3епизода сцената Spoiler катерин и сестраи кога зборува дек он не им бил татко хм глупаво изведено од катерин,немашE смисла 28ми нова епизода интересно и романтичNо
Beauty and the Beast Season 2, Episode 5 Reunion Со душа чекам да излезе и оваа епизода т.е сите чекам со душа да излезат.
Ја запоставивме оваа сезона,првите две епизоди ги видов и некако не ми беа динамични како во минатата сезона.ај си велам сега околу празнициве ќе сме послободни па ќе ги стигниме на тв.епизодите па да продолжиме.колку епизоди поминаа од оваа сезона?
Е па супер 6-7 епизоди не се многу може да се изгледаат за ден два,и таман мислам со празнициве и на пауза се,нема сигурно нова епизода до јануари да има
Среијава ја гледате на AXN? Таму ја има и е многу убава,ја гледам кога ќе ја начекам !А од што е тој таков на лицето не сваќам баш?
Серијата е предобра,иначе Spoiler лицето му е такво бидејки додека бил на испитувањето во војска(кога му ја промениле днк-та, он кога сакаше да ја избрани докторката еден војник му го исече со нож,ама не се скирај во 2ра сезона ке му го тргнат белегот
А бе денешната епизода си ја гледав и се си беше добро,нарочито она кога ониие и играја.. Ама што мораше онааа на крај да излези и да речи-Знаев! Ако си знаела сочувај го во себе не гледаш дека за малку ќе се смуваат ух
Колку прекрасна серија... навистина штета што не е доволно позната, искомерцијализирана и мејнстрим да речам, бидејќи така има шанса да се укине... би било огромна штета, но ајде ќе се надевам дека нема да ја укинат. Освен интересното сценарио и одличната глума, најмногу ми се допаѓа начинот на кој е режирана. На пример, иако се работи за лик со натприродни моќи како главна тема, сепак успеале да задржат допир со реалноста. Знаете на оние навидум "небитни" сцени, кои мене ужасно ме иритираат, кога од спиење се будат со беспрекорна шминка за вечерно излегување, или пак по дома се шетаат со штикли и дотерани... нема тоа овде, навистина внимавале на детали. Ненормална хемија меѓу актерите, емотивни моменти, одвреме-навреме и хумор... Прекрасна серија, пак ќе кажам и многу ми е криво што серии како the vampire diaries кои уште се вадат на стара слава, а приказната одамна избледела, се попопуларни од квалитетни серии како оваа и многу други слични...
Во последно време серијава многу ми прирасна за срце. Сакам да има уште сезона, ама и да заврши само со две сезони нема да ми биде криво само под услов да заврши како што треба, Кет и Винсет заедно Страв ми е дека ако ја продолжат за уште една сезона, ќе ја уништат, ќе ја искомплицираат и нема да ми биде интересна, а главно тоа го прават во скоро сите серии што сум ги пратела и после веќе гледам ради-реда. Инаку што се однесува до вторава сезона, од почетокот па до сеа некако многу работи ми се исподешаваа и малку се збунувачки до негде за разлика од прва сезона што според мене беше малку подобра. Ме нервира цела оваа драма околу Кетрин, Гејб и Винсет, значи дај ајдеее како уопште Кет може да биде со Гејб. Глупо ми испадна што одма се скараа нели со Винсет, готово крај и не почека ни малку одма со Гејб се сплетка, а ни самата уште не го преболела Винсет и уште паметот и лета натака. Ја сакав како лик од почетокот многу, а сега со оваа постапка искрено ме изнервира. Мислам немаше ништо да и се деси ако останеше сама малку да размисли па да донесе одлука. Затоа и ми беше глупо кога умре Тори, зашто она многу повеќе го заслужи Винсет. И серијава се вика убавицата и ѕверот нели, ако не завршат заедно на крај многу ќе се разочарам.
Се прашувам зошто не сум почнала порано да ја гледам серијава. А, ни темава ја немав видено до сега. Еееептен е заразна. Не сакам да читам спојлери, дури ни блогови на тамблр не фолоунав, ни на фб не ја лајкнав страната. Се тоа за поинтересно да ми е. Вечерва ја почнав и изгледав 5-6 епизоди. Сигурно ќе ги изгледам двете сезони за една недела, како што сум тргнала. Ми се допаѓа што брзо се одвиваат настаните. Главните ликови се совршени еден за друг. Толку. Саундтракот, сега за сега, им е О-Д-Л-И-Ч-Е-Н, а верувам дека и понатаму е.
^ Само имај у предвид дека втора сезона не е целосно емитувана и дека има големи шанси да биде укината. Нажалост.