Јас ја прекинав диетата од утре сакам пак да ја почнам но ќе јадам повеќе овошје одсабајле две ми се малку и ќе мешам протеини.Убаво е напишано во првиот пост ако се јаде сирење се намалува количината на месото или јајцата.Еднаш вака ослабев 4 кила за 3 недели.
5 ден:протеински: Д:1 банана Р:,супа,риби ослиќ,1 парче тонус В:едно парче од рибата... Обично утрото после овошен ден сум се чувствувала издишано,лесно а утрово станав како надуена во стомакот. Голема грешка правам што не пијам вода,па вака кога и послабо јадам ама ич на вода не ми текнува...
Наутро прво со вода почни. Инсталирај апликација да те потсетува да се напиеш вода, од кога ја имам нов човек сум. Успешен овошен ден за мене Печена тиква, банани, урми и смиди од банана, спанаќ и малини беше на мени.
Можеш да ја кажеш апликацијата да ме потсетува и мене. Нешто во последно време првиот ден го издржам и после пак на старо нешто како немам мотивацијата. А имам едно 7 -8 за симнување. :/
10/90 скроб Д.мандарини и грозје Р.рижото со салата од зелка и цвекло В. Исто како ручекот Досадна сум со менито . Ама немам идеја што да правам поразлично
Да не сакате мотивација за денес? 27/90 овошен ден. Си купив фустанче уз тело, 38 конфекциски број. Да, 38 Килажата не е нешто намалена, ама во обем се гледа разлика. Утре ќе биде воден ден, па затоа држете ми среќа Решив да го правам. Мотивација ми беше новото фустанче Може да се премислам, не се знае, ама засега одлуката е таа. И менито за денес беше: Д.- 1 банана; У.- 3 мандарини; Р.- 2 парчиња печена тиква, смути од јагоди, малини, капини, боровници, круша, банана и киви со малку вода; В.- смутито од ручек и 2 парчиња тиква.
Ако не бива, смоки ќе јадам Ќе видиме како ќе оди, мене ми е страв само шеќерот да не ми падне. Би требало да го истуркам денот
11/90 јгх Д.3 мандарини Р.2 големи парчиња проја со праз и маслинки . В. Палачинки со се внатре @NarCis@ Нема поубаво чуство . После оди зезни ја диетата . Ако не можеш до крај со воден, продужи со овошен како што вика Алиса. Само немој да продужиш во некоја пекара
Веда јас не одам никаде, ама маж ми сака да ме носи Се исплашил човекот дека денес ќе бидам А еве досега сум баш фина Да пишувам мени за денес? Доручек чаша вода и шоља планински чај со лимон
Па не е лошо да ти кажам. Се осеќам истушено Не е дека не сум гладна, ама пијам вода и чај и ок е досега. Шмукнав и една негро бонбона ради шеќерот, тоа нема да го ускратам, чисто да не припаѓам по дома и улици