јас ја сакам зимата поради тоа што обожавам да носам чизми, капчиња, шалови.. но кога ќе ми текне дека треба да се шетам со испукани усни и испукана кожа на рацете но има и за тоа лек
Зимата ја сакам само заради чизми и капут а за убавината не ми смета многу, сепак постои лабело, капче,шалче, ракавици и РЕШЕН ПРОБЛЕМ !!!!!!!!
Го сакам снегот, ама кога ќе помислам како е кога се топи, па и кога ќе подмрзе, како се лизгам со чизмите еееее не. Инаку убавина во зима- нема! Барем за мене, со мојата алергија на ладно сум далеку од убава.
Сакам зима само да не дува, за мене е катастрофа коа дува бре... тоа солзи се лијат кога ќе ме видат сите мислат дека плачам, е и носот ми е секогаш црвен во зима ... сепак ја сакам зимата, ја обожавам зимската мода, посебно плетените парчиња облека Лицето малку посуво од вообичаено но се се средува, сакам да сум стегната и натрупана со облека
Да,стварно Зошто толку негативен став околу зимата? Гледајте ни ги предностите што ни ги дава? Во зима можеш да се дотераш како сакаш, а да не ти студи Добро сега во исклучоци кога надвор е -20 Можеме да ставаме пудра за разлика од лето, зашто во зима таа ја штити кожата, има хидрадантни лабела,кремови за раце итн инт. Јас лично обожавам да носам капут, високи чизми, туника со хеланки, кожни ракавици, шалче (капа не) Во зима се чувствувам магично!!! А пак во лето што и да праиш, ќе се потиш, ќе ти биде жешко... Златна зима!!!!!
Ја сакам зимата , снегчето чизмички ама имам еден проблем... Знам дека многу нема да веруваат (чудно е знам) имам алергија на ладно се ме чеша ми се подувува устата очите како на жаба ми се праат и ред труги работи ((((
Jа обожавам зимата! Eптен ја сакам зимскава мода, особено плетените работи, џемпери, шалчиња, капи потоа капути, чизмичи, многу си сакам тие работи. Го сакам дождот, го сакам снегот! Има убавина во зимата. E сега тоа за испуканите усни, постои лабело хехе се зезам малку, и јас мразам кога ми пукаат усните и ми се суви, но со малку лабелце од мед и млеко се се средува
Па за мене најубавите модни комбинации се есенско-зимските. Ги обожавам тие колекции значи. Можеш да се облечеш како сакаш, да комбинираш бои, парчиња, бидејќи треба на себе да имаш повеќе отколку вообичаено од облека до аксесорис. Обожавам чизми, оние до глужд, а особено оние над колена. Колку се само женствени и секси! Истотака обожавам џемперчиња, блузи по долги. Обожавам притеснети јакни и капутчиња, интересни модели има многу и убави бои, секогаш има убав избор. Обожавам убави капчиња за на глава, женствени ракавици, убаво шалче... едноставно обожавам да си купувам зимска облека
Јао, што сакам вакви работи . Посебно оние капчиња што имаат пуфка на нив, и оние што ги покриваат и ушите !
Се сложувам со горе наведените мислења...Обожувам плетени работи,капи,шалчиња итн.Едноставно сакам да се облекувам подебелко
Зима = плетено Обожавам плетено!! Шалчиња, капчиња, џемпери, потколеници и сл.. Интересното во зимските аутфити ми е тоа што можеш фино-лепо да се пренатрупаш со облека и пак да изгледаш убаво. Секако ако знаеш како да се пренатрупаш
Во зима не гледам ништо убаво освен ладни стапала, раце, црвено носе. Тоа што еднаш или двапати ќе ни падне снег и ќе не пали за миг зимската идила за минутка се топи, ајде де 2-3 дена највеќе и добиваме прекрасен кал и убаво сивило. Минусни температури се посебна прича за себе, и свети волнени и плетени работи не ја вадат работата а додатен ефект кој ти е гратис е наелектризирана коса. Ако имаш финансиски средства па киднеш некој викенд на планина и ја доживееш убавината на зимата односно зимската идила е то поштуем . Ок, ја мразам зимата, си сакам сонце.
Јас искрено не гледам никаква убавина во зимата, ич не ја сакам(со исклучок кога ќе падне првиот снег)...кога ќе почнат големите студови од дома не ми се излегува, мислам дека би се пикнала во каминот. А што се однесува на зимската облека да, ја сакам, има преубави работи за комбинирање, но сепак зимата како годишно време не ме воодушевува воопшто.
