1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Убод од комарец

Дискусија во 'Тело' започната од m.W.a, 13 јули 2012.

  1. Jagoda123

    Jagoda123 Популарен член

    Се зачлени на:
    26 април 2012
    Пораки:
    2.467
    Допаѓања:
    11.105
    Пол:
    Женски
    :!: Тие се викаат мозолчиња, не убоди од комарци! :^)
     
  2. Milky.Way

    Milky.Way Истакнат член

    Се зачлени на:
    29 мај 2013
    Пораки:
    233
    Допаѓања:
    72
    Пол:
    Женски
    Како што веќе кажаа Синопен или Фенерган ако имате веднаш помага, но ако немате, за да го намалите чешањето напраете икс со ноктот и веднаш ќе престане или ставете коцка мраз на местото или намачкајте го со плунка. Имаше една статија на Фемина сајтот за убодите од комарци, ако ја најдам ќе ставам линк.

    Инаку јас ставам Цитрогала гел за да не ме касаат и навистина делува. :)

    Едит: Ја најдов статијата: http://www.femina.mk/%D0%B7%D0%B4%D1%80 ... 1%9A%D0%B5
     
    На cresa-jagoda му/ѝ се допаѓа ова.
  3. l0vE...-love

    l0vE...-love Популарен член

    Се зачлени на:
    8 ноември 2012
    Пораки:
    575
    Допаѓања:
    144
    Пол:
    Женски
    во нашево место ги има премногу едноставно ги мразам :@
     
  4. tirkenbal

    tirkenbal Популарен член

    Се зачлени на:
    19 април 2013
    Пораки:
    1.677
    Допаѓања:
    12.536
    Пол:
    Женски
    Лелел мразам комарци :@
     
  5. tinka-mace

    tinka-mace Популарен член

    Се зачлени на:
    5 мај 2013
    Пораки:
    3.451
    Допаѓања:
    16.463
    Уууууууууффф, толку ги мразам ова комарцивееееееее, ахх!
     
  6. magic.girl

    magic.girl Истакнат член

    Се зачлени на:
    17 април 2014
    Пораки:
    539
    Допаѓања:
    199
    Пол:
    Женски
    премногу ги мразам се на мене се нафрлаат па не е фер :)
     
  7. poenta

    poenta Форумски идол

    Се зачлени на:
    29 ноември 2013
    Пораки:
    5.012
    Допаѓања:
    35.978
    Пол:
    Женски
    Убодот од комарец е неподнослив.Ако веднаш се премачка со јаболков оцет,чешањето се смирува.Само црвенилото побавно се повлекува.
     
  8. TheBlueMoon

    TheBlueMoon Популарен член

    Се зачлени на:
    11 јули 2014
    Пораки:
    312
    Допаѓања:
    645
    Пол:
    Женски
    Јас некаде по сајтовиве прочитав дека престанува да чеша ако на местото се стави загреана лажица.
    Ама не многу, па да се изгориш. Има некоја логика. На жешкото се уништува тоа што го оставаат комарците при убодот.
    Инаку не сум го пробала ова, незнам дали успева.
    Кога ќе ме касне комарец, ако имам, ставам камагел или синопен. Ама најчесто ништо не ставам, чекам само да помине, ако останам воздржана од чешање. :lol:
     
  9. luci22

    luci22 Популарен член

    Се зачлени на:
    7 јуни 2014
    Пораки:
    742
    Допаѓања:
    1.501
    Пол:
    Женски
    Ви препорачувам за убодот да не ве чеша да земете и местото и да го истрљате со свеж босилек, и проверено поминува ;) D
     
  10. Lella

    Lella Moderator Член на тимот

    Се зачлени на:
    2 јануари 2013
    Пораки:
    5.301
    Допаѓања:
    28.805
    Пол:
    Женски
    А јас мислам па зашто толку се замарате за 1 убод од комарец (не важи за тие што сте алергични) затоа толку ве чеша.
    Лелее, ме касна на ногата. И шо сега де, имаш друга.
    Јас целата сум решето и ич не се замарам. Ни мачкам ни триста чуда. Едноставно не мислете на „убодот“ и нема да ве чеша.

