еве ме женски Не сум уште оправена како што треба ама почнав да јадам. Со тоа почна мојот проблем во глава дека ако каснам бел леб дека одма во газ ми оди Денес ке почнам вака се надевам нема да го изиритирам стомаков д.мандарини р.јајца, салата +1 кришка тонус в. исто како ручекот без леб @Ladu in pink Кога се породив имав многу кг, симнав 15 ама некако сакам уште некое т.е ако можам 10 што овој пат малку потешко ми оди . Не пијам вода ,мислам дека тоа е проблемот. И најважно, овој начин на исхрана многу ми одговара . Се држам под контрола. Леб ,тесто во секаков вид ми е слабост ...
Инаку денес како за прв ден одлично 1/90 П:една банана и многу вода Р:3 јајца,1 кришка леб и салата(супата ја скокнав некако не ми оди со јајцава) В:2 јајца,1 кришка леб и салата
Икрено не знаев за ова ти благодарам за советот(инаку ако некој не ми кажеше јас ќе си терав јајца со супа).
Јадам секој ден во салата, ама џабе, беше еден од "оние" денови. 19/90 јх ден. Д.- 2 банани, турско; У.- 1 банана; Р.- 2 мали домашни лиснати кифли со доматен сос и шампињони; В.- 1 мала домашна лисната кифла со крем, 1 ред темна чоколада.
- Банана една се јаде не две за доручек. - У ако ти е ужина, јас прв пат слушам за ужина во УН. - Ручекот и вечерата ти се слаби. Три кифли и тоа не баш најмали за ручек а за вечера можеш слободно две кифли со крем. Ако вака секој ден ја држиш диетата можеш да колабираш и ќе ја ослабеш крвта. Не ги крати оброците ќе ослабеш и со препишаните количини.
Знам за бананата и знам дека нема ужина, ова се мои отстапки кои мене лично ми одговараат овие неколку дена. Ручекот ми е многу доцна, па морам да јадам нешто што ќе ме држи дотогаш. Овошје решив денес да јадам до 12ч. по совет на една членка и денес се чувствував одлично. Инаку си јадам другите денови таман, ама овие неколку дена ми се малку потешки, ради мензис, па апетитот ми е многу променлив. Ќе се стабилизирам за некој ден. Најважно ми е да не мешам протеини, скроб и јх во ист ден. Сепак фала на сугестијата
Ако сте на работа ќе си носите јадење со вас од предходниот ден приготвено и ќе си јадете накај 1-2. Вечера во 7 негде. Ужина не е препорачлива освен ако ептен не можете да издржите. Бананите намалете ги на 1-2 на ден, но не секој ден.
2/90 Скроб д. 3 мандарини и 1 јаболко р. ориз, чиа салата и една кришка тонус в. ориз помала количина и салата морков цвекло . Јас сабајле секогаш јадам повеќе овошје одколку што треба .
Веда, вкусни се мандарините сега? И од каде ги зема? Последно кога пазарев во Веро баш гледав дали донеле, ама уште немаше. Инаку јас ги чекам со душа мушмулите
Од тинекс , убави се.Има и кисели и благи , како ке се погодат. Ама и без семка се Јас дека сакам малку покисели ептен ми се погодени . Купи за проба. Сега гледав и костени донеле во тинекс А мушмули не видов, ама не ги јадам јас нив. Ептен ретко
Супер, ќе побарам Костени само од плоштад, дома немам услови за печење, а варени не ги сакам. Ќе мора еден скробен ден да се жртвува манџата и да се јадат костени за ручек и вечера, уз многу салата и леб
и јас ке жтрвувам Сезона им е не можам да им одолеам . Јас варени ги јадам ,сама,колку не кажувам А може и да се наградам кога ке симнам неколку килца Сега за овошен ден се радувам ќе се јаде тиква
Јас без тиква останав денес 20/90 овошен ден Д.- неколку суви урми, турско; У.- две зелени кисели јаболки; Р.- смути од јагоди, малини, капини, боровинки, рибизла и банана + неколку суви смокви; Вечера ќе биде јаболко, банана, круша и суви сливи.
2/9 скробен ден П:едно јаболко(немав време да го изедам другото) Р:компир манџа,салата и една кришка леб В:истото од ручекот но преполовено.
3/90 ЈГХ Д. мандарини Р. печен зеленчук на скара со фурнарини .Имаше и сос од маслинки , не смее ама малку стаив колку за шмек . В. 1 кифла со нутела од силбо . Поради сосот за ручек ќе скратам на благо
21/90 протеински ден, 65.4 кг Д.- 1 банана; У.- 1 мандарина; Р.- свинско ребро, салата од зелка, салата од кромид, домат, краставица, ротквици, брокула и едно парче леб; В.- исто како ручек без леб.
Вчера заборавив да пишам ЈХ одлично поминат П:2 јаболка Р:макарони со сирење В:1 кроасан и еден ред чоколадо Денес овошен Досега имам изедено 3 јаболка,1 банана и малку суво грозје,за после ќе видам или смути или салата.
22/90 скробен ден Д.- 4 мандарини (место 2 портокали ); Р.- пола ѓеврече, ориз со морков, модар патлиџан, тиквица, брокула и карфиол, Салата бр.1 марула, млад кромид, ротквица, краставица, маслинки, Салата бр.2 зелка, морков, цвекло; В.- истото од ручек без ѓевречето. @Ladu in pink млечни производи, односно сирење е дозволено во протеински ден. Макарони, било какви тестенини и пица можеш да комбинираш со доматен сос и зеленчук. Оди ако сакаш поназад, можеш да видиш со каков зеленчук имам направено пица, истите можеш да ги искористиш за тестенини. Само е важно зеленчукот да не содржи скроб