Ако ја почнуваш диетава искрено немој да мислиш дека за 1месец ќе ги симниш тие 5-6кг, бидејќи се работи за полаку килограми тоа значи и дека мн повеќе време ќе ти треба... Иначе нескафе три во едно можеш само во протеинскиот ден, бидејќи во него има млеко!
Мене денес ми е јагленохидратен ден. Појадував еден портокал,ручав две лиснати без ништо,каснав преѓе две коцки црно чоколадо,и за вечера мислам овошје да јадам.Што викате го погодив денов?
Поминува и 73 ден(јаглени хидрати). За доруцек-2 јаболки За ручек-2 ѓеврека За вечера-парче торта+1 ред чоколадо за готвење 70% какао Не ми оди многу лошо со исклучок на кризата пред 10 дена која ме држеше 3 дена и веднаш вратив 1 кило. Вториот месец имав целосна стагнација и симнав 2 кг.Третиов месец оди некако но планирам од петок од кога е дозволено да почнам со турбо у.н. и се надевам на уште 5 кг минус.Тоа би било приближно до оптималната тежина иако јас би сакала уште пониска килажа.Кога не брљам кг одат надолу без проблем. Цел овој период пазев на растојанието меѓу оброците,на количината изедена за ручек и вечера,на редот црна чоколада... па затоа има ефект не само на вагата туки и коментари од луѓе дека сум се стопила.
Девојки утре ми е протеински ден ќе смета ли ако наместо сирење јадам кашкавал и наместо месо да јадам шунка ?
Сеа гледај,кашкавалот е мноогу мнооогу по калоричен од сирењето.А место месо многу е лошо преработено месо со желатин што има во него пример шунката.Јас би ти предложил печурки со сирење и парче леб,и после тоа 1 јогуртче,а за вечера можеш само сирењето и јогуртот али на половина.позз
Ammy.Lee лиснатото тесто содржи многу маргарин и затоа на се препорачува а што се однесува до вечерата таа треба да биде или пола од ручекот или некакви колачи, торта и црно чоколадо на крај од вечерата.Кај У.Н. овошје се јаде само за доручек и тоа секогаш во пар(2 овошки).Денот не е погрешно спроведен но би имало поголеми ефекти ако се пазат правилата. nattiкашкавалот е многу покалоричен од сирењето и не се конзумира во повеќето диети.Истото важи и за шунката и сите други месни преработки кои содржат многу сол и конзерванси. На протеинскот ден треба да одбереш дали ќе јадеш месо(бело пилешко-варено или риба-најдобро) или сирење или варени јајца.Значи само една намирница а не да ги мешаш. Многу е битно и внес на најмалку 2 литра вода бидејќи тоа го забрзува слабеењето. Поздрав до сите,се надевам не ми замерувате на коментарите бидејќи се добронамерни. Ете Nutricionist ме претрка.Поздрав другар во борба против килограмите.
Пред ова неколку пати ја почнував диетата но траеше 3-4 дена и секој пат намалував по 1кг кое не го враќав.Така намалив 5 кг а за овие 73 дена намалив 13 кг.(Го држев и водениот ден 2 пати.) Се надевам на уште 5 помалку до крај.Од 92 на почетокот сега имам 74. Само да видам 6 како почетна бројка на вагата.
Касиопеја ќе можеш да кажеш нешто поконкретно за турбо ун диетата? Од кој ден може да се држи и конкретно начинот на исхрана? Мене секако ми е рано, десетти ден ми е, но ме интересира за понатаму.
хаха поздрав и до тебе.браво за твојата упорност,ете јас сум болен и за жал едвај се придржувам.Утре ми е протеински,па морам и антибиотици да пијам.Али ќе оздравам и строго ја држам! позз и пофалби и честитки до тебе!
Браво за тебе, а правеше прекршоци или цело време беше многу дисциплинирана? Ако може да дадеш некое пошироко објаснување, што си јадела, на што си внимавала?
Во 2 месец кг. не се губат така брзо како во првиот.(некако организмот се привикнува на распоредот од 4 дена).Затоа се препорачува ТУРБО РЕЖИМ. Почнува 46 ден кој е протеински и сега наместо циклус од 4 дена се држи циклус од 3 дена и тоа по следниот редослед-Протеини,скроб,овошје-протеини, јаглени хидрати, овошје-протеини,скроб,овошје-протеини,ј.х, овошје па следува воден ден.Водениот е 58 ден.59 ден продолжуваш нормално со 4 дневни циклуси до 74 ден.Вториот Турбо у.н почнува 75 ден по ист редослед како претхоно наброеното и трае до 86 ден.87 ден е воден и следуваат последните 4 дена по нормален распоред Nutricionist пиј доста течности-се препорачува 1 лимон исцеден во 2л млака вода-така побрзо се топат мастите. Stacey поголемиот дел од времето пазев на распоредот.Најтешко ми беше во почетокот а потоа апетитот се намали.Многу ми помогна 2л вода што за мене беше научна фантастика пред ова.На прот. ден растојанието меѓу оброците е 4 часа,на скробен и ј.х е 3 часа а на овошен е 2 часа. Прашајте се што ве интересира и да си даваме подршка зошто така полесно се издржува
Благодарам за опширниот одговор ќе се потрудам од 46 ден да продолжам со турбо ун диетата, ќе си го внесам ова што го напиша во word, за да не заборавам.
еве како иде турбо ун....по редослед dan 01/12 - Proteinski dan dan 02/12 - Skrobni dan dan 03/12 - Vitaminski dan dan 04/12 - Proteinski dan dan 05/12 - UH dan dan 06/12 - Vitaminski dan dan 07/12 - Proteinski dan dan 08/12 - Skrobni dan dan 09/12 - Vitaminski dan dan 10/12 - Proteinski dan dan 11/12 - UH dan dan 12/12 - Vitaminski dan pa sledi Vodeni dan и јас го имам вака зачувано .... убрзаниов режим се започнува на 17тиот, 46, или 75от ден од диетата. но доколку се држи диетата за прв пат, не се дозволува започнување на турбо во првите 2 циклуса...т.е во првиот и вториот месец. оние што ја држат по втор пат, дозволени се започнувања во сите 3 циклуси. добро е што ме потсетивте на режимов, па може и јас да го почнам, само што ми е 24ти ден и скробен, па незнам што да правам...а ми се јаде утре благичко
Јас бидејќи прв пат ја држам диетава, ќе си продолжам со турбо ун од 75ти ден, се да биде според прописите