Сите книги на Агата се убави, но оваа ми е прва и вооедно најомилена,ја прочитав за еден ден, не можев да ја испуштам од раце Но сепак Агата после некое време станува предвидлива, така да не препорачувам повеќе од 3 нејзини книги годишно
Ја читав пред некој ден и веќе ја сместив во моите топ 10 книги. Преубава книга се до самиот крај беше неизвесна. Сите ми беа сомнителни и не можев да одлучам кој е виновниот. Само почетокот малку беше предолг, но сепак беше одлична. Ми се допаднаа и француските изрази што беа во книгата.
Ја имам читано пред 5-6 години и ми беше во топ 10 и сеуште ми е. Кога излезе филмот неможев да дочекам да го гледам, кој исто така многу ми се допадна.
Не сакав да го гледам филмот додека не ја прочитам книгата прво. Сега се сетив дека уште не сум го гледала, а книгата ја прочитав, прва од Агата Кристи, а цел живот пред очи ми е колекција книги од Агата Кристи на српско-хрватски Мислам дека наскоро ќе им дојде и нив ред за читање, со оглед на тоа дека оваа ми се допадна.