    Аман бе луѓе точку паника кревате за ништо, та има многу пострашни работи, та што се не постои, та азиски стршлени, листерии вие за комарците сте се фатиле. :|
     
  11. Fruity

    Fruity Истакнат член

    Се зачлени на:
    15 јануари 2013
    Пораки:
    48
    Допаѓања:
    19
    И мене ми се прават огромни отоци од чудава. Помага само млаз многу топла вода, најтопла што можам да поднесам. Не е практично за на лице на пример, ама на други делови од телото помага инстантно.
     
  12. mims-89

    mims-89 Форумски идол

    Се зачлени на:
    7 мај 2010
    Пораки:
    6.488
    Допаѓања:
    24.071
    http://brkajrabota.mk/lifestyle/zdravje/33390-zosto-nekoi-luge-im-sa-poprivlecni-na-komarcite

    :D Стварно бе, кога сум со повеќе луѓе само мене не ме касаат, ама кога сум сама ме прават решето. Имам точно 17 убоди на двете нозе, еден на задникот и 5 на рацете.
    Јас се мачкам со онаква тешна пудра, бела што е, ја прават по аптекиве. Веднаш го смирува чешањето и ја суши мозолката. Ама јас имам проблем додека спијам, несвесно се чешам до степен на крв да ми потече и целата сум рани. :worried:
     
  13. angelche16

    angelche16 Популарен член

    Се зачлени на:
    19 ноември 2014
    Пораки:
    2.370
    Допаѓања:
    9.306
    Пол:
    Женски
    Мразам комарци, ама никогаш ми нема останато белег.
     
  14. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Да се заштитиме од комарци на природен начин

    [​IMG]

    Вчера во собата наидов на еден комарец мутант, верувајте ми беше толку голем што се исплашив! Со оглед на тоа што започна така наречената сезона на комарци и се повеќе луѓе (особено дечињата) страдаат од убодите на комарците, решив да посветам една статија токму на оваа проблематика.

    Најнапред еден навистина интересен податок: некаде имам прочитано дека само женските комарци касаат, затоа што од нашата крв добиваат хранливи состојки кои им се потребни за созревање на сопствените јајца (за размножување). Машките комарци претежно се хранат со шеќери од природата.

    Како и да е, со цел ова лето да ги држиме што понастрана од нас и нашите семејства, во продолжение сакам да ви предложам неколку рецепти за природни производи против комарци кои се многу функционални, и секако да ви дадам неколку важни совети во заштитата против комарците.

    1. Природен гел за заштита од комарци

    Состојките кои ви се потребни за реализација на овој гел се:

    - две супени лажици алое вера гел;

    - една супена лажица масло (може да изберете едно од следниве: невен, маслиново, бадемово, кокосово);

    - 10 капки етерично масло од лаванда;

    - 10 капки етерично масло од гераниум

    Помешајте ги сите состојки и ставете го гелот во едно празно и чисто шишенце.

    [​IMG]

    Изборот на состојките не е случаен, а сега ќе ви објаснам зошто.

    Алое вера гелот има смирувачки ефект и антибактериско дејство врз кожата. Одлично ја хидрира и навлажнува кожата.

    Маслата кои ви ги предложив се сите прекрасни, зависи од вас кое ќе сакате да го употребите. Маслото од невен смирува иритации и црвенила, кокосот има огромно антибактериско дејство, маслиновото и бадемовото ја хранат и омекнуваат кожата.

