Унки јас сум нова на форумот. Од утре планирам да ве дружам. Инаку сум 24 години и мајка на две дечиња. Едното е бебче од 9м, и мама е разочарана оти малку претера со килажата. Од 52 сега сум цели 60 кг . Целта ми е -5. Инаку ниска сум 156 цм. Со среќа на сите . Се надевам ќе се бодриме. Со среќа
Јатки можеш во овошен по правило, до 60г. Измеѓу оброци доколку си гладна можеш некое да си каснеш. Кисела вода смееш. Турбо УН се почнува на 17 или 46 ден од диетата и има редослед протеински,скробен,овошен протеински,јаглехидратен,овошен протеински,скробен,овошен протеински,јаглехидратен,овошен Јас се токмев за турбото и не успеав, вчера успешен овошен се до вечерта кога не поканија да сме кумови со мм, па отиде упм овошниот со пици и пити. Леле Да ја прекинам, ќе напраам хаос пак.. Ама некако овошниве не ги издржувам. Денес нов ден протеинску, уште овој круг ќе го пробам со турбо, ако зафркнам значи сум стварно свинче!
Грешки се прават посебно на собиранки многу е важно да остане на таа грешка јас некогаш успевам некогаш се водам по таа еве денес сум згрешила и кога веќе ми е грешен денот да изедам што сакам денес од утре да ја опраам и никогаш не е добра идеа наредниот ден сум уште погладна Мора да бидеме поупорни не толку заради линијата туку за нашето физичко и психичко здравје. Едноставно мораме ако се сакаме себе си и ако ги сакаме блиските околу нас кои се константно со нас во вечната борба.
Леле последниве 3 дена грешки грешки... Што мислите, да почнам утре од почеток или да си продолжам како што ми е редоследот? Јас мислам да си почнам од почеток, м? 20 дена пропаднати во вода...
Ќе терам до воден ден вака турбо. После водениот секако ќе видам дали ќе ги бројам деновите од почеток или ќе си продолжам. Кој ден ти е тебе?
Да си продолжиш. Сеедно е дали од почеток или не кога пак тој е редоследот. Јас не се откажав и после цела недела непрактикување ко што треба. Денес протеински имав, успешен беше
9ти протеински кој што за чудо го истерав ко шо треба.. ќе го завршам и овој круг па ќе држам еден вонреден воден ден чисто да се искупам за гревовите хахахах
Девојки едно прашање..сега се велигденски пости риба само два пати е дозволено за 7 недели.Дали би имала ефект диетава ако не држам протеински туку повеќе скробни денови?
Aj ve molam nekoj da mi kazit dali smeam morski plodovi na protrinskiot drn...i da ni kazit podrtalno kako e Tyrbo Un dieta
морски да смее турбо ун се држи претежно на средината од диетата околу 45 ден за да го забрзаш метаболизмот за да не стангираш протеински,скробен,овошен протеински,јаглехидратен,овошен протеински,скробен,овошен протеински,јаглехидратен,овошен
А соја смееш? Мислам дека содржи протеини.. Не би бил тој ефект сигурно без протеини. Печурки исто смееш.. Јас денес скробен Д:Круши Р:Гравче и салата В:Исто Денови не бројам ама од прилика 50 би требало да е
Јас денес се дополнив со саси вода. Да ме држи вакво расположение кој како мене. Ај да не се урочам Хахахах
веќе 5 дена по ред, секое сабајле пијам цеден сок со цитрусни овошја и ѓумбир и мед за ручек јадам било што, манџа, тестенини, мевце и салата или риба , а секоја вечер јадам марула салата,со ротквица,краставица, морков...и некогаш ставам и едно варено јајце, некогаш не. И еве приметувам разлика одма, не сум се мерела, ама приметувам дека стомакот ми е рамен и дека фармерките не ме стегаат толку. Ќе терам вака па може ќе почнам ун за брзо благо и леб не јадам.
Ај малку да ви се вмешам во муабет. Гледам сите правите грешки кога повеќе кога помалку... Иста сум и јас.Затоа не пишувам иако еве веќе некаде 20 ина дена ја држам.Имам само 2 кг ослабено,ама овај пат искрено не се оптеретувам да биде строго без грешки туку намерно и свесно ги правам.Инаку брзо ќе се откажам.Пр.кафе пијам секогаш со шеќер,знам меќу оброк да каснам и нешто што не треба ама во мала количина.Вечерва пример каснав една палачинка иако ми беше протеински ден....Се тешам дека колку толку барем внимавам и внесувам повеќе овошје кое инаку ептен слабо го јадам.Овошниот дек го поминувам со повеќе од дозволените 60грама јаткасто овошје...И обавезно денот јадам некоја салата инаку не можам.Салатите си ги зачинувам со масло и оцет нормално.Месото најчесто е пржено или варено... И така...
Да и јас заклучив подобро да си ја држам со некои минимални отстапки отколку да паѓам у несвест пример за палачинка, у секој случај ќе има резултати ако колку толку се придржуваш, барем кај мене.. Инаку ако на се си кратам за брзо ќе кренам раце. Има и денови кај што стварно не можам да си зготвам (цел ден на работа и сл.) и морам да јадам тоа што се нуди во моментот.