Може сте забележале дека во последно време често постирам слики од Охрид во минатото. Иако немаат некоја особена уметничка вредност, самиот факт што овие фотографии постојат и сведочат за едно време кога многу работи биле поедноставни, кога може и луѓето биле попрости, ама и посложни, ете тој факт според мене ги прави достојни да ги постирам тука. Едно време толку поинакво од денешното.