Последниве два дена забушавам. Ќе биде се во ред до вечера и за вечера.....дупната вреќа. Ќе збутам се живо. Утре витамински. Се надевам дека ќе биде ок плус и на работа сум па нема да имам многу алтернативи за јадење. Ќе видиме
Јас дефинитивно нема да можам да ја држам диетава овие 7дена зашто сум на патување и скоро голем дел од денот го поминувам во автобус... Ќе експлодирам од нервоза ама ајде за 7дена почнувам. Ви посакувам успех и истрајност на сите што ја држите
@Chanell* не се замарај со мерење. @aandonovska добар провод, ако не можеш, после тие 7 дена ќе си продолжиш. јас јх денес. на работа за ручек варев 2 пакувања нудли, одвај едно изедов. за вечера имав спремено две парчиња од колачот што го печев вчера, плус се опремив и со милка и гумени бомбони а каснав само едно парче колач, ред милка и 5 гумени а на времето по една милка јадев после ручек и една после вечера и 100грамски беа. сега ми се лоши после благо. Едвај чекам утре
20/90 витамински Првите денови имав ситни грешки но веќе се навикнав на диетата...Денес не готвам ништо..цел ден овошје
Се чувствувам предебела во теков на овие 3 дена откако сум на патувањево. Се надевам дека вагата нема да покаже премногу накачени килограми кога ќе се вратам Ми иде да не јадам воопшто
29/90 Протеински(воден не држам) Појадок-јаболка Ручек и Вечера-омлет,салата и по 1 парче интегрален леб
15 Јх Д:Два портокала Р:Баник со праз и печурки В:Палачинки со крем утре овошен, од задутре веројатно со турбо ун ќе стартувам.
Јас денес 21 / 90 протеински..Читав ти покажало плус едно кило по овошен..и на мене истото ми се случи.А турбо ун може ли толку рано да се почне...нешто и јас застанав со кг...првите 4 кила скоро ги симнав
Да, покажа кило плус.. ама јас го осеќам стомакот лесен, воопшто полесна за осеќам овие 2 недели.. И затоа си продолжив понатаму. -4кг сум досега, мислам невозможно е повеќе за толку малку време. На 17ти ден се почнува турбо, не ми е прв пат да ја држам диетава, не ми е прв пат ниту турбо, така да ќе пробам. Повеќе овошни сакам да имам, не за друго ами страв ми е од вируси па да се зајакнам со Ц витамин.
@mariiiii Кој е резултатот за 30 дена? Јас овошен.. Киви за појадок, портокал, суви смокви и сливи ужина, чиа пудинг и јаболка со цимет за ручек. Салата свежа и чорба од морков,тиквица и пашканат за вечера. (ова го видов на Инста на еден профил за Ун, ваљда е дозволено) Измеѓу лешници и бадеми. Не издржувам да не се измерам, не знам зошто Да пројде денешниот ден и утре ќе ве известам до кај сум со килажата. Ама како сум тргнала ... и повеќе од одлично е.