Дали некоја од вас го има гледано филмот Despicable Me? Оваа година излезе и вториот дел од овој филм. Јас лично ги немам гледано ни двата дела. Приметив дека на социјалните мрежи и тука на фемина има многу анимации и слики со ликовите од филмот .. и така го пронајдов .. Во план сум да ги гледам и двата дела ... Па девојки, да слушнам коментари за филмот. Како ви се допаднал?
Ужасниот јас ( Despicable Me ) Мојот омилен анимиран филм.Ептен го сакам филмот, првиот дел го имам гледано многу пати додека вториот го чекав со убава снимка да си уживам но неможам да издржам повеќе планирам денес или утре да го гледам иако читав коментари дека и тој е одличен како и првиот.Btw, Агнес ми е омилена, ептен е срцка.
И мене ми е омилен анимиран филм. Фамилијарно го имаме гледано неколку пати. Има некои сцени на кои сум се смеела по пола саат. Ги обожавам Minions.
Ги имам гледано и двата дела и можам да кажам дека е одличен филмов.Омилен анимиран филм! Го обожавам Гру и неговите минионс
Леле мојот омиленннннннн Абе ептен го сакам срцкасто мие филмчето вкрај Агнес ми е омилен лик послатко нешто во филм ваков анимиран немам видено. Закон е. Ќе си го гледам и 2-ката овие дена
Од сите номинирани,највеќе го заслужи оскарот кој за жал не го доби. Омилен анимиран филм ми е.Толку убави ефекти,приказна а миниончињата се најслатките нешта. Убавини.Едвај чекам да излезе 3ти дел,ако воопшто има.
Најинтересното анимирано филмче дефинитивно! Преполн со смешни инсертчиња..Се смеев како малечко девојче додека ги гледав и двата дела..Сепак вториот дел би го одвоила како подобар