Јас мислам декатие две работи одат заедно. Ако е човек здрав, винимава на исхрана, спортува, не пие, не пуши.... автоматски тоа се рефлектира на физичката убавина. Доколку човек не внимава на погоре споменатите работи тогаш не може да биде здрав а човек кој не е здрав тешко дека ќе може да биде убав. Можеби одредено време да, но на долги стази тешо. Ако пак убавината автомацки ја поврзувате со диети, прегладнување итн и правивте паралела што бирате здравје или убавина мислам дека може да се има витко тело убав тен, а да притоа имате добра крвна слиа и не пагате во несвест. Она што е потребно е само здрав начин на исхрана, квалитетен сон од најмалу 6 часа, без непотребни нервирања, спортување или барем доста движење... Никој не умрел од премногу движење и работа ама од лежење умираат многумина секој ден. Сево ова го кажувам за да ја извлечам поентата дека не треба да бирате можете да ги имате и двете, не е тешко само треба да се створат навики.