Ќе ги симнеш, до крајот на вториот месец сигурно ќе ги симнеш. Јас немам орбитрек, ама цело време сум на нога, јер сама со две деца Па засега тоа ми е физичка активност и пешачење. Уште пола остана. Не верувам дека ќе стигнам до 55кг, ама и со нешто помалку од 60 ќе бидам презадоволна
9ти протеински Овошје до пладне Печено пиле со салата супа леб Пола без супа и леб После овошниот сум -3 кила Презадоволна
Јас сум сеуште тука ама немам интересно мени за пишување па затоа си кутам Не сум се измерила,сакам вагата да ме изненади
Веда, а па моево едно интересно Саде свинско, компир, грав и кифли И дај измери се, сподели радост со нас 45/90 овошен ден (уште пола остана ) Д.- 1 банана; У.- смути од јагоди, малини, банана, круша и киви; Р.- печена тиква и истото смути од претходно; У.- мандарини, лешници и индиски ореви; В.- печена тиква и мандарини.
Немам инспирација за да зготвам нешто интересно.А и искрено малку ми здосади начинов на исхрана. Ваљда дека се ближи пмс па сум Утре за промена ќе правам проја со краставички и маслинки Ќе се мерам после вочниот ден .
Пмс помина кај мене, сега е само М Ама само тој период ми е потежок, кога стварно ми треба нешто благо. Мене не ми е смачено, јас дури може и да продолжам вака, или нешто сл. Желудникот ми се оправи, немам киселини, мачнини и поорганизирана сум за готвење. Ќе гледам да ги задржам некои работи што ми се допаѓаат: за доручек прво овошје, што за ручек- тоа за вечера, и нема јадење после 20ч. Инаку се радувам на месо со компир, домашните тостови, корнфлекс со јогурт и тек-тук по некоја коцка чоколада. А и на чипсот можно е да се навратам Денес мм ми кажа за некоја добра сендвичара што правела бургери па ме праша до кога ми трае диетата Изгледа така планира да прославиме
Јас од февруари сум на ваков начин на исхрана . Со паузи некој ден . Ама 98% од деновиве ми се унки Затоа ми е малку здосадено . За чипс,кока кола ,бургери,помфрити ,месени работи не ми збори Вечита слабост . Затоа бев со три цифри после пораѓај Благо не јадам многу ,освен вака пред добивање . Ама мењам влаго за кифли одма
1/90 Протеински (вчера) д- смути од банана, лен, чиа и путер од кикирики + еспресо без шеќер р- две варени јајца, супа домашна без фиде, домашен интегрален леб, краставица и патлиџан в- едно варено јајце и еден патлиџан у- 5 лешници течности- 3л вода, 3 чаеви без шеќер 2/90 Скробен д- истото смути +турско без шеќер р- домашно пире со супа, леб, краставица и патлиџан в- 2малечки варени компири со маслинки, кечап, сенф и босилек и потпечена салата од морков и цвекло у- 5 лешници течности- 3,5л вода, 2 чаја без шеќер Имам неколку прашања -кога може да се јаде авокадо - дали во јгх ден мора за вечера да се јаде благо, или може да се јаде половина од ручекот и плус црно чоколадо? Јас ја започнав диетава со 60кг и се надевам ќе успеам да се вратам на старата килажа од 52кила
Деновиве ме тепаше пмс, апетитот не ми е нешто зголемен, ама нервозата вклучена на максимум. Денес стаса циклусот, а јас цел ден и гладна и нервозна. Лиги ми течеа ко ги гледав колачите на маса за гостите, ми се плачеше, ама издржав да не каснам. Овошен ден (16ти), на менито: 2 круши, 2 јаболка, 3 мандарини, 1 банана, бадеми, ореви и за вечера марулки со маслинки.
Авокадо можеш во секој ден, бар мислам, зависи во кои комбинации ти одговара, јас го јадам во смути со банана, во појадок и во овошен го комбинирам, ем ме заситува и држи ем е многу здраво и го обожавам. Во јх ако не си по благото, да, пола од ручекот плус чоколадо може. Јас вчера овошен, смути од банана, авокадо, киви, праски, печена тиква и семки имав на мени. Не сум се мерела и не ни гледам потреба, битно во пантолоните и во сукните влегов
46/90 протеински ден, 63.8кг Д.- 1 банана, турско; У.- печена тиква; Р.- копан со надкопан, салата зелка и морков, обарена брокула и варено цвекло; В.- истото од ручек.
10 ден скробен Д :2 мандарини У: 1 мандарина Р: парче леб и леќа ,салата со зелка брокула морков В: пола чинија леќа салата од краставици без леб За два дена -1 кг
Здраво женски, Со диетава имам ослабено прилично добро .. околу 10 кг пред 2-3 год. сеа повторно се поправив и пак треба да намалам околу 10кг.. само проблем ми е како да почнам повторно ) започнав, се откажав решение?)
Добро вечер женскиии 1/90 денес, па се надевам дека ќе издржам до крај Д: ништо, станав со главоболка и искрено ме мрзеше да одам до продавница, па пиев само вода со лимон и турско кафе. Знам дека не треба да се скокаат оброци, ама ајде, од утре посериозно. Р: кајгана со две јајца, спанаќ и брокула, направени на мааалку масло и салатичка од домат, пиперка и краставица. В: свежа салата со рукола, спанаќ, јајце и сиренце. ( по правило не се меша јајце со сирење, ама и првиот пат кога ја држев ги мешав, па пак имав ефект, така да и сега исто ќе си ја држам) Btw, имам 73.3 кг, висока сум 178цм и се надевам дека ќе стигнам до 65,66 кг. Уште да се наканам некако и во теретана да почнам - како мене ќе нема со лесно мачки
47/90 скробен ден Д.- 1 банана; У.- 1 мандарина; Р.- печен компир, салата- марула, морков, млад кромид и краставица, чорба- кромид, морков, тиквица, модар патлиџан и брокула; В.- истото од ручек.
Ден 17 - Протеински (вчера) Д: 2 мандарини Р: пилешко месо, парче леб, салата В: 2 пилешки копанчиња, салата Ден 18 - Скробен Д: компир и ориз, марулки и краставици салата В: исто од ручек плус краставици и маслинки Денес направив грешка шо мешав скроб, но ручекот беше така зготвен и не можев да одолеам. Утре одам на викенд на планина, се надевам ќе успеам да не правам грешки и дека ќе има шо да комбинирам и избор на јадења во местото кај шо ќе бидеме сместени. Сабота ми се погоди овошен ден, се опремив овошје од дома, уиш ми лак.