Оксана Титова и Маша Тимошка се руски манекенки од кои сум многу инспирирана за мојот изглед.не ги пронајдов никаде на форумов па еве да се запознаеме и со нив
Еве јас прв пат ги гледам ,не се лоши, но никогаш не ме фасцинирал толку лажен тен ниту пак ваква коса , фан сум на малку поприродна убавина .
Шта је ово бре. Сериозно мислам дека мерилата за убавина и се останато се изместија до граница на лажен тен и дак фејсес. Е тоа е ироничното и трагичното во целава приказна. Kичести ми се до немај каде, а предосеќам и глупави дека се.
за нив дознав во лажниот свет на профили на фб.имаат стил на облекување тоа што е покажано погоре не ни малку од тоа како тие се облекуваат.и да вистина имаат природна убавина само се тргнати во погрешни насоки.
Искрено не гледам ништо во нив. стилот им е очаен, од глава до пети се лажни, на нив нема никаква убавина или посебна црта. А како што гледам животот им се сведува на фб сликички со кои си го полнат егото дека ги копираат.
Овие толку се пластични, уште мирис на кинеско им фали. Убавина, да Колку треба да си будала, да имаш потекло од една од земјите од каде што потекнуваат едни од најубавите жени во светот, да ги имаш тие типични обележја, и да ги уништиш со препечен тен и препечена коса. Смрди на изгорено бре!