Ден 6: Скробен Д: две банани и турско Р: варен ориз со златна мешавина и салата В: на пола од ручекот
42/90 протеински ден, заборавив да се измерам. Д.- 2 банани; У.- 1 мандарина и лате (се огрешив ); Р.- 3 мали лиснатици, боранија со јунешко месо, салата со зелка, морков и цвекло, маслинки; В.- исто од ручек, може друга салата да биде на мени.
Ден 13 - Протеински Д: 2 јаболка Р: 3 јајца зготвени во рерна со кромид, парче црн леб, 2 феферончиња и маслинки В: 2 варени јајца и шопска салата (без сирење )
Бајаги си се огрешила. Боранијата е во скробен, лиснато во јх ден. И јас вчера се огрешив, за ручек јадев варени јајца, а за вечера се враќам дома и гледам јајца нема веќе, па јадев сирење. Ќе јадев само салата ама ептен бев гладна, ќе припаднев.. Anyway, денес скробен ден, за доручек јаболко со цимет (ич не ми се допаѓа вкусот на јаболката, гаден ми е дури, па прекривам со цимет некако). За ручек и вечера планирам гравче со салата. Пред некој ден се шашардисав кога се качив на вага, цели 78 кг, во живот никогаш толку не сум била. Го достигнав врвот. Па се свестив и пак се вратив на режимов. Едвај чекам утре, продолжувам да одам во теретана пошто овој месец пауза ме докрајчи.
Денес 7 јх ден Појадок смути банана и малини и една мандарина Ручек проја со салата малиџано Вечера или проја или нешто благо и ред темно чоколадо
43/90 скробен ден Д.- 1 банана; У.- 1 мандарина и малку бадеми и лешници; Р.- грав, 1 парче интегрален леб, салата зелка и морков, обарена брокула, домат со млад кромид и маслиново; В.- исто од ручек, без лебот.
Сериозно? Јас од кога знам за диетава, знам дека боранијата е во скробен. Еднаш јадев манџа со компир и боранија, објавив во групата на фб и одма добив коментари дека требало или само компир или само боранија, два скроба не се мешале. Баш убаво ако е неутрална, љубител сум на боранија. А и за лиснатите знам дека можат само во јх исто како сите други пецива. Кој знае, секој различно кажува како што му одговара...
Има листа со зеленчук кој не содржи скроб, тоа е барем лесно да се провери. Боранија, тиквица, модар патлиџан, брокула, карфиол и еден куп, да не набројувам. Побарај на нет. Лебот е исто пециво и може и во протеински и во скробен ден, но едно парче. Јас го заменив со 3 мали лиснатици.
7ми ден јх Д; две мандарини У: сок цеден протокал и цитрон Р: макарони со доматно пире У: јаболка В: четири колачи и во 21:00 ред црна чоколада Ииии за седум дена - 5 кг , сега сум 81 а пред да почнам 86 бев
Zdravo denes 21/90 dena i samo -1 kg minus...neznam sto se sluciva ja drzam bez greski...imal li nekoj vakvi iskustvo...ja imam drzeno porano i oslabev 18kg ama ne se sekjavam koga pocnav da slabeam...ocajna sum
Јас првите дена намалив некои 2-3 кила и имав стагнација до крајот на првиот месец. После тоа некако нагло слизнав. Сега пак имам стагнација, ама се надевам дека на крај на вториот месец пак ќе симнам некое кило. Можеш да го пишуваш менито како нас секој ден, чисто да си се проверуваш. Сепак за некои работи сме сигурни дека точно ги правиме, ама сепак да не се.
Ден 14 - Скробен Д: 2 мандарини Р: Варен компир и салата домат, краставица, кромид В: Печен компир и исто таква салата
Готвењето ми е проблем ама ќе се трудам да се организирам некако. Диетата ми одговара зошто јас секако насабајле не јадам, не ми се јаде многу и немам таква навика. А и ми се допаѓа тоа што се разни намирници, не мора секој ден едно те исто. Ќе ја почнам деновиве па ќе пишам.
Ден 8 Овошен Д: две мандаринки У: јаболка Р: салата од марула брокула краставица В: планирам две јаболки
44/90 јх ден, 64.2 кг Д.- 1 банана; У.- неколку бадеми; Р.- 2 домашни кифлички, мали лиснатици и маслинки; В.- 3 Барни тортици (украдов од ќере ) Денес без инспирација за готвење. Морам овој ден малку да го збогатам, ми збоктиса месеното. Нареден пат ќе гледам некоја тестенина да се прави.
Еден совет за овошен ден. Знам дека треба да се јаде само овошје и јаткасти плодови, но и јас како тебе каснувам зеленчук. Е сега, ако веќе практикуваш и ти така, гледај зеленчук само за вечера, зошто од ко ќе го изедеш не е препорачливо да се враќаш пак на овошје. Значи јади овошје колку шо ќе јадеш и после само зеленчук. @NarCis@ Јас и ти исто одиме со деновите, а и на килограми сме тука некаде. Денес се измерив, 63.2. Сакав да те прашам колку симна за 44 дена, колку си висока и до која тежина целиш? Ден 15 - ЈХ Д: 1 банана Р: 2 панцероти полнети со доматно пире и печурки и една кифла без ништо, плус каснав малку ајвар, само во јх ден го јадам, па ми недостига В: 3 парчиња колач со јаболко и цимет, ред црно чоколадо
Јас постпородилно симнувам, имав 70кг, а пред тоа 63кг. Ама целта ми е околу 55-60кг, тежината што ја имав пред десетина години. Инаку 1.65м сум висока. За овие дена симнав 6кг, ама во обем повеќе се познава. Дури влегов и во 38 конфекциски бр. без проблем
Тоа се одлични резултати, браво за истрајноста. Јас со 60 би била ептен задоволна, 170 сум висока, се надевам уште 3кг ќе успеам да симнам. Минативе месеци вртев секојдневно орбитрек, ама сега нешто мрза сум станата кога е тој во прашање.
Ако јадете банана за појадок треба по една, не две. Плус, пожелно е да се избегнуваат за појадок доколку имате друго овошје на дофат.