Јас како функционирам Се будам кун 7 и пијам вода ( со лекови за желудник терапија ) по пола саат правам смути од банана, рака овес, рака малини, малку аронија и чаша вода. Доаѓа околу 400-500 мл. Во протеински ден му додавам лажица сурутка во прав. Исто за протеински често правам од вечер чиа пудинг и додавам банана, малини, аронија. Пола саат по појадокот пијам кафе . По два саати каснувам овошје, летово праска, диња, лубеница... Најважно е да не се прегладнуваш и онесвестуваш. Да напоменам - не ја држам диетава туку 6та година се хранам по овој режим и си направив модифијации кои открив дека ми одговараат Помеѓу ручекот и вечерата пијам многу вода, зелен чај со мед, лен, ким, ѓумбир. Соковите ги исфрлив целосно. Кафе на гладно никако. И спуштив апликација која ме потсетува да пијам вода - и навистина се преродив.
Тиква и клавче А клавчиња варев пред некој ден и не пробав ни зрно Уште не знам смее ли, не смее... Диетава е малку трики, али ќе се научиме до 90-ти ден ваљда Бубале, баш те прочитав пред некое време дека малку поинаку ја правиш. Јас сѐ уште не сакам да експериментирам, па се држам строго дури можам. Еве житарки ми се слабост, имам и бадемово млеко, неотворено ми стои Некако шубе ми е да не го расипам резултатот што го постигнав досега. За водата исто, дури не почнав да ја правам диетата, дали една чаша на ден пиев. Сега пијам чаша за чаша и не ми е доста.
@NarCis@ јас клавче секој ден варам за син ми. Лиги ми течат. Ама кога јадам јадам во скробен ден .Во овошен незнам дали смее А бадемово млеко пијам во кафе.На нет негде прочитав дека може бадемово да се пие ама домашно.Но јас го купувам, не можам дома уште тоа да праам Мислам дека мала количина во кафе не е ништо страшно .
Житарки и бадемово во јх за вечера. Види на јутјуб каналот на виталиа имаат многу идеи за оброци баш погодни за ун
Ајварот може секој ден, но по една лажица,(иако имаше доста препирки за истиот) или во јх на кришка леб. Клавче е во скробен.
Види пробај како ќе ти оди. Навика е све и ако ти делува позитивно шрактикувај ја. Се што е мачење за организмот - не вреди. Животот е прекраток за такви тортури
11/90 дена, јаглени хидрати ден Д.- 1 банана; Р.- пица со томатело, шампињони, тиквичка, модар патлиџан и маслинки; В.- 2 мали кроасани со чоколадно полнење и 1 ред темно чоколадо.
19/90 ЈХ. Д. 1 банана У 1 варена пченка Р. Вегетаријанска пица В. парче торта и ред црно чоколадо. 3-4л вода стандардно за секој ден. Ужината не ја земам секој ден ама некогаш да, едноставно збеснувам од доручек до ручек само со овошје, поготово после овошен ден.
Добро јас малце и ја изменувам диатата според моите потребе а и според тоа што го имам дома во моментот. Фала на сугестијата ипак <3
12/90 овошен ден Д.- неколку суви смокви, турско; У.- смути од јагоди, малини, капини, боровница, рибизла и банана, Божиќен чај; Р.- 1 банана, тиква, неколку суви смокви и урми, зелен чај; Ужина и вечера ќе биде печена тиква и јаболко.
Богато, богато сита ќе си цел ден. Него да не знае некој печени костени во кој ден влегуваат. Поминав низ гтц преѓе и тој мирисот ме исполни..
Го вадам максимумот од денот Они мене unlimited, јас ќе им дадам unlimited Инаку за костени и јас чекам одговор, супер би било ако може во овошен да се јадат. @LaDyDoLl @♡BuBaLe♡
@NarCis@ Костен е скроб, за жал Инаку јас викендов се подготвувам психички, од први почнувам одлучно. Тоа одлучно кај мене е, кога веќе не сакам да се гледам веќе во огледало
Баш им се радував. Тиква и банана може, костен не. Стварно не разбирам Јас се гледав во огледало, ама после тоа плачев. Сега ме фати инает, ќе истерам па шо сака нека е Само тој водениот ден како ќе се издржи не знам
Ја држев пред две години и за два месеци(без водени и со мн грешки)ослабев цели 10кг. Сега имам може и фазла