2/90 Овошје Турлитава со салата и леб Пола без леб За еден ден -0.6кг знам дека е течност но сепак е минус
38/90 протеински ден Д.- 3 мандарини; У.- малку бадеми и лешници; Р.- малку ѓеврек, свинско ребро, салата зелка, морков и цвекло, краставица; В.- само ребро. Денес со апетитот шашаво, пмс си го прави своето
Ако ептен те фаќаат кризи поарно касни краставичка нешто или маслинки или евентуално неколку јаткасти плодови. Мене и зелениот чај ми го смирува гладот. Ден 9: Протеински Д: 3 мандарини Р: 3 ќофтиња, грчка салата (без сирење), парче црн леб В: Исто само 2 ќофтиња наместо 3
Почнувам од 1 ноември а планот ми е да финализирам до нова година па ќе го видиме исходот од маките. Отприлика колку кг се слабее за 2 месеци, знам дека е субјективно ама онака просечно ме интересира? ☺
Денеска демек протениски ден,ама не бев дома,ручекот требаше дури кај 5 да биде,и каснав една баничка со сирење и спанаќ кај 2,па во 5 месо и салата и една чаша црвено вино. Со оглед на ситуацијата па и не направив многу грешки.
3 јх ден Денес до 12 час овошје Р.проја со малиџано и салата некоја маслинка В.посни ванилици со мармалад и какао До сега одлично оди -1.1 за два дена
Нешто не ми е јасно, нели печурките се протеини. Зошто некои ги јадете и во други денови? Истото и на фб во групата мислам го имам видено.
@wannaBeMomma некој вика дека се протеин некој пак вика дека се неутрална намирница. Не знам што е точно. @Adiina. јас навечер јадам понекогаш краставица или морков .Без ништо. Тоа е дозволено . Или неколку непечени бадени или лешници ама во мала количина 21/90 протеин д:мандарини р. 3 јајца на око , зелена салата со краставици + 1 кришка тонус в. 2 јајца (ќе видам какви) + салата од цвекло и морков (ако сум гладна може 1 кришка тонус) Јајца ол деј ол најт
На страната на ун диета има рецепти со шампињони во скробен ден. Изгледа не се како месото. Исто и со јаткастите. 39/90 скробен ден, 64.5кг Д.- 2 банани; У.- 1 мандарина; Р.- ориз со шампињони и брокула, салата домат со млад кромид и маслиново, 1 парче интегрален леб; В.- исто ориз без леб, но може да бидне друга салата.
Адина, ако се придржуваш по редоследот и јадеш од дозволеното во денот соодветна количина плус голема количина салата плус леб за ручекот верувај нема да имаш напади на глад попладне, бар јас немам дури и вечерата ми е вишак некогаш. Печурките се нутрална намирница и затоа може со све. Јас денес наместо скроб протеински направив Неодолива пилешка салата ми се насмевна на пауза па не можев да и одолеам и да јадам планираното рижото. За утрего одложувам.
Скробен ден: Јаболко,2-3 суви сливи Ориз со краставица салата и кришка тонус Само салата (кисела зелка) Ручекот ми беше многу касно па каснав едни смоки кај 3 саатот.
8/90 Овошен ден, повторно тешко поминат Д: Една јаболка, турско кафе У: пола печена тиква со мед (малечка беше) Р: Уште пола печена тиква Пола саат по ручекот бев многу гладна и ги направив оние бананите потпечени со мед и ореви (не ми се допаднаа малку изедов) В: Овошна салата со портокал јаболка и диња И околу 10 часот една краставица со сол. И сега умирам од глад никако да го навикнам овошниот ден
Пиеш цедени сокови и чаеви во текот на цел ден? Мене тоа ми помага доста, а навечер си вечерам зеленчук, не се издржува само со овошје. Ден 10: Скробен Д: 2 јаболка Р: Грав зготвен со морков, пиперка, домат, маслиново, без запршки (превкусен е), салата марулки, млад кромид, маслинки и парче црн леб В: Помалку грав за разлика од ручекот, грчка салата (без сирење) и пак парче леб (за да си макам во гравот ) + каснав 5-6 печени костени, некој ми рече дека во скробен можело па да ги пробам.
Чаеви ретко пијам ама кафиња и какао да, фала на идејата нареден пат ќе пробам со цедени сокови и смути
Телепатија Мене вчера ми се пријадоа, ќе прашував во кој ден може, пошто во овошен сигурно не може Следен пат направи ги со лешници. Јас така ги направив, немав ореви дома. Можеш да пробаш и со бадеми. Мене ми беа баш вкусни, дека и лешникот се запече, плус додадов сосем маллу мед. Не се откажувај, мене тек сега овошниот ми станува омилен и едвај чекам да дојде. А може и до пмс-то е Може, ама да јадеш само костени тој ден. Јас затоа уште немам купено, инаку омилени ми се