зошто опште пишува тука на темата УН диета Си има тема за протеинска диета нека си пише таму девојката тука само ги збунува членките некои и не се така добро запознаени па лесно може да скршнат админ нека реагира и нека брише мислења кој беше тука @CrazyOne
Денес јх ден. Пред 2 дена се мерев -7 кг за 40 дена а во обем многу повеќе. И тоа со грешки. До крај ќе ја терам. Туку после на кој ден беше пак воден ден? 46 ли? Јас дури ни не вечерам не ми се јаде.
Доколку има конкретна тема за диетата која ја држи членката, и не е Ун, би Ве замолила таму да се префрлите. И Ќе ги префрлиме таму постовите. Нека си пише членката која е диетата и ќе средиме.
17/90 Proteini Dorucek banana Rucek telesko meso supa 1 parce lepce I salata mesana Vecera meso I malku urda +denes piev eden ceden portokal so limon
Proteini ne se mesaat, zasto plus urda za vecera? Za vecera jades ona sto si jadela za rucek. Posle zatoa stagnirate ili ne slabeete.
Правев така ама резултат немаше месеци. Не е мешање на протеини. Јајцата и месото имаат иста апсорбиа исто како и веј протеинот. Рибата има точно иста апсорбациа како и јајцата и месото. Супата не содржи протеини туку содржи хидрати комплексни. Јогуртот содржи масти и лактоза и филери. Едина измена е во протеинскиот ден се останато е исто. Незнам шо кревате узбуна кога не знаете ништо од страна на протеини. Не се јаде само еден извор на протеини. Лошо е за бубрези пошто оди во мокрача. Денес ми е скробен ден едвај издржав.
По правило протеинскот внес мора да биде различен поради апсорбациа. Ако се внесува ист протеин од еден ист извор, тогаш телото стагнира. Се навикнува на ист макронутриент. Само да напоменам за останатите членки да не копираат еве на пример од мојте измени оти телото различно реагира кај секого. Дури сега имам резултати итоа со мала измена. Правете некоја мала измена али не целосна. Ун диетава ми е сосема ок и има резултати. Срекно на сите и бидете упорни и не очајувајте ако направите грешка.
Супата никој не рече дека е протеин се пие после ручекот за да се разложат протеините. Има неколку групи на фб каде што има и книги со насоки, совети и рецепти. Никој не крева узбуна едноставно ова твоево не е ун диета и постовите треба да ги пишуваш во соодветна тема не тука. Јас со ниедна грешка лани симнав 7 кила за месец дена. Морав да ја прекинам од оправдани причини а од утре пак почнувам со тоа што јас секое сабајле пијам млака вода со лимон и гумбир која доста помага во слабеењето. Секој различно реагира и правилата на ун диета се тие, тоа што тебе не ти одговарале не значи дека на друг нема да одговараат, затоа модерадорите да ги пресметат мислењата или избришат. @Lealealealea секој може да прави ко што сака нели, но не е правилно тоа, ако не си член зачлени се во груоите за ун диета на фб многу ќе ти помогнат, бар мене ми помогнаа кога бев почетник лани.
Како може супата да ги разложи протеините немие јасно. Протеинот е протеин до желудник а потоа се вари и се претвора во амино киселина и навлегува во крвотокот. Без разлика дали ке јадеме супа или не.
Supata gi razlozuva proteinite? Ova prvpat go citam. Protein znaci ako pijam whey ke treba da pijam i supa. Se izvinuvam so se mesam.
Си има намена зашто во диетава се пие бистра зеленчукова коцка во протеински ден ако те интересира побарај, ако не не се смеј иронично .
Едно потсетување само. Диетата е таква каква што е. Дали некој ќе си ја модифицира за себе е негов избор. Темава е да се поддржувате и да си делите совети. Препукувања и кој знае повеќе, на друго место. Гледате и сами дека ретко бришам постови, би Ве замолила да не одите офф. Фала на пажња и продолжете со темата.
