Убава Жена (Pretty Woman) [1990]

Дискусија во 'Филмови' започната од OzzyAngel, 10 март 2011.

  1. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    Мислам дека овој филм заслужува да има тема тука ;) Кој го гледал- знае, а кој не го гледал- под итно да го симне од интернет :) Романтична и на моменти комична приказна, претставен е животот на една проститутка(Џулија Робертс) која се заљубува во милионер(Ричард Гир)...
    Останатото... Погледнете го сами.
    [​IMG]
     
  2. Butterfly-itgirl4s

    Butterfly-itgirl4s Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 јануари 2011
    Пораки:
    414
    Допаѓања:
    281

    Три пати го имам гледано..единствен е немам збор,колку ли шанси пружа животот,секој има право на поправка и втора шанса дефинитивно..
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  3. SOVRSENSTVO

    SOVRSENSTVO Популарен член

    Се зачлени на:
    20 септември 2010
    Пораки:
    2.790
    Допаѓања:
    1.543
    Леле сега ме потсети колку време го немам гледано. Прекрасен филм,го обожавам.
     
  4. ludoto19

    ludoto19 Форумски идол

    Се зачлени на:
    1 март 2010
    Пораки:
    7.202
    Допаѓања:
    41.189
    си го ставив да се полни ќе го гледам :D :D :D
    не за друго да се уверам дека животот не е фантазија :P
    Се шалам, убав филм е!!

    http://www.putlocker.com/file/9UWSC6MFQ1C80G8#
    стакло е сликава :)
     
    На OzzyAngel му/ѝ се допаѓа ова.
  5. OzzyAngel

    OzzyAngel Популарен член

    Се зачлени на:
    17 март 2010
    Пораки:
    1.884
    Допаѓања:
    1.216
    да беа сите мажи романтични како Ричард Гир т.е. Едвард во филмот, жените ќе беа најсреќни... Што убаво
    на крајот и ја направи реалност бајката
    ... срце! :inlove:
     
  6. Lovely

    Lovely Популарен член

    Се зачлени на:
    30 ноември 2009
    Пораки:
    1.262
    Допаѓања:
    1.055
    Пол:
    Женски
    Прекрасен романтичен филм... Еден од најдобрите... Прекрасна глума на Џулија исто така и на Ричард... Го имам гледано 3-4 пати. Но сега кога ме сетивте пак ке го гледам.
     
  7. starfish

    starfish Популарен член

    Се зачлени на:
    31 јануари 2010
    Пораки:
    4.664
    Допаѓања:
    9.717
    Пол:
    Женски
    Изгледа само јас мислам дека филмов е преценет. |(
     
    На tace73 и Trendafilka им се допаѓа ова.
  8. zhap4e

    zhap4e Форумски идол

    Се зачлени на:
    27 март 2011
    Пораки:
    6.332
    Допаѓања:
    101.785
    Пол:
    Женски
    Кој му се гледа пак, бујрум :) јас сто пати го гледав и ќе го гледам 101, само да дозавршам една работа, што ја влечам цел ден :)

    http://www.youtube.com/watch?v=2MqPcOPlgRw

    ^^^ филмов е стар од едно старо време, во кое ваквите филмови палеа, пак, некако и што знам еве ме у денешнинава и не можам да најдам баш многу филмчиња, кои јас лично би ги гледала повеќе од да речеме два пати, пак остатокот ги гледам еднаш или на половина ги прекинувам. А, дека е жива идиотштина од приказна е богами, да. И јас не знам што е тоа магично, што делува врз публиката, не знам ни зошто делува врз мене, но.. ќе го гледам год дем ит! :D :smoke: :party:
     
  9. lolyta777

    lolyta777 Популарен член

    Се зачлени на:
    12 јануари 2011
    Пораки:
    2.337
    Допаѓања:
    6.820
    Пол:
    Женски
    Ако не сум го гледала повеќе од 50 пати, Лолита да не се нарекувам.... :lol:
    Мај фејврт...некои реченици и на памет ги знам...се сеќавате на зборчето синда-факинг-рела :D колку само често го употребувавме со сестра ми...ни беше многу важна уречица и само ние си се кикотевме..другите чудно не гледаа...во смисла што им е на овие :?

    Колку и да не е реална и измислена приказната за проститутка во која се вљубува билионер и доаѓа по неа како принцот на бел коњ, сепак не ме остава рамнодушна...не дека верувам во бајки, туку самиот филм ми е интересен, интересни се сцените како на пр. онаа кога Вивиен ја пее во кадата Кисс од Принц, кога ќе му рече на Едвард - i didn`t like shoping, they were meen to me :D потоа кога ќе и каже на една типка дека Едвард го користи само за секс, кога одат на опера и нема да знае како да ги намести очилата-двоглед...ма има еден куп сцени :)

    Убава тралалјка-како што јас милувам да си речам, филмче за тепање време и кое може да ве насмее.
    Еве една интересна сценичка
    http://www.youtube.com/watch?v=LGPbvOir ... re=related
     
  10. Sephora

    Sephora Популарен член

    Се зачлени на:
    5 декември 2010
    Пораки:
    2.690
    Допаѓања:
    4.469
    Абе многу го сакав, си го гледав, класика, ама кога подобро ќе размислам некако се ми делува пренапумпано добар. :?:
    Може сум јас, ама веќе и не ми се допаѓа толку.
     
  11. Seznajka2

    Seznajka2 Истакнат член

    Се зачлени на:
    28 мај 2011
    Пораки:
    590
    Допаѓања:
    118
    Супер филмче,го имам гледано 2-3 ...
     
