Уживам во зима кога надвор е мраз а јас под ќебе си пијам нешто топло и гледам некој омилен филм. Уживам кога шетам по продавници. Уживам кога сум во природа,на тивки планински места со чист воздух и одбрани луѓе. Уживам кога сум опколена со добра храна,музика и некој убав поглед. Уживам кога се будам со сознанието дека денот ми е слободен без ниедна обврска и можам слободно да го преспијам цел или да си правам работи по мерак.
Уживам кога шетам на дожд. Уживам во исгрејсонце, за тоа и секој ден си уживам. Уживам коа спружувам како морска ѕвезда наа патос.
Уживам кога слушам музика Уживам кога некој ме масира Уживам кога акам по дуќани и купувам свашта Уживам кога сум на плажа Уживам зимно време надвор снег ладно а јас дома стуткана во кебенце и си гледам филм или серија цел божји ден уживам кога патувам на разни места уживам кога некој ми ја фаќа/гали косата Уживам кога сум со личности (пријатели/семејство) кој ми значат многу
уживам кога врне дожд а јас легнувам да спијам уживам кога пливам во вода уживам кога патувам и си гледам ни прозорецот и итн........
Уживам кога ја гушкам внуками Уживам кога сум покрај саканиот Уживам кога врне и кога е ладно а јас сум покријана со ќебенце Уживам во животот...
Уживам кога рано наутро пијам кафенце на тераса и ги гледам брановите во езерото, уживам кога врне дожд уживам кога слушам музика уживам и кога сум покрај саканиот
1.Уживам кога врне дожд.. 2.Уживам кога ги гледам пожолтените лисја кај што паѓаат 3.Уживам кога надвор врне снег а јас сум дома покрај прозор,покриена со ќебе и пијам чај во топло 4.Уживам кога слушам музика 5.Уживам кога го учам омилениот предмет :geek: 6.Уживам кога одам на шопинг 7.Уживам кога ги гледам лицата на луѓето кои се среќни поради мене
Во секој момент поминат со мојата најголема љубов, мојот сопруг. Уживам кога мојата мачка сака да ја галам. Уживам кога читам необични книги. Уживам кога јадам чоколадна торта, уствари, уживам во храната воопшто. Уживам во мирисот на дождот, на морето. Би спиела на плажа под отворено небо да можев. Уживам во убаво друштво, пријатни средби со семејството и пријателите. Уживам да го гледам заоѓањето на сонцето, секоја вечер, одново и одново. Уживам додека купувам книги, можам со часови да разгледувам и да бирам и пак малку ми е. Ужувам во вкусот на убаво приготвени капучино и фрапе...
Уживам кога нуркам под вода Уживам кога слушам музика Уживам кога времето го поминувам со најмилите Уживам кога е летен распуст Уживам кога јадам сладолед И уживам кога читам кли пишувам мислења на фемина.
кога сум на плажа кога е топлоо надвор уживам во среќните моменти и кога врне многу дожд а јас сум дома и гледам тв
Уживам кога се туширам и кога се излежувам во када со пенлива купка. Уживам кога сум на работа со своите колеги. Уживам кога пијам кафе и јадам чоколада. Уживам кога читам добра книга и пијам топло чоколадо. Уживам кога има сонце и нормални температури на кои ќе може да се излезе на прошетка во природа. Уживам кога сум на море и ме носат брановите кои ми даваат неопислив спокој. Уживам кога времето ми поминува со него во нашето мило катче. Уживам кога ги галам мои мачкици. Уживам кога тој се смее на моите луди мисли, вицеви и подароци. Уживам во среќата и радоста на другите.
Уживам кога се расонувам... Кога го пијам утринското кафе или чај.... Кога сум сама и фокусирана на размислување... Кога седам на тераса и ме дува свеж ветар... Кога врне дожд и кога ни претстојуваат благо свежи времиња со ветар.... Кога сум до саканиот е мојот најпроценлив момент... Кога одам на попладневно кафе со дружбата... Кога се смејам искрено и чисто од срце.... Кога предпладневното кафе со нашите пријатели премине и во целодневна седенка исполнета со среќни и весели мигови... Кога си го приберам куферот и заминувам далеку од се... Кога патувам и уживам во панорамите.... Кога пишувам и цртам.... Кога сум до најсаканата личност што ја имам во животот.... Кога внимавам и ги одгледувам цвеќињата... Кога умеам околу гардеробата... Кога ги ставам слушалките на уши... Кога излегувам и се дружам... Уживам зошто живејам.