    Етеричните масла се од голема важност, затоа што всушност нивниот мирис ги оддалечува комарците. Овие масла кои јас ви ги предложив се едни од најсигурните и одговараат за сите возрасти и состојби (за трудници, бебиња, дечиња). Секако постојат и други масла кои може да ги користите како лимонова трева, рузмарин, мента, чајно дрво и еукалиптус, меѓутоа на пример трудниците никако не би смееле да користат мента, додека за бебињата не е препорачлива лимонова трева. Затоа мојата цел беше еден производ за повеќе категории на луѓе, без компликации или пак специјални додатоци.
    Сакам она што ќе ви го предложам да биде едноставно за правење, со сотојки кои лесно може да ги најдете и што е најважно истовремено да биде функционално. Не сме сите хемичари, а и отсекогаш ми се допаѓала едноставноста. Малку состојки, а сепак функционално.

    Секако доколку сакате заменете едно од предложените масла со друго. На пример комбинирајте лаванда со лимонова трева или рузмарин, или пак направете микс од повеќе етерични масла по ваша желба и во зависност од вашата состојба.

    [​IMG]

    Вака подготвениот гел доколку го чувате во фрижидер трае и до 3 месеци, а на собна температура до 1 месец.

    Доколку сакате може да направите и поедноставна варијанта, односно да капнете неколку капки етерично масло од лаванда во бадемово масло и со таа смеса да ја намачкате кожата.

    2. Природен спреј за заштита од комарци

    Маслото од неем е едно од најефикасните природни средства за заштита од комарците. Неговиот мирис е толку специфичен и силен што верувајте ми комарците ќе бегаат на километри од вас. Со оглед на тоа што во Скопје немам сретнато чисто масло од неем, би сакала да ви го предложам маслото од неем за коса на Dr. Hauschka, кое освен за овој рецепт ќе може слободно да го користите и како третман за коса кој, верувајте ми, ќе направи чуда за вашата коса.Се што ви е потрбно за овој спреј е:

    - едно празно спреј шишенце од 100 мл;

    - 3 кафени лажички масло од неем на Dr. Hauschka;

    - 1 кафена лажичка јабоклов оце;

    - дестилирана вода (колку да го наполните шишенцето);

    Во празното спреј шишенце најнапред ставете го маслото и оцетот и потоа додадете ја водата (оставете малку простор, не го полнете скроз до горе) и убаво протресете. Вашиот спреј е готов. Рок на трајност му е 1 месец, со оглед на тоа што нема конзерванси. Овој спреј исто така не содржи емулгатори, така да пред употреба секогаш добро протресете со цел да ги споите маслото со водата.

    Оригиналниот рецепт, тој што го правев јас со чисто масло од неем беше 2 лажички чист неем со една лажичка друго масло, на пример бадемово, невен, маслиново и јаболков оцет. Со оглед на тоа што маслото на Dr. Hauschka веќе содржи микс од масла како пшенични ркулци, масло од кикирики, неем и екстракти од камилица и рузмарин, доволни се три лажици од самото масло.

    Исто така ова масло може да го нанесете и директно на кожата, доколку не сакате да го направите овој рецепт.

    Корисни совети за заштита од комарци

    1. Комарците имаат потреба од топли и влажни амбиенти, особено таму каде има отстоена вода, со цел да ги размножат своите јајца. Во вакви услови, во рок од 10 дена успеваат да се размножат. Затоа барем еднаш неделно празнете ги вазните или саксиите доколку во нив се задржала вода, доколку имате аквариуми или мали базенчиња, обавезно покријте ги со мрежа против комарци.

    2. Друга важна работа е она што го јадеме. Дали сте се запрашале зошто некои луѓе воопшто не се жалат на убоди од комарците? Затоа што нивната крв и нивната пот ги одбива истите. Тоа е така поради храната која ја конзумираат која треба да биде богата со витамин Ц и витамини Б1 и Б6. Затоа конзумирајте што повеќе храна богата со витамин Ц, многу цитрусно овошје, а особено храната зачинувајте ја со свежи зачински билки кои коже да ги одгледувате на сопствените тераси. Особено корисно е конзумирањето на кромид, лук и чили пиперче, со оглед на тоа што нивниот мирис преку потта ги одбива комарците.

