Ова првото е репелент, те. ги одбива така? Како Аутанот? Благодарам што сподели, не сум ги побарала, ќе ми требаат. Се надевам дека се ефикасни, со оглед на мутантиве од комарци што ги имаме во околината (не реагираат на Аутан).
Да, според она што го прочитав треба да ги одбива. Не сум го пробала ама го видов во ДМ. Ако го пробаш пиши импресии за да знаеме дали е ок. Поздрав.
Пред два дена гнасните комарци ја каснаја внука ми на чело,леле лом ја имаа направено,одма и се направија како меури големи,мајка и ја мачкаше не знам со некој крем и подпоминаја малку меурите,ама наредниот ден и потече челото,па ја однесовме на болница рекоја ќе помине не е страшно,рекоја да пие Лоратадин и пиеше. Сега после два дена еве,цело буквално цело око и се затвори и се направи лилаво и многу и е потечено,ја однесовме на болница во очно во кожно и сите креваат раменици,ни дадоја едни капки и креми и пак лоратадин сируп и да и ставаме ладни облоги. Исплашена сум многу,личниот опис и е сменет,не можам да ја гледам,цел ден плачев. Ве молам,ако знаете некоја помош споделете...
Јас користам течна пудра од Галафарм ја купив од Зегин. Многу е важно да не се чеша, а со течната пудра треба да се мачка на чиста кожа 2-3 пати на ден. Многу е ефикасен, за ден два убодите на челото ќе и се намалат и нема да ја чешат. А, за окото не знам, да пробата да ставите лед барем отокот да и се намали
@carangigia И ставаме цело време мраз на отокот на челото. Доктор од очно и даде капки Isomar,од кожно и дадоја една крема,башка и лоратадин за алергија пие. Не си свесна колку страшно и жално изгледаше овие два дена со затворено и модро око,не можев да ја гледам таква плачев од жал(бев и во Црква,се помолив и прочитав и молитва за оздравување,и еве денес машала многу е подобра,окото и се отвори целосно,само што е уште малку модро). И рековме нема за неа повеќе одење надвор после 18 h,се молам никогаш веќе ваква мака да не види.
За превентива некое средство за заштита, а после убод Камагел многу помага, го смирува чешањето, црвенилото и евентуално оток ако има.
Мислите ли дека е од комарец или? Пред 2 дена имав дупче и наоколу зацрвенето, не ни осетив кога ми се случи штом го видов декотал го намачкав и апче за алергија се напив...но сега ми е во мисла да не е убод од крлеж и ме фати страв Кога ќе го притиснам боли иначе не..
Да, од комарец е. Исто имав и јас пред некој ден (месец хаха) Кога ќе го доприш пече. Го имаш можеби стискано па затоа е така. Ќе ти помине за некој 2 недели, не го допирај со рака. Кај мене скоро и не се познава веќе.
Ne sakam da stvaram panika ali na mene ne mi liče od komarec da e, koa me uape komarec češe i kako brumče crveno se naprave i ne bole ni na dopir ni nikako samo ako go češeš češa, a ne se stvara dupče. ama te edna členka vika deka e od komarec možno e, može ona po znae. Krležite ja kao šo znam odat po govedata po životinite ako ne si imala kontakt so životini ne e krlež
немам контакт со животни, но во двор мачиња идат колку ти душа сака не ги фаќам ич ама сепак..па незнам, не видов никакво црно бубаче за да е крлеж но ми е страв, само беше дупче и наоколу зацрвенето кога го приметив Фала @gasimku и на твојот одговор се надевам дека е исто од комарец, но го немам стискано само го мачкав со декотал
Јас сум навикната од мај до септември да сум касана од комарци. Ама како што ги има последните години никогаш така не е било. Претходно кога ме каснеше имав мала фула која за пола час ја снемува. Сега станува оток цела плочка и си стои неколку дена. И секако чеша многуу. За разлика од кај нас во Грција никогаш не осетив кога ме касаа. Прво се нафрлував без реакција, така шетав како сипаници неколку дена па отпосле почнуваше маката кога почнуваше да ме чеша. Дефинитивно се е измутирано и наопаку. Како и да е маж ми ретко комарец го каса, јас сум таа на која како магнет и се лепат. Битно секое лето се прска по 3 пати. Во годините кога немаше прскање полесно поминувавме.
Мене не ми помогна, и јас и син ми носевме, а освен тоа многу тешко ми мирисаат. Додуша и секој спреј за комарци е таков ама ова ептен не можев да поднесам. Чудно ми е кога и преку облеката успеваат лом да ме направат.