22/90 скроб д. јаболка и 3 мандарини р.ориз со зелена салата ,краставица, домат +1 кришка тонус в.ориз со кари и салата со морков и зелка
Лелее кај се издржува само на костени. Јас па не сум голем љубител, ги каснав од стрв, доста е за годинава, не си го арчам скробниот ден за костени.
40/90 јх ден Д.- 2 јапонски јаболка; У.- 2 мандарини; Р.- домашни кифли со интегрално брашно, сончоглед и сусам, малку малиџано и маслинки; В.- една кроасана и 2 поп кејк. До 20ч. ќе се касне и еден ред темна чоколада, затоа што само што ја изедов вечерата Пмс на најјако
Девојки јас немав време да пишувам ама уште си терам со УН веќе и не бројам денови(се размрдала некако темава)
Ден 11: ЈХ Д: 1 банана Р: 2 ипол панцероти полнети со доматно пире и печурки В: 1 ипол парче торта, ред црно чоколадо Некако подуеност осеќам овие два дена, страв ми е пак да се измерам, ќе почекам уште некој ден
Денес протеини петок сакам да постам ама несакам риба и соја нејадам.Ќе јадам буковка со салата тиквици и лебче и супа В.пола без леб
23/90 јгх Денес ќе јадам многу ! д. 3 мандарини р.домашни кифли( нема да бројам колку) од свекрва месени. со малку ајвар.Едвајјјј чекам ! в. ке жртвувам благо за кифли . Утре на вода
Лелее ништо не направив со буковката прв пат јадам ич не ми е убава си отворив сардина.Се надевам ќе издржам
@VedaG10 @♡BuBaLe♡ јас затоа вчера не пишав колку кифли изедов со малиџано и маслинки, срам ме фати 41/90 овошен ден Да си кажам дека овошниот го минувам сѐ полесно и полесно, со многу намален апетит и намалена подуеност. Д.- 3 мандарини, турско; У.- смути со малини, боровинки, рибизла, круша, банана и киви; Р.- бадеми и лешници; У.- истото смути од првата ужина; В.- банана.
@NarCis@ многу убавко ми беше додека мелев цел ден ,ама мислам дека ќе пукнам Едвај чекам утре да се прочистам ни вака ни така ,оди после погоди ни
Леле, ќути. Вчера вечерав во 16.30ч., не можев да дишам до вечерта (смајли со големи образи и раскопчани фармерки)
И мене овошниве денови ми се малку поподносливи веќе, се трудам да не мешам овошје оти така ми се гади повеќе. Денес на мени: 1 круша, 2 мандарини, печена тиква, 1 банана, ореви, бадеми, кикиритки и за капак домат и краставица. Се осеќам подуено ама знам дека утре ко ќе станам ќе ми биде полесно. Се осудив да се измерам, вагата застанала на 63.8, со надеж следната недела ќе мрдне, барем нагоре не отишла.
Диетава е закон иако јадам многу овошје до пладне и мешам протеини се истопив.Денес 5ти ден околу 2 килограми доле стомакот го нема се топам во обем.Бев 91.9 утре 8ца напред.
Смее банана, ама по една. Јас јадам некогаш по две ако сум многу гладна. Ајварот секој ден може, освен овошен, ама мене најмногу ми оди на јх ден да го јадам со кифли или нешто друго месено.
Девојки ме интересира како се организирате за готвење, пошто секој ден се јаде различно? Со месеци се канам да почнам ама имам премногу обврски, страв ми е дека нема да стигнам и ќе забушавам, едно за зготвам за мене друго за моите и тоа. Друго ме интересира овде во мојот град има неколку маркети каде што се продаваат готвени јадења. Се надевам ме разбирате на што мислам, ориз компири друго не знам што имаше. Купува ли некој така, би можела ли во ретки исклучителни ситуации да си купувам така? Друго диетата ми се допаѓа зошто се јадат разновидни работи, може секогаш да е различни не е едно те исто. Е сега третиот ден тоест скробниот каде се јаде грав грашок претпоставувам треба стандардно како манџа да бидат, потпржени со брашно а морков дозволено ли е да има изрендано или не? Друго има ли некоја табела каде пишува кои намирници поопширно се дозволени да се јадат?
Готвам некогаш од вечер за нареден ден, некогаш истиот, зависи како имам време. Инаку не мораш посебно да готвиш за сите. Пр. во протеински направи печено месо, или боранија манџа, зелка манџа со месо, или зеленчук што не содржи скроб: модар патлиџан, тиквица, брокула, карфиол, печурки итн. или со месо, или можеш да запечеш во рерна со хопла за готвење и рендан кашкавал. За скробен грашок, леќа, грав, ориз. Можеш да комбинираш исто со друг вид зеленчук кој не содржи скроб. Морковот и кромидот немаат. Не мора да е манџа, може и варен компир салата, или рижото итн. Но зошто запршка со брашно? Само запржи кромид и морков на малку масло и доволно е. Инаку скробниот е втор ден, но ако сакаш можеш и поинаку да ги комбинираш. Но гледај придржувај се до тој распоред. Можеш и готвени јадења од маркет. Само гледај истата намирница и за вечера да ја јадеш. Пр. ако си јадела печен компир од маркет, тогаш за вечера приготви си пак компир. Ти праќам табела во прилог и плус страна со интересни идеи за секој ден од диетата. http://www.undijeta.rs/o-dijeti.html
Yesss утрово вагата покажа 89.7 вкупно сум 2.2 минус за 5 дена одам до крај.плус пред циклус. Денес овошје колку сакам до 12 Р.гравче со салата и леб В.гравче и салата