Здраво друштво . Денес протеински ден Туна салата ке јадам . Не ми се верува дека имам уште 5 кг да симнам.Уште малку целта ке ја постигнам , а за после тоа ке размислам .Срекна сум што во обем има многу голема промена . Изминативе денови завршив на инфузија но не попуштив продолжив со диетата.Ги прочитав постовите предходни , грешките кои се прават на почетокот на диетата не дозволуваат да слабеете .И јас сум правела грешки но првиот месец скоро ич . Сега после 50 и кусур дена знам да направам некоја грешка и тоа минимална пример, малку млеко во протеински ден со кафе , или шекер.Место една кришка леб , две и слично . Реално сите правиме по некоја грешка . Ама мешање на протеини , во скорбен ден да јадам скроб па после некој протеин не. Затоа и тешко слабеете. Поентава на диетата е ЕДНОЛИЧНА ХРАНА . Кога јадеш компир да е до крај на денот компир. Кога јадеш јајце да е до крај на денот јајце.... Подобро ако сте гладни до вечерта каснете тоа што ви е на мени отколку да мешате . Диетава си има правила , ги има секаде на фб ,тука , на Google ако побарате . Секое модифицирање на диетата не е УН ДИЕТА . Горе прочитав дека некои членови се смејат на други членови со помалку знаење околу храна . Секоја чест за вашето познавање и труд за здрава храна , но мислам дека не е во ред да се смеете.Треба да знаете нели од искуство колку е тешко да се издржи секаков режим и диета . И место да бидете саркастични и да се потсмевате подобро ке биде малку да ги охрабрите па и да згрешиле или да не знаеле нешто .Извинете шо немаме сите потреба да знаеме се за храната и да знаеме што се разградува ако каснеме 3 лажици супа . И имајте на ум дека голем дел од жениве тука се мајки ! Си дозволив да напишам малку подобар пост , не ми е со намера да се карам или да се правам паметна.Мегутоа оваа тема ми е дел од секојдневието и голема поддршка додека сум на диетава. Има одлични членови со кои си разменуваме искуство. Имајте убав ден
Денес 9ти ден, протеински. Не ми се верува колку брзо дојде 9ти ден. Досега терам убаво, да не се заречам. Денес на мени ќе имам јајца најверојатно. За доручек јадев банана и мнооогу вода. Туку, би ве замолила да ми одговорите на некои прашања за да не правам грешки во иднина: 1. Дали смее овесна каша и ако смее во кој ден? (Претпоставувам ако смее во јх вечера, ама дали смее воопшто) 2. Дали за јх вечера смеам да јадам овошје со топено чоколадо? Прочитав некоја страница наназад, една членка имаше пишано дека не смее да се вечера овошје. 3. Смее зеленчук во овошен? Досега јадев само овошје, така и знам дека треба само овошје, ама гледам некпи си јадат и зеленчук. Сега, смее или не смее? Да не немам резултати ако јадам... 4. Дали во јх ден смее супа со фиде? Наместо тестенини, да биде супа со фиде? 5. И дали во јх ден смее за ручек мармалад? Знам дека смее за вечера, ама дали смее за ручек?
1. не јадам јас такви каши затоа не знам кога смее, некоја друга членка нека одговори . 2.Смееш овошје, секако е подобро од било кое друго благо Полн погодок со чоколадо . 3.Јас во овошен ден , при крај на денот знам да каснам некоја свежа салата. Смее. 4.смее фиде ама само таа супа да ти биде оброк . И јас сакам многу супи со фиде и знам да направам со многу зеленчук и фиде. Само домашна направена не оние готовите . 5. Смее мармалад ама за вечера во делот кај благото
Овошен ден е всушност витамински ден, а не овошен ама така најчесто го држат луѓево. Можеш наместо овошје зеленчук да јадеш, јас така правам (а и мислам дека некои денови не можам толку шеќери да внесам) Инаку не знам како е можно ама од еве 16ти ден - 4,6 кг Сега и се чувствувам некако полесно (не подуено) ама вака на изглед мислам се уште ништо не се познава. Ајде ваљда на крај ќе се види. Сама се тешам
Па одлично си намалила за краток период . Мене дури сега лугево од околу почнаа да реагираат и да приметуваат дека сум ослабена . Сепак мислам дека треба време