    [​IMG]


    3. Одгледувајте лаванда на вашите тераси или во самиот дом. Мирисот на оваа билка,навистина ги одбива комарците. Доколку немате билка во тој случај користете етерично масло од лаванда како освежувач на простории, или пак направете го мојот омилен спреј за освежување на простории од лаванда. Рецептот ќе го најдете во оваа статија http://biodevojka.blogspot.com/2015/03/blog-post_11.html.

    [​IMG]

    Но што ако комарецот веќе не каснал?

    Во тој случај на убодот од комарецот ставете една од овие работи со цел да го спречите чешањето и побрзо да го намалите отокот.

    - гел од алое вера кој има антибакртериски дејства,смирува и негува;

    - јаболков оцет: неколку капки на едно памукче директно врз убодот.;

    - мед: мала количина од медот директно врз убодот

    - лимон: го неутрализира чешањето од убодот. Внимавајте да не се изложувате на сонце откако ќе нанесете лимон, затоа што е фотонестабилно и предизвикува флеки на кожата. Доколку се одлучите за оваа варијанта најдобро е да го направите дома навечер;

    Се надевам дека советиве ви беа од корист. Поздрав
     
    На kjukli, joy1 и Giovanna им се допаѓа ова.
  15. Giovanna

    Giovanna Популарен член

    Се зачлени на:
    20 јануари 2011
    Пораки:
    1.944
    Допаѓања:
    10.075
    Одличен пост @Biodevojka. Имам само неколку прашања до тебе. Кој алое вера гел го користиш, кој го препорачуваш и на што треба да се внимава при купување? Последниве месеци ми се вртеше идејата да купам, ама цело време се предомислувам затоа што не знам кој. Исто би те замолила во иднина кога ќе имаш време да напишеш нешто повеќе за примената на алое вера гелот или евентуално ако имаш напшано некоја статија до сега да ми ја посочиш.
    Фала :)
     
    Последна измена: 24 мај 2015
    На joy1 му/ѝ се допаѓа ова.
  16. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Здраво драга Џована, јас лично го користам овој гел од алое кој го купив во аптека (го има во скоро сите аптеки во Скопје)
    DSCN2724.JPG

    Навистина ги разгледав сите ама баш сите гелови во продажба кај нас и овој ми беше најмногу ок, затоа што конзервансите кои ги има се природни. Ти препорачувам да одбереш гел за внатрешна употреба без разлика на тоа што потоа ќе го користиш надверешно.
    Едни од најприродните конзерванси се Potassium Sorbate и Sodium Вenzoate, додека најлоши се оние кои може да испуштат и мали количини на formaldeide како на пример dmdm hydantoin, imidazolidinil urea,diazolidinil urea, sodium hydroxymethyl glycinate, кои обично ги ставаат во производите за надворешна употреба (секако не во сите).
    Веќе имам напишано неколку статии за алое вера гелот и неговата употреба на блогот во статиите од месец март. Од тоа како да го избереш, на што да внимаваш, како и рецепти со овој гел (гел за околу очи, маски за коса, гел за дезинфекција на раце и др. во темата направи сам).
    Јас овој кој ти го препорачувам го користам за се: коса, околу очи, после депилација (5 дена после депилација ги премачкувам нозете со гелот и на тој начин ја смирувам и хидрирам кожата), за разни рецепти како оние за кои веќе ти кажав. Навистина е волшебен овој гел, еден производ, а го користиш за милион работи. Косата ја прави фантастична, а одличен е и за масна коса со оглед на тоа што е водест.

