Денес протеински Д- 1 банана Р- два пилешки стека и марула салата, супа + две мали посни кифлички место леб В- 1 пилешки стек и марула салата + една мала кифличка. Утре скроб, во план ми е спанаќ со ориз да јадам ама ќе видиме.
Ден 11 - Јх Д: 2 портокали Р: 2 банички со малку ќечап и сенф В: 2 парчиња торта + ред чоколадо И секако денес си дозволив едно нес кафенце.
протеински ден,скробен ден,воден ден,овошен ден. во денот за протеини внесувам само протеини убаво е пишано.
И јас сум збунета, ова да не е некој друг вид на ун? И зошто без хидрати? Јас воопшто не се раководам според ваков распоред. Ако може да ни појасниш подобро, да не е ова некоја турбо ун, зошто јас не сум запознаена со истата?
хидрати само еднаш во неделата,ориз или овесни снегулки. 15 дена -5кг. немора да се оди точно по планот како што е пишана програмата. се оди со осет спрема потребата на организмот.
Ова не сум го знаела. Цело време се придржувам до најмало правило зошто многумина советуваа без грешки и бегање од распоредот е еднакво на побрзи резултати. Туку те читам и по други теми и забележав дека многу вежбаш, можеби тоа кај тебе повеќе допринесува отколку диетата, додека јас сум со нула активност и затоа бавно оди.
да тренирам одам понекогаш во теретана али сега ради обавезите само трчам. исрпена сум скроз али уште -5кг и достае јас направив мали измени имам и грешки знам свесна сум али морав ради промена па понатаму ке видиме
Штом имаш резултати во ред е, терај си како ти е најубаво. Јас се на се сакам 5 кг да симнам и си мислев дека месец дена ќе ми бидат доволни ама како тргнала бавно работава изгледа ни со 90 нема да успеам.
Вчера јх ден Немав доручек, станав многу касно Ручек 2 парчиња леб со ајвар и кромид Вечера 2 парчиња интегрален леб со мармалад од сливи. Денес овошен, ќе јадам што ќе најдам. Туку, се преразочарав. Вчера се мерев и бев -1кг, јадена и тоа после убав ручек.. Сабајле се мерев пак на гладно, бев отидена во вц и гледам тој килограм вратен. Вчера бев 72, денес 73.600, кога ќе јадам сигурно 74 ќе бидат.
Здраво,мене ми е 35ден и јас сакав да ослабнам 5-6 кг ама до сега само 2-3, и јас мислев побрзо ќе имам резултати бидејќи читам сите по 6-7 кг слабеат првиот месец. Ама не се откажувам ,гледам дека во струк сум потенка бутовите потешко слабеат Само упорно !
Денес мислев да јадам ореви, ама ми се гади од нив и си реков малце да ги потпечам, може повкусни ќе ми се. Ги потпекпв и каснав цели 2 ореви, леле кога ми се слоши.. Не можев така да седам, многу ми беше лошо и ми се повраќаше и барав нешто да се освежам, па каснав малце кисела зелка и кромид (тоа ми се најде при рака). Голема грешка ли е? Ме гризе совеста сега.. Не дека сега ми е поубаво, уште го чувствувам вкусот на оревите и ми се гади
видов како е пишано, ама не се мешаат протеини тој ден, појадокот исто е секогаш само овошје, а за ручек јадеш или месо или јајца или риба или сирење -урда, а за вечерата исто како ручекот само половина. Плус пиеш супа ако јадеш месо риба или јајца, а ако јадеш сирење или урда тогаш јогурт пиеш. Значи ова не е ун диета, ова е некоја твоја верзија на диета и супер што имаш резултати со неа, ама вака само ке збуниш членки пишувајки во темата за ун диета.