Си ја сакам зимата... Сакам плетени шалчиња и капи, чизми, капути, сомотни панталони... Топлината што доаѓа од печката, топлото чоколадо, ќебето околку мене... И сакам да шетам во зима по снег, па не мора и да има снег, едноставно обожавам пешачење тогаш а чуството кога ќе си дојдеш смрзнат во топлиот дом е прекрасно...скоро прајслес
Искрено многу повеќе ја сакам сувата, сончевата есен. Една убавина во зимата што да ви кажувам, па кога ќе падне снегот, па се се лизга не можеш ни со штикла ни ништо - ни рамно бре не те спасува, ништо. Па цела си валкана кога ќе почне да се топи а да не речам колку си мокра затоа што нитуедна кондура не е имуна на оние мочуришта кои знаат да се створат - ич немам мерак бре да се облекувам убаво во зима А есента е нешто друго и есенската мода е нешто што ми лежи ко султан на диван! Земјени тонови, лежерни широки парчиња, чизми, ноншалантно префрлени парчиња, шалчиња, плетени фустани - е тоа е нешто во што јас се чуствувам како во втора кожа. Па хулахопче, па ракавици, па капче, е во тоа е убавината. А во зима не се чуствувам убаво затоа што сум натунтана ко кромид, милион слоеви и ми се плаче кога ќе ми текне што се треба да наметнам или да см’кнам. Да не ти се приоди во веце бре од толку парчиња, ми иде и пелени да си ставам. Шеташ ко робокоп, не дај боже нешто да те чеша - ау муки! Не сакам, есен, пролет и лето ми се доволни - сосема би била задоволна кога зимата би ја снемало од градовите, нека си постои само на планина ај - да не мрчат скијачите, инаку ЈОК за зимата Аха ги гледам сликине горе, све фино и убаво изгледа - на слика, ама да ве видам така облечени на минус 10 а не дај Боже во Русија - јајникот има да ви смрзне! Бррр не сакам зима.
Сакам есен, пролет. Лежерно облечена. Ни топло ни ладно. Баш сум си убава тогаш . А зимава не ја можам. Позимурливо суштество од мене нема. Секогаш ми е ладно. Цело зимо сум со боди, па ролка, па џемпер, хулахопки, темо чорапи, па фармерки. Капутот ми тежи уште толку. А кога ќе се разврне и развее, смрт ми е. Чадор кога носам како цела приколица од трактор да е заврзана за мене. Борба си водам по улици. Па ветерот ми го превртел чадорот, ташната полна ми се лизнала, мразови. И еве да не претерувам ја сакам зимата само кога се е покриено со снег. Тогаш ми е лесно на плуќиве. Ама 2-3 дена откако ќе се растопи .
Со оглед на тоа дека сум многу зимурлива, едно големо не за зимата. Мене нон-стоп ми студи, ми иде да влезам во печката, честопати и си легнувам на неа и се врткам како прасе на ражен, неможам да се стоплам, таман си стоплил грб, ти студат стапалата, па ај нив стопли ги, па пак сврти се , па затворен внатре, сабајле не ми се станува од што ми студи, свиткана, стутулена во златна постела, а треба да се стане, па викај цело време-затвори врата, а па кога ќе почнат настинки....убавини Не сакам ни дожд, ни снег...кога ќе видам дека заврнало се ежам, ми иде да го преспијам тој ден, трчај во градинка, пази малата да не накисне, трчај на работа.... ни чадор не те спасува ако врне косо, стигнуваш како прокисли врабец, мразам мокро. Да не спомнувам и ако случајно ти пропуштат кондурите, па нозете ти се жива вода, смрзнати, а не можеш да се исушиш.... а ми иде да ги соблечам чевлите и оп нозете на парно и суши чАрапа, па една арома кога ќе те мавне-а бе зимски убавини Плус и не можеш да излезеш надвор кафенце да се напиеш ако студи, уствари можеш ама ќе се тресеш и ќе се осеќаш како пингвин. А ако нешто сакам тоа е утринско кафенце на тераса, незаменливо. Сакам рана есен и сакам пролет, најубавите годишни времиња барем за мене, ниту ти е топло, ниту ладно, таман Ги сакам и поради модата, можности за експериментирање и комбинирање колку сакаш, сакам слоевита гардероба...сукњичка, фустанче, холахопче, чорапче, чизмичка, кошулче или блузичка/ролка, џемперче, елече, па шлагот капче, шалче, марама, ракавички, капутче...милина Убавината во зимата ми е само да гледам како врне снег внатре на топличко, да ѕиркам низ прозор на сигурно... на тазе паднат снег да излезам на прошетка, да го слушам како ми крцка под нозете, убавини и радост ми е и кога ја санкам ќерка ми, не можам да ја приберам, ама затоа кога ќе влеземе дома, пресоблекување до гола кожа, па не можеме да се испосушиме...е тоа ми е смрт.
Хидратантен крем на лице некои 15тина минути пред да излегувам, лабело на уста. Зиморлија до тука бидува сум. Да почне некој да ме соблекува на зима, што не ќе излезе од мене. Дури и срам ме фаќа. И пак ми е ладно. Марама, капче. Чизмичиња, палте. Волнени работи премногу сакам. Ем купувам, ем мајка ми ми плете. Убаво ми е во зима, само што студот ми е смрт. А сакам снег, многу.