    Сакам да ти се заблагодарам многу на убавите зборови и за било што да ти треба слободно пиши.
    Поздрав
     
    На Giovanna му/ѝ се допаѓа ова.
  17. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Еве доколку ти е од помош ќе се обидам се да ти ставам овде

    Во денешнава статија би сакала да ви дадам мали совети или трикови како да ја корегираме кремата која погрешно сме ја одбрале за нашиот вид на кожа. Во случајов погрешно одбрана крема не се однесува на онаа полна со силикони, туку на убава органска или природна крема која едноставно сме откриле дека не ни одговара на видот на кожата (верувајте ми кремите со силикони ништо не може да ги поправи).
    1. Кремата што сте ја одбрале е премасна за вашето лице и целата кожа ви свети.
    Сте купиле нова крема за која сте платиле и доста пари за потоа да откриете дека не одговара на вашата кожа затоа што ја масти или пак кожата ви свети? Без грижа, на помош доаѓа волшебниот гел од алое вера. Земете мала количина од кремата во дланката и помешајте ја со мала количина гел од алое вера. Водената структура на гелот на некој начин ќе ја ублажи маснотијата на кремата и кожата на лицето убаво ќе ја впие без притоа да има видлива масна трага. Вака помешаната смеса воопшто не ја масти кожата, затоа што гелот и маслото меѓусебно на некој начин се компензираат и надополнуваат.

    Направи сам: природен гел за дезинфекција на рацете



    [​IMG]

    Рацете се најподложни на секаков вид на бактерии, со оглед на тоа што со нив се поздрвавуваме, допираме разни предмети и ги користиме за да си помогнеме во секојдневните обврски. Од голема важност е тие да се оддржуваат чисти и негувани, но не секогаш имаме можност да ги измиеме во текот на денот, така да многумина користат гел за дезинфекција на рацете. Во зависност од составот и формулата, овој гел може да биде добар, меѓутоа и штетен за самата кожа на рацете, доколку е премногу агресивен или со лоша формула. Доколку сакате ефикасен гел за дезинфекција на рацете, кој притоа нема премногу да ја суши кожата, тогаш јас имам решение за вас.

    [​IMG]

    Во денешнава статија со вас ќе споделам еден навистина многу лесен рецепт за гел за дезинфекција на рацете, кој сами може да го направите за 10 минути. Овој гел е навистина едноставен за подготовка, меѓутоа многу ефикасен. Јас честопати си го правам и го носам во ташната за секој случај.

    Еве што сѐ ви е потребно за подготовката на овој гел:

    3 супени лажици алое вера гел

    1 кафена лажичка маслиново масло (може да користите бадемово или рицинусово масло)

    1 кафена лажичка ракија

    3 капки етерично масло од лаванда

    3 капки етерично масло од лимон

    [​IMG]

    Зошто токму овие состојки?

    Гелот од алое вера одлично ја навлажнува кожата и ја дезинфицира;

    Употребата на едно од горенаведените масла е многу важно затоа што ја храни и негува кожата. Јас се одлучив за маслиново масло, меѓутоа вие може да одберете и друго или пак да направите микс од две масла, на пример половина лажичка маслиново со половина лажичка рицинусово или пак со бадемово.

    Алкохолот е исто така одличен кога станува збор за дезинфекција. Мора да напоменам дека алкохолот ја суши кожата, меѓутоа внесен во оваа формула, не би требало да ви прави проблеми. Сепак количината е мала, и добро е избалансиран со останатите состојки.

    Изборот на етеричните масла не е случаен. И двете масла имаат антибактериско дејство (особено лавандата) одлично се сложуваат, и го подобруваат мирисот и функционалноста на овој гел.

    [​IMG]

    Подготовката е едноставна: во едно чисто шишенце најнапред ставете го алое вера гелот, потоа додадете го маслото, алкохолот и на крај етеричните масла. Мешајте додека убаво не се спојат сите состојки, (протресете убаво). Вака подготвениот гел има рок на траење од 1 месец.

    [​IMG]



    Секогаш кога ќе сакате да ги дезинфицирате рацете, а не сте во можност темелно да ги измиете со сапун и вода, земете малку од производот и нанесете го на рацете. Секако ова не треба да стане навика и да го замени класичното миење на рацете, ниту пак треба да стане опсесија и да ги дезинфицираме рацете на секои 10 минути. Ова нека ви претставува еден вид на SOS во одредени случаеви (на пример во автобус), затоа што ништо не може да ја замени водата и сапунот (секако квалитетен сапун).

