1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убави жени

Дискусија во 'Кафе-муабети' започната од Цопетиња, 21 август 2016.

  1. Цопетиња

    Цопетиња Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски
    Дали се согласувате дека убавите жени покрај тоа што може да се "снајдат" некогаш полесно во животот , тие честопати се небрежно отфрлени ?
    Пример : многу мажи не сфаќаат дека убава и паметна девојка може да е љубопитна и комуникативна , а притоа да нема никакви симпатии према соговорникот .
    Мажите се срамат од убави жени и се повлекуваат во себе ,стануваат некомуникативни мислејќи дека разговорот нема да може да се одвива поради "скриените симпатии" меѓу соговорниците.
    Честопати на коктел-забави убава , паметна и културна дама бива "потиснувана" или "тестирана" од други жени-соговорници ....
    Убавата жена иако не презема никакви акции може да се случи да биде доминантна во друштвото . Дури иако молчи. Жално е што многу девојки/жени се чувствуваат "загрозени " од ваквите дами, па прават сѐ за да го задржат вниманието на себе и да ја фрлат во сенка лепотицата правејќи ја помалку вредна интелектуално или како било.
    #NotCool
     
  2. zokipoki.1

    zokipoki.1 Истакнат член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2016
    Пораки:
    397
    Допаѓања:
    1.283
    Пол:
    Машки
    Drzi voda muabetot....no vnimanieto sekako deka prvicno go privlekuva ubavicata sto ne znaci i deka ke go zadrzi ako si ima harizma , odnesuvanje,znaenje,uctivost ..ako ne se pokaze kako lesna bez ovie psihicki atributi...vo sprotivno moze da bide pogazena od pomalku zgodna licnost so posolen karakter koja znae kako...licnost so smek..
     
  3. Цопетиња

    Цопетиња Активен член

    Се зачлени на:
    1 август 2016
    Пораки:
    3
    Допаѓања:
    14
    Пол:
    Женски

    Да да , секако .
    Алудирам на девојка со харизма , однесување , знаење и учтивост :)
     
    На zokipoki.1 му/ѝ се допаѓа ова.
  4. Аргентина *

    Аргентина * Популарен член

    Се зачлени на:
    19 јули 2015
    Пораки:
    2.714
    Допаѓања:
    5.725
    Пол:
    Женски
    Точно е тоа. Исто колку е поубава жената поединечно, проблемот со објектификацијата знае да биде поприсутен.
    Се е напишано, кон темата би додала дека и убавите мажи кои ги има поретко, се често саркастично дочекувани, оговарани зад грб, оној што се грижи за изгледот не бил маж, бил пе*ер нез какви бесмислици....Еден универзитетски професор зборуваше дека маж кој се посветувал да изгледа натпросечно добро пател од нарцизам и дека грижата за изгледот била женска одлика, додека мажот требало да биде мудар (facepalm) Не ни почнувам на колку нивоа е глупаво и погрешно тоа мислење.
    Општествово е отепано, менталитетов тука е колективистички во најлошата верзија, не толерира некој да се двои во било што, не само во убавина.
    Сепак убавината не е товар, не треба така да се доживува. Оние кои лаат против неа, се би дале да си ги заменат местата.
     
    На lerebelle, hermosa и Angie1432 им се допаѓа ова.
  5. Ketchup

    Ketchup a cup full of holy spirit Член на тимот

    Се зачлени на:
    23 декември 2014
    Пораки:
    5.515
    Допаѓања:
    39.564
    Луѓе со голема самодоверба се снаоѓаат полесно во животот, а тоа често се луѓе кои општеството ги смета за физички убави.

    Меѓутоа не значи дека ако изгледаш на одреден начин, животот по дифолт ќе ти биде полесен.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.
  6. MarijaMi90

    MarijaMi90 Истакнат член

    Се зачлени на:
    10 јануари 2020
    Пораки:
    1.003
    Допаѓања:
    11.218
    Пол:
    Женски
    Мислам дека темава треба да се преименува во убави луѓе, не само жена. Иако и вака е ок, ако тој што ја отворил сакал конкретно за убава жена да дебатира.
    Инаку има мн научни студии кои го потврдуваат тоа дека убавите луѓе се попривилегирани во општеството. Тоа сепак не значи дека се посреќни. Исто така, има и ситуации во коишто убавината може да биде и пречка, но сепак преовладуваат предностите.
     
    На hermosa и ForeverYoung им се допаѓа ова.
  7. Fallen.Angel

    Fallen.Angel Популарен член

    Се зачлени на:
    18 јуни 2014
    Пораки:
    2.937
    Допаѓања:
    7.777
    Не знам дали спаѓам во убави жени, но дефинитивно имам мала самодоверба. Поранешен пријател кој имаше чувства кон мене ми имаше кажано дека според него сум убава и има работи по кои се издвојувам од толпата. Еден период кога ептен ме издаваше самодовербата и се осеќав безвредно како вреќа компири, го прашав дали исто мисли, и дали би се дружел со таква како мене. Ми рече дека сега кога нема никакви љубовни чувства кон мене не му изгледам толку убава, но дефинитивно сум имала некој свој шарм.

    Според мене важна е и физичката убавина, но веќе тоа е дискутабилно. За мене не се нешто преубави и посебни овие инфлуенсерки напумпани. Не дека се грди, ама тоа не мислам дека треба да го поседува секоја женска личност за да се каже дека е убава.
     
    На hermosa му/ѝ се допаѓа ова.