доручекот не мора да се 2 овошки . Ако имаш потреба јади повеќе. Пиј чај,кафе,цеден сок . Нешто што ќе те засити . Види тебе што ти одговара. Јас, 4 мандарини и нес кафе со млеко од бадем . Тоа е мојот ритуал скоро секое сабајле.Ќе ручам околу 12. Вечерам околку 5-6 некогаш и 4 зависи колку сум гладна. Јас сум веќе навикната на ова темпо и супер ми е .
Здраво женЦки Ви се приклучувам и јас од денес. Многу пати низ годиниве ја држев диетава, секогаш топ резултати, па ќе пробам и овој пат. Стартувам со 84кг-првичната цел ми е до 70 да стигнам, а понатаму и за пониски бројки ќе размислувам. Отом-потом Малку измени ќе имам во дневното мени што ќе го споделувам овде,но дојам 6месечно бебе, па молам за разбирање Иако спаѓаат во грешки,сметам дека имам потреба од малку повеќе храна за да не ми се намали млекото. Нејсе, 1/90 Д:Банана и малку покасно мало портокалче Р:Три мали копани,2кришки црн леб,неколку маслинки и салата од домати +зеленчукова супа(со тиквица,морков и пашканат) В:Иста како ручекот (пак со леб) Измеѓу доручекот и ручекот јадев една чинија од супата, и измеѓу ручекот и вечерата пак уште една. Толку за денес.
Со лесноо Мене денес овошниот ден ми помина супер, без грешки. Сега за сега вагата покажува -3кг и јас сум пресреќна, знам дека е вишокот вода, но пак голем мотив ми е. Правам и по малку вежби. Инаку ми е 4ден, односно ја започнав порано ама правев многу грешки и почнав од почеток. да ја држев како што требаше денешниов ден ќе ми беше 8/90. Ве гушкам сите и со лесно нека ни е.
Здраво, јас сакам да почнам со диетава и да ослабам 6-7 кг ама ме фаќа страв да не се здебелам наместо да ослабам зошто такво искуство имам со други диети.. имам пробано многу диети (таа што ветува намалување 6кг за 6 дена ако се јаде само месо, кето, хроно и мн други, но за жал ни една не ми помага).. сега сакам да ја пробам уште оваа па имам неколку прашања ако можете да ми ги одговорите? 1. Дали мора да се јаде леб, ако да каков јадете? 2. Дали може да се внесува уште нешто освен овошје во овошниот ден? 3. Дали може да се јаде нешто измеѓу оброците како ужина? 4. За колку време и како се слабее? Или ако имате искуства да ми кажете? Ви благодарам од напред ❤
1. Леб можеш по едно парче во јаглехидратен и протеински ден 2. Во овошен ден можеш и зеленчук и суво овошје 3. Ужината е 2 часови пред или по ручекот (едно овошје од доручекот) 4. Првата недела може да не ослабете а втората недела нагло може да се ослабе 3-4кг (винимавај на имунитетот)
Дали користете нешто за имунитет? Се осеќам на моменти како да ја немам таа сила..кога ќе станам нагло или кога ќе се наведнам ми се врти..Глад не осеќам..8 ден ми е ..сакам да продолжам но ме заплашуват вртоглавиците..Морам да имам сила за две дечиња
1.леб се јаде каков сакаш, по едно парче со ручекот во протеински и скробен ден, а на јагленохидратен ручекот може да ти биде три кифли или прчиња леб со неутрален намаз на пр.хумус,веге паштета, ајвар,малиџано... а за вечера леб со благ намаз - џем, слатко, нутела... @Anev131 2.можеш и сушено овошје, јаткасто овошје, цедени сокови или смути од овошје и зеленчук, како и свеж зеленчук а по најново читам пиеле и по една шоља посна зеленчукова супа. 3. по правило само три оброци има, и верувај доволно ти е. ако имш напади на глад, вртоглавици, можеш да јадеш нешто измеѓу но согласно денот, пр. ако ти е протеински, нека биде тоа што ручаш ... @Anev131- ужини нема 4. јас ослабев 30 кила буквално во рок од неколку дена се стопив, и тоа по завршување на режимов, кога бев во одржување во 6тиот месец. @Chanell* и јас ја држев додека дојам. со трите деца. немој да ти биде тоа изговор за грешки, не мешај намирници, држи се додневниот план ама јади поголема количина, така нит млеко ќе страда нит ќе кршиш режим а ќе слабееш гарантирано. сум појадувала по кило овошје, сум јадела 4 оброци ориз или месо во денот, сум јадела два пати вечера итн ама не сум прекршила шема . со успех @sanja04 крвна слика имаш правено?притисокот? железо како ти е мора да следиш. вртоглавици можат да се поврзани и со видот.. не е на одмет да си земаш витамини кои си ги пиела во бременост. јас до скоро ги терав тие и константно некои суплементи земам, спирулина, ашваганда, б комплекс, магнезиум, витамини а-з... сепак сме жени кои родиле, доеле...мора да надохнадуваме
и мене ми е. мене ми е омилен ден. јас конкретно станав во 7, пиев вода по будење, на работа во 8 каснав грејп и портокал, во 11јадев банана и киви, моментално пијам кафе, кун 1 имам банана и круша, кун 3 кафе и јаболчиња, пред 5 круша, јаболка и киви.
Бубале, не грешки во смисла на мешање намирници, туку пример супата која ја спомнав е сепак од неутрални намирници правена, и јадев измеѓу оброк по една чинија. Не е дозволено ништо меѓу оброк инаку, па затоа напоменав дека би имала грешки од тој тип, сигурно ќе сака да ми посочи некоја дека не правам правилно Инаку не би мешала намирници од разно потекло, јх и скроб, или слично.. Ден 2. Д:Банана + една бебешка каша овошна со банана и јаболко морав да ја спасам Р:Варен компир со кромид (компир салата) и зелка+цвекло+морков салата В:Исто како ручекот
Pravese li greski za vreme na dietata wow 7godini sekoja cest ne e teska dietava ama ovosniov den mi e katastrofa Sekogas go gresam pocnav od 12januar i pravev greski na ovosniot den ja pocnav od pocetok na 28i pak koga stignav do toj den utka
Зошто? Јади почесто во овошниот,земи си суво овошје,јатки,прави смути, навечер свежа салата зачинета со лимон па и капка маслиново.. Се е до психата Потсети се зошто си почнала,стисни заби и не потклекнувај.
Дали и во бременост се хранеше вака? Јадам 2 пати во ден од кој доручекот ми е мусли,ручек тоа што има и само си качувам килограми. Со 50кг останав бремена 68 накај 9 имам а скоро сум 7 месец барем да стагнирам со килажа,не барам да слабеам. Па вака како поискусна да те прашам дали се одржаваше со ваква искрана на не мешање производи. Фалаа
Бременост и режим НЕ! Јадев како што ми бараше душата. Најчесто 90% терав вака ама ако ми текнеше на бурек си јадев бурек, ама она немешање плескавица и компир или бутче со ориз практикував бидејќи и самиот организам ми навикна така. Ретко имаше случаи да јадам торта во протеински или овошје за вечера, ама во секој случај не бев оптеретена со диети туку со опуштен ум си уживав во сласното трудничко јадење Јади си шо ти душа бара, пази само да не се прејадуваш ради киселини, има време за слабеење. @waterllady јас хумусот на леб го мачкам во јх.