Кога сум во природа, сама или со луѓе кои знаат кога треба да молкнат и да останат такви - убави, опуштени.. да уживаат у тишина..да немаат што да кажат, додадат, прашаат. Ко за беља, се обратното се дешава. анеможешситедагибацувашзадазаќутатковофилмовитенели
Уживам кога се туширам, читам добра книга, кога го галам моето милениче, некогаш уживав во прегратките на саканиот, кога ќе ја слушнам омилената песна, во добра храна, кога готвам, кога ја работам работата што ја сакам, кога правам работи лично за себе и уживам кога пијам кафе.
Кога читам добра книга. Кога гледам добар филм. Кога легнувам на спиење после напорен ден, супер е и дожд кога ќе заврни. Кога доаѓа есен. Едноставно ги обожавам боите на есента и едвај чекам да носам палто, обожавам oversized. Кога пијам кафе со многу шеќер. Кога јадам растопен кашкавал/зденка. Знам малку е чудно, ама тоа е, тоа сум јас.
И јас исто уживам кога сум во природа и не сакам многу да се зборува без прекин. И да го сакам моментот на молк кога нема што да се каже.
Уживам кога: - ме гали - ме смее толку многу што ми се чуди кога не можам да престанам да се смеам 15 минути - ме бакнува - ме гушка - се шали со мене, а знае дека ме провоцира - се закача и ми враќа на ,,шамарите'' - ме држи за рака Како вљубена тинејџерка сум.
Уживам кога се враќам кај баба ми во македонија на свеж воздух во природа да легнам на таа зелена трева под сенка и да го исклучам мозокот! Кога неможам да одам македонија обожавам да одам на алпите со керками. ЈА ОБОЖАВАМ КЕРКАМИ