    Дали ви се допадна овој навистина едноставен рецепт? Доколку одговорот е да, и доколку се обидете да го направите, оставите коментар за тоа колку сте задоволни од истиот.

    Голем поздрав и до следната статија

    Вики

    . Третман за масна коса

    [​IMG]

    Потребни состојки за овој третман се:

    2 супени лажици алое вера гел

    1 кафена лажица масло од арган

    6 капки етерично масло од лимон

    Убаво помешајте ги сите состојки и нанесете ја сместата на сува коса (со оглед на тоа што алое вера гелот има водена структура нема потреба да ја навлажнуваме косата како што обично ви препорачувам кога правиме третмани само со масла). Држете ја околу саат време и убаво измијте со благ шампон. Алое вера гелот во комбинација со етеричното масло од лимон е сапс за масна коса. Го отстранува вишокот на маснотија, а сепак ја негува косата. Маслото од арган додатно ја храни косата и и дава сјај.
     
    На Mishela и Giovanna им се допаѓа ова.
  18. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Ги делам во повеќе пораки оти не собира повеќе од 1000 карактери

    Еве ти за алое вера гелот општо за тоа на што да внимаваш при изборот и за употреба

    Волшебниот гел од Алое Вера

    [​IMG]


    Внесен преку орален пат или преку надворешна употреба, гелот од алое вера има оргомно корисно дејство врз човековиот организам, здравје и убавина. Шетајќи низ аптеките во Скопје бев навистина зачудена и изненадена колку видови и марки на алое вера гел може да се најдат, и токму ова не натера да напишам еден ваков пост затоа што не сите производи кои се наоѓаат во аптеките се добри. Целта ми е да им олеснам и помогнам на сите оние кои се заинтересирани да го користат овој производи, како правилно да го одберат и на што да внимаваат. Секако после советите за вистински и согирен избор на овие производи, ќе ги споделам со вас сите можни употреби на гелот и сокот од алое вера.

    Совети за правилен избор

    Правило бр.1 (како и за било кој друг производ) е КОНТРОЛИРАЈТЕ ЈА ДЕКЛАРАЦИЈА. Добриот и квалитетен гел од алое треба да има навистина малку состојки кои освен сокот од алое (кој би било пожелно да е од органско потекло) би требало да содржи само згузнувач и конзерванс. Еве ви пример на една етикета на добар гел од алое вера:

    [​IMG]

    Значи во овој гел на прво место е органскиот сок од алое вера, по него следи згуснувачот и потоа конзервансите. Едни од најприродните конзерванси се Potassium Sorbate и Sodium Вenzoate, додека најлоши се оние кои може да испуштат и мали количини на formaldeide како на пример dmdm hydantoin, imidazolidinil urea,diazolidinil urea, sodium hydroxymethyl glycinate.

    Што се однесува до згуснувачите во самиот гел постојат два типа на згуснувачи и тоа: природни (xantan gum, carragenina) и синтетички (carbomer или pemulem кој во декларацијата ќе го најдете под името acrylates/C 10-30 alkylacrylate crosspolymer).
    Јас лично претпочитам природни згузнувачи, иако морам да напоменам дека и снтетичките не се штетни за кожата (немаат штетно влијание за надворешна употреба).
    Еве ви пример на гелови со природни згуснувачи кои според мене се најдобри и слободно може да ги користите: Lily of the Desert Aloe Vera Gel и Aloe Botanicals Aloe Vera Gel. Од геловите со синтетички згуснувачи кај нас ги забележав се оние од марката ESI.

