Девојки ме касна комарец на раката и ми се направи мозолче. На братучетка ми исто ја касна и се направи мозолче и сега и остана белег. Ве молам ако знаете кажете што да направам за да ми помине. Фала однапред.
Не го чешам. И братучетка ми не го чешаше но сепак и остана белег. Заради тоа секогаш кога излегувам ставам средство против комарци но овој пат не сакав да мирисам на лимон и затоа не ставив.
На братучетка ми и остана лузна јас мноу се штитам од комарци но сега успеа да ме касне еден една другарка ми кажуваше за нешто како пудра за лузни било имаше таа лузни и ставаше од тоа и сега нема но заборавив како се викаше повторно ке ја прашам како се вика и ќе ти кажам и на братучетка ми да и кажам многу се нервира.
Стави или гел Фенистил или маст Синопен, ќе ти помине чешањето , не го допирај не би требало да ти се направи лузна ако не го чепкаш.
Штом приметите дека ве каснал комарец, намачкајте го местото со внатрешниот дел од лушпата од банана. За 15 мин. ништо ќе нема. Проверено.
Комарци Синопен-маст, помага за намалување на црвенилото и чешањето од убодот од комарецот. А исто така можеш и со оцет.
Комарци Де бре женски толку ли сте нежни, за еден убод од комарец цела тема Што да кажеме ние од Кочани, ги имаме и за продавање
Кога ќе ме касне комарец јас не можам да не го чешам ќе го расрвавам од чешање навика ми е ништо не ми помага и гелови и мачкање и се Имам блага крв и одма сите комарци на мене зошто на татко и не му се лепат туку одма мене тој преку лето нема ни 1 убод од комарец а јас последниов одмор ги броев имав 28 убоди и упорно ги расрвавев и нема спас
Баш во Кочани на неколку дена бев а алергична сум на комарци кога ке ми се подува , огромну станува и многу ме боли како оток ми станува , значи ме касна под окото , окото ми се затвори и наредниот ден качив температура и морав инекции да примам по 2 на ден за побрзо да ми спадне отокот и темп.така да не е шега има веројатно и други како мене и истата мака