  12. Trendafilka

    Trendafilka Форумски идол

    Се зачлени на:
    28 декември 2009
    Пораки:
    5.941
    Допаѓања:
    27.512
    Знаете како секое семејство си има еден филм кој се извртел повеќе од 10-тина пати по дома?
    Епа нам ни беше овој! :D
    Многу го сакавме со мајка ми, јас сметав дека Џулија Робертс (Вивиен) е олицетворение на убава и паметна жена, а не можев како мала да сконтам дека е всушност дама на ноќта. :D
    Мислев дека е само сиромашна, затоа е облечена во такви партали, а кога му понуди кондоми на Ричард Гир на прашањето што се, мајка ми ми одговори - мастики сине. :^)

    Па еве ја мојата целосна збунка во врска со филмов.
    Многу го сакав делот со фустанот за на операта и ѓерданот, па колку плачев кога се скараа, па за малку ќе си отидеше...

    Го гледав пред неколку месеци, чисто онака од носталгија и сфатив дека филмот е неверојатно глупав, бајковит и нереален.
    Убаво рече Старфиш - преценет.
     
  13. LilBaby

    LilBaby Популарен член

    Се зачлени на:
    11 мај 2011
    Пораки:
    3.458
    Допаѓања:
    7.883
    Не сум го гледала бе.. :^)
    Ама некако причава ми личи на една книга „Вљубена жена", што ја имам прочитано.
    Ееее, се намамив сега, да се искупам, ќе го симнам филмчево.

    Убаа жена шета по улицатаааа.. :music:
     
    На bibip му/ѝ се допаѓа ова.
  14. malechkata

    malechkata Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 март 2010
    Пораки:
    562
    Допаѓања:
    1.141
    Филмов првпат го гледав сношти, заедно со сестра ми.
    Можеби и сум го гледала некогаш кога бев мала, но баш и не се сеќавам.
    А, можеби и да почнал некогаш на ТВ, најверојатно програмата веднаш била смената од страна на мама и тато.
    Сцените не се кој-знае-колку експлицитни, но сепак не се за мали деца.

    Anyway, let's stick to the topic.
    Ми се допадна, можеби затоа што првпат го гледав, а можеби и затоа што сум sucker за романтика и невозможни бајки.
    Најинтересен дел ми беше кога Вивиан отиде на шопинг по вторпат и кога им го плесна в лице на тие кучките што не ја оставија да купува претходниот ден. Oh, yeah! :rock:

    [​IMG]

    Интересен ми беше и делот кога ја однесе на опера.
    Како сум се смеела со одговорот што и го даде на бабата. :D

    Исто, крајот, леле колку совршен. :wasntme:
    Па и тој Ричард Гир, згоден бил некогаш. :wasntme:

    Уште неколку омилени и апсолутно прекрасни сцени:

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]

    [​IMG]
     
  15. Grejsi

    Grejsi Истакнат член

    Се зачлени на:
    13 јануари 2013
    Пораки:
    126
    Допаѓања:
    73
    Класика, дефинитивно еден од најдобрите љубовни филмови во филмската индустирија, а мора и глумците да се пофалат. Не знам само колку пати го имам гледано и никогаш не ми е здодевен, секогаш со иста возбуденост го гледам како првиот пат :)
     
    На bibip му/ѝ се допаѓа ова.
  16. SummerGirl

    SummerGirl Форумски идол

    Се зачлени на:
    10 март 2010
    Пораки:
    13.774
    Допаѓања:
    25.232
    Пол:
    Женски
    Филмов го имам гледано 3 пати. Пред 3 недели го даваа на Сител. Најинтересен ми е делот кога Вивиен отиде во продавницата од која што ја избркаа продавачките и кога им плесна во фаца некои работи.
     
  17. fashion.owl

    fashion.owl Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 август 2013
    Пораки:
    153
    Допаѓања:
    21
    Еден од ретките филмови од тоа време кој стварно ми се допаѓа.
    Се пронаоѓам во Вивиен, во делот кога им се појави во продавницата откако ја избркаа.
    Класика. :inlove:
     
  18. sadangel

    sadangel Популарен член

    Се зачлени на:
    7 март 2010
    Пораки:
    983
    Допаѓања:
    771
    Мене лично ми беше сосема просечен и сосема нереален.
    Ете, секогаш сум била суров реалист па малку повеќе нереалност и фантазија ми боде очи.
    Од друга страна никогаш не сум паѓала во несвест на љубовно романтични филмчиња па цела приказна ми е малку промашена... :angel:
     
  19. Hipica

    Hipica Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 декември 2009
    Пораки:
    14.369
    Допаѓања:
    14.770
    Богаташ ќе се заљуби во проститутка и ќе си живеат среќно до крај на животот.
    Е да бе?

    Ќе се сложам дека приказнава е промашена, мене дури и смешна ми е, ама глумата на главните актери не смее да се занемари.
    Башка и саундтракот :inlove:
    http://www.youtube.com/watch?v=hHBRIkJsk40
     
    На Rama му/ѝ се допаѓа ова.
  20. Lovely93

    Lovely93 Истакнат член

    Се зачлени на:
    9 септември 2013
    Пораки:
    2.637
    Допаѓања:
    2.011
    Пол:
    Женски
    Го гледав прв пат пред една година и од тогаш уште два пати со истото внимание и возбуда. Многу ми се допадна. Убав филм и дефинитивно убав избор на актери. :clap: