Ден 7: ЈХ Д: 2 јаболка Р: Пица со кечап, печурки, оригано и малку ајвар поткаснав пошто само денес смеам, а ептен ми е омилен В: 2 парчиња торта, ред црно чоколадо и какао Сега се спремам психички за утре, ако не издржам за вечера пак нешто зеленчук ќе каснам. За мерење се немам измерено, ми се потроши батеријата на вагата и си ветив дека ќе купам нова после 10ти ден.
Почнувам од почеток на мој начин баш да видам дали ќе симнам некое кило 1/90 До 12 час овошје колку сакам Р.2 јајца фета салата леб В.1 јајце фета салата
37/90 овошен ден (првпат со душа го чекав ) Д.- 1 банана, турско; У.- малку лешници и бадеми, мандарини, јапонско јаболко, смути од малини, аронија, банана, круша и киви (ова ручек требаше да биде ); Р.- гриловани банани со сечкани лешници, цимет и многу малку мед (рецептот е од страната за ун диета и е превкусно, а јас се осеќам сито); В.- смутито од ужината. Овие денови се осеќам подуено, ама препишувам на пмс. Се надевам поради тоа е Дури и вагата покажува 1кг плус
Овошен ден: -малку грозје -јаболко,неколку ореви,конзерва ананас -незнам навистина ништо не сакааам...
Здраво женски,прв ден ми е од диетата и малку забуни околу менито Како за прв ден Д- две јаболки Р - печен стек и салата со парче леб В- исто само без лебот Сакам да прашам дали е дозволено да се пие зелен чај
@Adiina. Мене скробен ми е еден од омилените, не можам да се одлучам што да јадам. Можеш ориз, печен компир или варен како салата, грашок, грав... Некни бев излезена па си порачав рижото со зеленчук и печурки, преевкусно беше.
Може, зошто да не може? Чаеви се дозволени, само да не се заблажуваат. Алкохол и сокови не треба да се пијат.
Ден 8: Овошен Денес поминав полесно од некни. Се трудев да не мешам повеќе од 2 вида овошје при оброк за да не ми се згади пак. Во текот на денот изедов: 2 банани, 1 мандарина, 1 јаболко, 1 круша, 2 цедени цитрона, ореви и бадеми. И за вечера 1 домат, краставичка и 4 маслинки. Како што реков овошните денови ќе ги терам со вечера зеленчук. До доцна седам и не можам да се измачувам. Ништо од ветувањето дека нема да се мерам до 10ти ден. Татко ми купил нови батерии за вагата и не успеав да одолеам. За мое изненадување, има резултати. Ден пред да ја почнам диетава бев 67, сега 63.8, а и се осеќам многу лесно. @MARILENA Јас како што знам чаеви смееш, но само билни, затоа пијам само зелен, но нека кажат и други.
Женски ... Дали можи додека дојам диетата? Поминати се 4 месеци од порогај и сум со 10 кг вишок , психички ми влијаат веке... Пс без воден ден
И јас така знам дека не е препорачлива за бремени жени и доилки. Сепак не ризикувај и не се оптеретувај многу со килограмите, нека се храни сега бебчето здраво, па понатаму ќе си ја почнеш.
Не при слабеењето се топи сало а со тоа е создаваат токсини и трови кои се лачат и во млекото ти можеш да ја држиш ама во многу блага форма пр наместо 2овошки да јадиш повеке да имаш ужина и да слабееш 1-2 кг месечно најмногу се поинаку не може и не смее
Девојки дали во ЈХ ден може да си ги потпечам оние лепчиња со лук и спанаќ што се?? И ајвар кој ден е дозволен??
20/90 Овошен Денес планирам да испечам јаболки , тиквата е од вчера спремна.Мандарини,портокали ,банани,калинки . Приквечер ќе правам смути со шумско воче . Планот е ваков ,ќе видиме како ке се истера