Убиство во Ориент-експрес(Агата Кристи) Книгава ја најдов случајно, во мини библиотеката во апартманот каде бевме сместени за време на летниот одмор. И онака не си понесов некоја книга со мене, па решив да си се послужам. Беше прва книга од Агата Кристи која сум ја читала и тоа ја читав на плажа! Сонце ми удри во глава, изгорев во сред пладне, се направив како ракче! Ама не можев да ја оставам ни за момент! Страница по страница, глава по глава и за еден ден ја прочитав. Премногу ми се допадна, сакам неизвесност и непредвидливост на крајот. И тоа беше предуслов да продолжам да ја читам Агата
Убиство во Ориент-експрес(Агата Кристи) Преубава книга. Неможеш да ја пуштиш од раце додека не ја прочиташ. Се од Агата Кристи е безпрекорно напишано,до самиот крај неможеш да знаеш каков крај ќе има книгата. :up: :up: :up:
Интерсна книга, те влече да ја читаш и читаш во еден здив. Те држи во неизвесност се до самиот крај, кој пак е многу непредвидлив.
Преубава книга, ја имам прочитано! Препорачувам... Како и сите останати од неа.... Агата Кристи е царица за вакви крими-романи! Малку оффтопик, предлог од ваквиот жанр на книги? И по можност со линк за спуштање...
Убиство во Ориент-експрес ја имам читано во основно, а имам гледано и филм. Предобра е, но не можам да ја издвојам како омилена Сите книги и се добри, со одлични заплети и неизвесност која останува до самиот крај.
Книгата случајно ја имав дома и ја прочитав за еден ден. Ремек дело на Агата Кристи. Неизвесна во секој момент, непредвидлива, те тера да читаш се повеќе и повеќе. Една од најомилените книги од Агата Кристи, покрај Вашар злочина и Дивов хлеб
Иако секоја книга на Агата Кристи е различна од било која друга, заплетот и решавањето на злосторството во Убиството во Ориент експрес, неможе да се спореди со ниедна друга книга дефинитивно.
Книгава ми е првиот подарок од дечко ми и многу ја засакав, покрај приказната тука си откривме дека сакаме ист жанр на книги со него. Најискрено ви ја препорачувам да ја прочитате Неочекуваниот гостин од А. Кристи и слободно останете со подзината уста на последната страница!!!!!!!
Бидејќи не ја најдов книгата Гора од Тагоре,му предложив на професорката оваа книга да ја читам(бидејќи таа на секој ученик му дава книга да чита и кога ќе ја прочита да ја раскажи на час)...е јас ја имам оваа книга во домашната библиотека и сега наскоро ќе почнам со читање...кога ќе ја прочитам ќе ги напишам моите впечатоци овде
Мојата редовна дрога. Одамна престанав да бројам колку пати ја имам читано наново и наново. Летово кога и да идев некаде си ја земав во мене и во два дена по еднаш ја читав цела (кога идеше силно сонцето, ми се лошеше и идев под сенка и постојано оваа ја читав). Ја имам во мојата домашна библиотека од кога бев 3-4 одделение и од тогаш си ја читам ...
Пред три-четири години почнав да ја читам ама уште не сум ја довршила Којзнае во која фиока ми е, кога ќе ја најдам и кога ќе имам повеќе време веројатно би ја прочитала.
Една од најубавите книги на Агата Кристи. Многу добар лик ми е Херкул Поаро, кој што се појавува во повеќе книги. Дејствието во книгата интересно, напнато, возбудливо. Добар е и филмот, стар е многу ама тоа е тоа.
Сите книги на Агата Кристи кога сум започнувала да ги читам ми биле... онака ама после доаѓа тоа што не ти дава да ја оставиш книгата на раат. Оваа ми е една од најинтересните, навистина вреди да се прочита. Посебно што сакам книги кои завршуваат секако само не така како што мислите. Ве мава еднаш квалитетно од земја и не можеш да се соземеш со денови. А посебно треба да ја прочитаат тие што се љубители на криминалистички книги. Ќе ви работи мозокот 200 на саат, милион прашања и подпрашања ќе си поставите и сто пати ќе се посомневате во сите ликови и пак на крај ќе испадне нешто што никако не сте го ни помислиле. Сакам да читам книги од Агата, страшно добри се. Посебно ме фасцинира тоа на каков начин се пишувани и интелигенцијата на самата писателка.
Ова ми беше првата прочитана книга од Агата Кристи... Толку многу се фасцинирав што еден период од библиотека земав само нејзини книги кои исто така вреди да се прочитаат... Сакам криминалистички романи а посебно тие напишани токму од оваа авторка. Напишани се на интересен начин, на почеток можеби малце досадни но секоја следна страница станува се поинтересна и повозбудлива а крајот ве остава без зборови.
Ја имам читано и ми се допадна, како и сите досега прочитани дела на Кристи. Овој нејзин роман, како и другите, ме изненади со својата мистерија и не ме разочара воопшто.