Вчера протеински Д: 2 јаболка Р: потпечена урда, 2 парчиња интегрален леб и јогурт В: потпечена урда и марула салата Денес 6 ден скробен Д: 2 јаболка Р: изблендирано гравче со тиквица, пиперка и лукче. 2 парчиња интегрален леб В: пола од блендираното и марула салата. Со оглед на тоа што вечерав во 16:30, мртва гладна сум. Едвај го чекам утрешниот ден веќе.
Сум згрешила при пишувањето на доручек и ручек и ми поминало времето за редактирање, па да се испраам, да не збунам некого.
Rice cakes може во јх ден или во скробен се? Ги планирам за вечера оти се ептен нискокалорични, плус се трудам што помалку шеќер да внесувам.
Вчера 02/90 Д: две мандарини. Р: графче и салата марула, краставица и младо кромидче. В: пуканки. Денес 03/90 Д: две мандарини. Р: тост со кашкавал В: планирам еклери амаааа има време до 20 часот, може нешто друго да ми текне
48/90 јх ден Д.- 1 банана; У.- 3 мандарини; Р.- две ѓевречиња со ајвар и маслинки, пита со спанаќ; В.- 1 ред чоколада со лешници и тортица. Станата од 5ч. сабајле, затоа е богато менито денес
13 ден протеини Грозје Ајварки пржени со со 2 јајца и сирење салата леб 1 варено јајце со кашкавал и салата
Кашкавал не се јаде во никој ден од диетата. Јајца и сирење не се јадат заедно, или едното или другото. Пуканки во јх за вечера.
Да, да, знам. Ама јас ја држам со некои измени шо појќе ми одговараат ( во првиот ден јадам месо со сирење, јајца со сирење, некогаш и малку мајонез во некоја комбинација; во скробниот ги јадам пуканките за вечера кога не сум премногу гладна; кашкавал во јх денот; едино во овошниот немам додадено нешто ) Трет пат ја држам диетава и се надевам ќе биде успешно како и другите пати.
Тогаш тоа веќе не е УН . Најдобронамерно сугерирам, со ваквите постови може да ги збуните и наведете на погрешни чекори новите и неискусните во овој начин на исхрана. Поздрав
Сликата прикачи ја на "фемина инстаграм за диетални јадења" Вчера овошен ден 49/90 Д.- мушмули; У.- индиски ореви, бадеми, лешници; Р.- мандарини, банана; В.- јаткасто и киви. 50/90 протеински ден Д.- 4 мандарини; У.- многу малку индиски и мушмули; Р.- свинско ребро, салата зелка, салата кромид, краставица и домат; В.- истото од ручек Спојлер: Исповед Се огрешив, изедов сладолед Од утре без грешки
Се вратив од планина со ужасни грешки вчера и завчера. Менито беше ограничено, а мене апетитот до максимум на чист воздух и не издржав. Од денес се враќам у форма. Скробен ден: Д: 2 јаболка Р: Грав, парче леб, кисели краставички В: Грав, домати, краставици
Вчера 50/90 скробен ден Д.- 5 помали кивија; У.- 1 банана; Р.- црвена леќа, салата- марула, морков, краставица и млад кромид, едно парче леб; В. - исто како ручекот, само без лебот. Денес 51/90 јх ден Д.- 4 кивија; У.- 1 банана; Р.- шпагети со зеленчук (кромид, морков, модар патлиџан, тиквица и шампињони); В.- палачинки со крем, а ако немам време за готвење, ќе биде кроасана. @TheGoldenPeach исто како тебе викендов, не бев дома и еден куп намерни "прекршоци". Само тежина на желудник добив. Денес втор ден како терам по старо и одлично се осеќам.
@NarCis@ И мене денес поубаво ми е, полесно се чувствувам. Вечерва сум на посна слава, ми се плачи уште од сега зошто овошен ден ми се погоди. Јх ден (вчера) Д: 2 јаболка Р: пица со кечап и печурки В: бисквити со еурокрем Денес почнав со две мандарини, но ќе се натрупам овошје, па на славата се надевам само со салата ке поминам.
За другпат да знаеш, можеш да ги смениш деновите. Пр. протеински, скробен, овошен, па јх. Или комбинација која ти одговара, после пак врати се на старо. 52/90 овошен ден Д.- 1 банана; У.- малку лешници, смути од јаболко, круша, банана, мандарина, јагоди, малини, боровинки, рибизла и киви; Р.- индиски ореви и смутито од ужина; В.- суви урми, смокви.
Ете ова не сум го знаела, мислев дека не смее редоследот да се менува, ќе знам за во наредни критични денови.
Може Само гледај тоа да биде ретко, да не ти стане навика, пошто после полесно ќе "скршнуваш" од патот @VedaG10 да не става само лајкови, туку да се пријави до каде е Д.- 1 банана; Р.- омлет со млад кромид, морков, тиквица и шампињони. Класична салата не правев, туку само кисело цвекло, обарена брокула, маслинки и ајвар и едно парче интегрален леб; В.- исто како ручекот, без леб.
Здраво женскии Како оди? Кај мене добро е сега за сега, последно кога ви пишав ми беше прв ден, ја прекинав од тогас и ја почнав повторно, па еве сеа четврт ден овошен терам некако. Вчера на јаглехидратниот малце си се прејадов, али си велам не направив никаков престап бидејки не помешав ништо, само од тоа што требаше јадев маалку повеќе Денес како шо кажав овошен. На мени: две банани, 1 јаболко, чаеви со лимон, може јаткасти плодови и една салата марула за вечера со супа Идемо далје, нова година доаѓа