Вака, јас мислам казните си се казни, нека си се плаќаат, ама не бива со вреѓање. Знам во Лондон контролорите ги симнуваа тие што немаа карта, надвор си чекаше полиција, си добиваа казна и никому ништо... дерење, вреѓање, идиотско понашање по автобуси немаше.
Искрено не очекував ништо друго да кажеш бидејќи спомна и претходно дека е дечко ти контролор , ни право ни закон само плати? Со способен адвокат се докажува дека немаш ни обврска да платиш во ЈСП карта бидејќи е финансирано од нас односно не може јас да платам карта за нешто што е ( мое ) и го финансиран како даночен обврзник
И во Шведска како што имам слушано се културни и така натака, а ние не сме ниту Лондон , ниту Шведска, туку малограѓани сме биле и ќе останеме, мислиш у лимузина се возиме, од како почна корона со страв влегувам по автобуси.
На другарка и стигна казна од јсп што се возела без билет пред 8 9 години дури... И тоа казната беше отприлика 15-20.000денари
Казната е застарена нека не ја плаќа ако и дојде нотарски платен налог адвокатот ќе го обжали и на суд ќе се утврди застареност со што другарката нема да има обврска да плати плус ЈСП ќе и ги плати и сите трошоци во постапката како и адвокатот.
И стопираа од плата... Така и примети.. Ова беше пред неколку месеци, си плати И чудно ми беше што кога и ја пишале казната она била малолетна (не знам дали смее така)
Како може без да и стигне НПН и извршно решение од извршител ? Или ако намерно има одбиено да го прими? Нека оди кај извршителот од кого што е решението за присилна наплата нека направи увид во предметот прво кај него потоа и кај нотарот увид во предметот ако забележи некоја неправилност да си го обжали и да бара поништување на решението. Зошто како малолетна таа давала воопшто свој ЕМГ ?, дури и на полиција немала обврска да даде ЕМБГ без присуство на психолог бидејќи била малолетна. Како малолетна разговор било со контролор или полиција морало да биде во присуство на детски психолог.
А ние имавме бесплатни билети од училиште во средно, помина веќе... Ама фалааа ти многу за инфото да знам може ќе се најде