    Е сега, друга многу важна работа што морам да ја нагласам е фактот што на поголемиот број на производи ќе ја најдете фразата “чист алое вера гел 98% или па на некои дури и 100%“, но што всушност тоа значи? Прво нешто што ни паѓа на памет е дека во производот застапеноста на алое вера сокот е 98% нели? Епа не е баш така. Овој процент означува чистотата на сокот, кој во производот може да биде застапен и 12%. Затоа ви повторувам читајте ја декларацијата.
    Алое вера треба да биде на првата позиција, без присуство на вода во производот.
    Како гаранција плус е доколку на производот го има логото на International Aloe Science Council кое изгледа вака:

    [​IMG]


    Како на пример ова:

    [​IMG]

    Употреба на алое вера гел

    Е сега откако разјаснивме на што се да внимаваме при изборот на гелот, да видиме за што се може да го употребуваме.

    1. Коса:
    гелот од алое вера е фантастичен за нега на сите видови на коса, особено за сувата коса без сјај или пак за девојките кои имаат виткана коса. Јас најчесто го користам на два начини и тоа:

    - како маска за коса го нанесувам на сува коса и го оставам да делува најмалку саат време и потоа ја мијам косата со благ шампон;

    - како балзам за коса нанесувам многу мала количина на веќе измиена влажна коса (само на должината на косата и краевите, не на коренот) и ја сушам косата.
    Навистина ќе забележите дека косата е помека, посјајна и лесно се мести. Според некои испитувања докажано е дека го лечи првутот и помага против опаѓање на косата.

    [​IMG]

    2. Кожа:
    кога станува збор за нега на кожата, гелот од алое вера е навистина “must have“. Се употребува на илјада начини и во многу ситуации:

    - како дневна крема во лето (особено ако имате масна кожа или пак ако Т зоната многу ви свети летно време а не сакате да употребите тешки креми). Исто така ја подобрува еластичноста на кожата и ги намалува малите брчки околу очите и устата;

    - како ноќен третман на кожата со оглед на тоа што има водеста структура и не ја масти кожата;

    - како крема околу очи со оглед на тоа што алое вера има огромно навлажнувачко дејство и одлично ја негува дури и осетливата кожа околу очите, и се препорачува за оние кои не поднесуваат масни креми околу очите;

    - како маска за лице нанесете голема количина на лицето и кога ќе почне да се суши измијте ја со млака вода;

    - во третманите за лечење на флеки или лузнички на кожата на лицето;

    - како крема за иритирана кожа после депилација или при изгореници од сонцето;

    - како крема за ублажување на болката после убод од инсект или медуза

    - како крема после сончање која одлично ја храни кожата после цел ден поминат на плажа;

    - како интензивен третман за кожата на рацете доколку ви се склони кон сушење или пак во зимно време. Во тој случај навечер пред легнување, нанесете поголема количина од гелот на чисти раце и ставете памучни ракавици. Верувајте ми го имам пробано овој третман и нависина ви тврдам дека ќе бидете воодушевени од резултатите.

    - како гел за масажа на воспалени мускули на нозете помешан со етерично масло од лаванда;

    [​IMG]

    Доколку имате сопствена билка од алое знајте дека слободно може да го користите природниот гел од неа за надворешна употреба (за горе споменатите начини на нега на кожата и косата), меѓутоа не се препорачува за внатрешна употреба затоа што во еден дел од билката присутна е една состојка која се нарекува алоин која има иритирачко дејство врз системот за варење. Затоа доколку ви треба за внатрешна употреба подобро е да земете веќе конфекциониран производ затоа што сами за жал не можеме да го извлечеме само “најдоброто“ од оваа билка.

    Е сега неколку предлози за добар алое вера гел. Моја препорака ви е секогаш да земате природен гел за внатрешна употреба без разлика дали потоа ќе го употребувате надворешно.

    Во аптеките кај нас забележав две одлични марки на алое вера гел и тоа: Lily of the Desert Aloe Vera Gel и Aloe Botanicals Aloe Vera Gel. Двата се органски, за внатрешна употреба, во шише од литар и со добри компоненти. Друг кој не е лош како производ иако има синтетички згуснувач е алое вера гелот на ESI кој секако е само за надворешна употреба и е во мало пакување, тубичка. (мислам дека ESI има и алое вера гел за внатрешна употреба, ама со оглед на тоа што го немаше во аптеката и неможев да го проверам што содржи, не коментирам за него).

