Форумџика на годината
  1. Овој сајт користи колачиња неопходни за неговото функционирање. Ако продолжиш да го користиш, значи се согласуваш со нашата употреба на колачиња. Прочитај повеќе.

Увоз на работна сила во Македонија

Дискусија во 'Општи дискусии' започната од DACIA, 21 март 2023.

  1. Biljarkata

    Biljarkata Форумски идол

    Се зачлени на:
    31 јануари 2019
    Пораки:
    19.135
    Допаѓања:
    180.928
    Кирија? Плата? Абе којзнае кои црни робски сценарија си ги имаат спремено, ич не им се секирајте на роботодавачите. Стапот ќе го јаде тој што стално го јаде, тоа е.
     
    На SummerGirl и Tanjamm им се допаѓа ова.
  2. Tanjamm

    Tanjamm Форумски идол

    Се зачлени на:
    6 октомври 2011
    Пораки:
    9.069
    Допаѓања:
    12.804
    Ако решиле да увезат, не е невозможно. Еве знам луѓе кои одат на работа во Хрватска. Имаа сместување во апартмани. Топ сместување, како да си на одмор. Газдата обезбеди и храна, е сега таа плата што е мала за Хрватот, за Македонецот е одлична. Зависи кој од каде го носат. Ако најдат работници од некоја земја каде пристоен дом е луксуз, овде да ги сместат во некоја монтажна барака, гарсоњеа, ќе им се види како рај. Пример, Венецуела, земја на нафта, ама наставниците им работеле за 20 долари, а тоа било петтина од трошоците за живот. Мислите нема да дојде некој наставник од Венецуела да работи овде за 400 евра со обезбедено сместување и два оброка, па да може барем 100 евра во месецот да прати дома. Пример само ви кажувам.
     
  3. SunnyGirl2

    SunnyGirl2 Форумски идол

    Се зачлени на:
    26 ноември 2012
    Пораки:
    5.546
    Допаѓања:
    5.895
    Не разбрав колку ќе им е плата?
    Кај ќе спијат ,што ќе јадат?
    Сметки ?
    пари да праќаат дома, социјална помош ќе има за нив,термини за здравство?

    Тоа е нормално да довезат работници,кога народот нагло си оди... жално
     
    На mira.mira му/ѝ се допаѓа ова.
  4. DACIA

    DACIA Истакнат член

    Се зачлени на:
    23 јуни 2017
    Пораки:
    83
    Допаѓања:
    152
    Пол:
    Машки
    Малце доцна пишувам али еве сеа најдов време па да ја раздвижиме темава ако можи :D:D
    Пошто последно време е актуелно особено во Прилеп носење на работници од посиромашни земји спрема нашава, Претежно се за мотање на кабли на линија во фабрика, или текстилна индустрија

    НЕПАЛЦИ НА ПЕЧАЛБА ВО ПРИЛЕП Работниците од Непал ќе бидат ангажирани во текстилната индустрија – plusinfo.mk

    Мислам дека и заборавате дека има далеку подамбетар земји од нас, има и луѓе кои што не ни знаат шо е виљушка/нож и како истото се користи. Знам и фирмава која е кај шо наводно ги вработија ама нема потреба да ја споменувам посебно овде. Се им е обезбедено и храна и превоз и стан да седат(повеќемина).
    Ама гледано реално и ние македонците не се разликуваме многу многу со овие посебно сега во сезона по Хрватска/Њемачка. Србите на "времето" се зезаа. "Nece nas vestacka inteligencija zameniti, nego Indijci i Nepalce" :)
     
    Последна измена: 27 април 2024