Толку се опседнав со серијава што ги изгледав сите 38 епизоди за 6 дена. Не знам дали дека одеднаш ги изгледав или дека е стварно добра серијава, ама омилена ми стана. /\ Винсет е толку неодолив што почнав да го сонувам. Не се шалам кога викам дека се опседнав. Во вторава сезона е многу поубав, со кратка коса. Според насловов, Кетрин не е некоја убавица, ама пак е слатка. Spoiler Во некои моменти ја направија Бетмен, мислиш со секој ѕвер може да се справи, ама океј. Кој НЕпар беа со Гејб..чудо едно. Среќа што издржаа само неколку епизоди. Немаше ни хемија меѓу глумците и во никој случај не си одговараа. ЏејТи ми е многу интересен лик, со сите тие негови иронични одговори. Срцкаст. Не би била иста серијава без него. Друго што ми се свиѓа е што брзо се одвиваат настаните. Некогаш дури и премногу брзо, затоа би било најдобро да завршат само со втора сезона. Успешно, но сигурно. Има серии каде можеш да испуштиш две-три епизоди и пак да сфатиш се, ама тука некако се се одвива брзо, се откриваат нови работи цело време. Сега нестрпливо чекам јуни, да почнеме да коментираме во темава.
Ама како Кетрин го сака Винсент иако тој 2 пати ја напушти... Го мразам веќе Винсент. Поубав е Еван! Штета што умре... инаку ја изгледав 2ра сезона, мислам 16те епизоди... Подобро ќе беше да си остане со Гејб, барем нема така да ја напушта и повеќе и верува. Кетрин кажува на Винсент верувај ми, добро ќе бидам, овој доаѓа по неа и паѓа во неволја... смотан.
Стално ја фаќам на АХН серијава и ги гледам измешано епизодите,така да сега по ред си почнав. Овој Винсент ми е многу секси,што вика Елена,уште да го сонувам Кетрин е убавка,ама многу бедес испаѓа во некои ситуации и ме нервира Џеј Ти е одличен,ја збогатува серијата со своите саркастични досетки. Мислам дека можеле подобро да ја оформат приказната,уште сум на прва сезона,ама доста бавно ми е дејството и на моменти досадно. Читам натака ќе биде подобра,така да не ја оставам.
Убаво што почнаа да ја даваат повторно од почеток на AXN И јас како Маросса и Елена сум опседната со Винсент.Боже совршен е,и со лузна и без неа ! ^ Душиња
Ја погледнавте новата епизода? Не знам дали ми помина меракот за серијава или стварно беше досадна епизодата. Толку чекање за ништо. Spoiler Единствено крајот беше океј, кога ја киднапираа Кетрин. Мала доза возбуда. Гејб ми е на врвот на неомилени личности. Ме иритира гласот негов, па уште ако е попратено со срцепарателно сценарио, ми иде да му врзам два - три шамари. Може ќе чекам да заврши цела сезона, па наеднаш да си ги изгледам сите. Така барем полесно ќе ги "сварам" лошите епизоди.
Со англиски превод. http://itvmovie.eu/watch-movie-online/beauty-and-the-beast-season-1-5819-1-1.html
^^Ја има и на vojvodinanet.com со српски превод. И јас да се пожалам на последната епизода,ако Винсент пак исчезне,или пак Кет да ја нема,ептен ќе биде глупо.Аман не ги оставија да бидат заедно една асална епизода Инаку си ги сакам двајцата заедно,ама Винсент беше прав кретен оваа сезона,а Кет многу брзо му прости. Гејб ми е срцуш,ептен си го сакам,ама немаат никаква хемија со Кет,тотален мраз А Тес и Џеј Ти не ми лежат многу како пар,не знам зошто,онака не ми се поклопуваат,ама може ќе си го сменам мислењето понатака.
На почеток ентузијастички почнав да ја гледам серијава првенствено ради различната содржина и недостигот на вампири и слични створења а особено ради лепотата на Винсент.Но некако во последно време многу е тупа и без содржина која би те натерала со душа да ја чекаш наредната епизода. Некако многу чудно се одвиваат дејствијата нема неизвесност нема возбуда.Кет и Винсент скарај се -смири се,заедно се -разделени се и се околу тоа некој заминува на некој нешто му се дешава.Никаква возбуда. Некако ме разочарува,сакам да ја гледам и да има повеке сезони ама мораат некако да го оправат дејствието и да донесат возбуда бидејки со вакво темпо чудо ке е дали ке има уште една сезона максимум.
Веќе не ми се допаѓа серијава. Ќе има нова сезона? Цела приказна се врти во круг, па да не си го губам за џабе времето. Ќе ги догледам уште двете епизоди од оваа сезона и толку од мене.
Исто и мене на почеток кога ја гледав беше сосема приказна со винцент и катерин а сега е сосема ама сосема друга работа новава сезона ја пуштам да гледам и немаше нешто за гледање без врска се преварте се во филмов.
ау,не незнам кога ја даваат на AXN,мислев дека така прашуваш Spoiler јас ја гледам online,па си помислив дека и ти гледаш така
Конечно,ја завршив сезоната Серијава,некако е многу поразлична од другите серии.Една од причините,поради кои сметам дека е различна,е нејзиниот крај.Не само на епизодите ,туку и на сезоните.Некако многу слатко завршуваат.А кај другите серии на крајот нешто бум ќе се случи и ќе те копка цела недела и ќе неможеш да издржиш да видиш што ќе се случи. Многу ми се допаѓа тоа,ги обожавам Кет и Винсент Spoiler Баш ме интересира што ќе се случува понатаму и кој ќе биде "лошиот",сега кога Гејб умре