Спојлер Ако е потребно нека се премести темава Што ве привлекува повеќе, на што не можете да одолеете и какви сте ? Убави или шармантни? Мене лично поубави ми се шармантните луѓе, зошто во секое издание едноставно зрачат со некоја позитивна енергија, а шармантни се и на постари години. Додека убавината е минлива и мораш да ја одржуваш. Мене многумина ми делеле комплименти дека сум шармантна, иако не се чувствувам така. Повеќе се чувствувам убавка.
Дефинитивно би избрала шарм. Не можам да одолеам на тоа. А лично за мене и сметам дека сум шармантна.
Јас би избарала шарм. Нели шармантните личности не привлекуваат со надоврешната убавина... туку со нивниот карактер... под шармантна личност подразбирам да ми е пријатно во нејзино друштво.. да е интересна, да знае да те насмее.. едноставо секогаш да шири позитивна енергија.. јас лично не се сметам за нешто убава .. ама со моето однесување мислам дека ги привлекувам луѓето, така да се сметам за шармантна личност... ова многумина ми го имаат тоа кажано
Јас повеќе паѓам на шарм, смешно е ама ми се случило да бидам со некој кој на прв поглед не е толку убав ама ќе го има сепак онај шарм што ќе те стопи
Би избрала шарм.Бидејќи едноставно ако поседуваш шарм ќе шармираш секогаш а,убавината треба да се одржува постојано и е минлива.А,пак дали сум шармантна личност незнам..
Шарм, дефинитивно. Како што може шарм да освои, ништо не може. И убавината освојува, меѓутоа минлива е, но шармот е вечен. Шармантен може да биде човек на 25, ама и на 55. Шармот или го имаш или го немаш. Познавам луѓе кои се толку шармантни, што кога ќе се појават некаде сите во нив гледаат, едноставно тоа излегува од нив и привлекува. Шармот е нешто што зрачи од луѓето, ама како што кажав, или го имаш, или го немаш. Не сите убави луѓе се шармантни, и обратно (да не се сфатиме погрешно, секој си е убав на свој начин, тука зборувам за онаа „комерцијална“ убавина, со пропорционални црти на лицето, правилно распоредени, што се смета за најблизок идеал до нештото наречено „убавина“). На пример, Patrick Dempsey од Grey's Anatomy мене ми е крајно шармантен маж, а сепак не е совршен убавец, во смисла, ете, има малку поголем нос кој му доаѓа до израз, но сепак го има ТОА нешто што го прави привлечен
Контрадикторна во врска со ова... Велат дека убавината иако е минлива, ниедна вистинска убавина не е заборавена, ниту ќе биде. Спојлер (меѓутоа шо ќе ти лепота ако си глуп ко точак)... Од друга страна пак, шармот ги задржува личностите во близина.. И сасвим ок е, се додека можеш да шармираш, односно привлечеш со јазикот на телото, гестикулациите.... но затоа пак, потребна е убавина за да привлече кај оние кои се шармантни само на зборови... Ако треба да бирам едно, иако имам спротивставени ставови тука, сепак би избрала шарм.
Sepak i dvete vo paket. Iako ne poznavam ubav chovek koj nema nekoj vid na magnetizam Poznavam i ne tolku ubavi lugje koi ete, uspevaat da ja sharmiraat okolinata, no mene toa ne mi e dovolno - not my cup of tea.
Убавината бара посветеност, нега и одржување. Шармот е константен и непрокосновен. Не секој го има и не секој умее да го изрази. И малку шарм ја нагласува убавината која може да биде сенка. Кога се споени тоа е како да не постои темнина. Ако треба да бирам, избирам шарм. За мене е неодолива и незаборавлива карактеристика кај една личност што ја прави исклучителна во средината.
Секој индивидуално гледа на вас. За некоја личност можеби сте убави, а за друга шармантни. Шармантноста повеќе ја категоризирам како машка особина, чисто заради тоа што машките не користат декоративна козметика за разубавување и не можат да добијат повеќе на убавина. Жените можат. Шармантен тип секако дека привлекува внимание. Не мора да е убав, но начинот на кој се однесува, пријатниот разговор што го води со вас и тоа како влијаат на вашата заинтересираност. Јас би повеќе за шармантен тип
Шарм, дефинитивно. Не ми е толку важна убавината. Поважно ми е да знае како да ме освои на прв поглед, начинот на кој што разговара со мене, однесувањето. Отсекогаш сум ги сакала шармантните мажи.