    Какво е вашето искуство со оваа билка? Дали го имате користено гелот од алое во вашите третмани за убавина или како додаток во исхраната за подобрување на вашето здравје? Дали сами одгледувате билка на алое вера? Сите коментари и искуства се добредојдени.



    Вики

    п.с. уф леле се изморив од copy paste :)
     
  19. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    За сите кои имаат купено или планираат да купат гел од алое вера еве уште три прекрасни рецепти кои лесно се прават во домашни услови.

    Три интересни рецепти со алое вера гел

    [​IMG]

    1. Спреј за коса (за зацврснување и сјај)

    Овој спреј е навистина прекрасен за косата, ја зацврснува косата и и дава голем сјај, а за неговата подготовка потребни се само 3 состојки.

    - 2 супени лажици алое вера гел;

    - 2 супени лажици зелен чај;

    - 5 капки етерично масло од лаванда (или друго по ваш избор како лимон, рузмарин, сладок портокал);

    Помешајте ги сите состојки во едно чисто спреј шишенце и добро промешајте. Овој спреј користете го после миење, на чиста коса и исушете ја косата како и обично. Ќе се изненадите од вашата коса, од тоа колку ќе свети после овој навистина едноставен спреј, а најдоброто е тоа што по секоја апликација косата ќе ви биде појака. Сетете се убаво да протресете пред секоја употреба. Спрејот чувајте го во фрижидер околу 2 недели.

    [​IMG]


    2. Гел за бричење (за мажи)

    Еве конечно еден рецепт и за мажите. Овој гел за бричење, не само што ќе им го олесни бричењето, туку и фантастично ќе ја омекне кожата на лицето. За подготовка на овој препарат потребни ви се:

    - 3 супени лажици алое вера гел;

    - 1 супена лажица кокосово масло (може и маслиново масло)

    Убаво помешајте ги состојките и ставете ги во едно празно шишенце. Користете го овој гел за време на бричењето. Вака подготвениот гел чувајте го во фрижидер до 3 недели.

    [​IMG]

    3. Пилинг за тело од алое вера

    Овој пилинг е фантастичен и кожата на телото, ја прави нежна, мека и перфектно мазна. Потребни ви се следниве состојки:

    - 4 супени лажици шеќер;

    - 2 супени лажици алое вера гел;

    - 1 кафена лажица масло по ваш избор (кокосово, бадемово, арган, маслиново);

    - 1 супена лажица мед;

    - 10 капки етерично масло по ваш избор;

    Помешајте ги убаво сите состојки (етеричните масла додадете ги на крај) и доколку смесата ви изгледа претечна додадете уште малку шеќер. Нанесете го пилингот на навлажнета кожа и убаво масирајте со благи кружни движења од глуждовите па нагоре. Ќе бидете воодушевени од крајниот резултат.
     
  20. Biodevojka

    Biodevojka Популарен член

    Се зачлени на:
    1 февруари 2015
    Пораки:
    3.289
    Допаѓања:
    6.937
    Пол:
    Женски
    Не ми текнува која членка ме праша за природни производи против комарци и не ми текнува во која тема беше па се надевам дека ќе го види одговорот овде.

    Случајно на страна фејсбук на ДМ видов дека ги донеле овие:

    [​IMG]
    Ова е многу лесен и да се направи со оглед на тоа што има само неколку состојки
    Еве ја оригиналната декларација

    Aqua, Alcohol Denat, Isopropyl Alcohol, Panthenol, Glycerin, Salvia Officinalis Leaf Extract.

    Исто и рол он доколку има каснување

    [​IMG]

    Еве ја декларацијата

    Ingredients: Aqua, Alcohol Denat., Plantago Lanceolata Leaf Extract, Achillea Millefolium Flower Extract, Chamomilla Recutita Flower Extract, Bellis Perennis Flower Extract.

    Поздрав.
     
    На papillonP му/ѝ се допаѓа ова.